Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 558360 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7281
Купување стан на приземје само за да го направиш тоа пред тебе некакво си дворче е според мене навистина лош потег, приватност не би имал никаква, колку сакаш убедувај се дека имаш двор.

Второ и самата зграда треба да е така поставена околу да немаш нешто блиску улица или друг објект, а и самото приземје да е баш приземје изедначено речиси со дворот.

Штознам, да фрлаш 1500+ евра за квадрат за стан на приземје само да имаш двор за мене е нелогичен потег.

Сакаш двор, барај си куќа, можеш и гаража и канал и се да направиш.


Зграда е компромис, само да дојдеш да имаш покрив на главата.
Живеам веке 4 години во стан после 30 години во куќа и небо и земја е разликата.

Да не почнам да зборувам дека секакви проблеми излегуваат во зграда и на никој не му чуе, пишуваш во вибер групата решетките се искршени, ке пропаднат колите, ја газите решетката, ке искинете гуми, сите како лемури ја читаат пораката, никој не реагира.
Стигнува понуда за замена на решетки, никој, од 66 станови, 10 дали само реагираат за да се заменат, останатите молчат.
А притоа сите ја газеа најпроблематичната решетка и уво не ги болеше дека и гума и бандаж и подвозје може да оштетат.
Толкава незаинтересираност што иритира, а овие фирмите управители си се така заштитени, нема ли 51% согласност од сите станари за интервенции, не не интересира.

И секој ден се расправаат само за паркингот, овој ми се паркирал на мое место, да се препаркирал, вака така.
Им се понуди за по 2500 денари блокатор да се стави на секое паркинг место плус рампа на влезот, пак молчат.


Живеење во стан е тешка катастрофа, кога ке ги споредам и двете живеалишта и што добиваш а што губиш.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8409
  • Плинаш!!!
Не спорам дека куќа си е куќа. Сам свој газда. Од кога сум роден живеам во куќа. Но дојде момент на место на куќата да се прави зграда. И има предност да бирам стан во зградата каде сакам. И стварно во мисла сум дали да земам на приземје или на 3ти или 4ти кат. На високо никогаш не сум живеел.
Околу галама, тука се ми е познато и знам дека ќе има мир во дворчето, освен ако не се погоди некој од зградата над мене па да прави педерски работи.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45221
  • Il Moderatore
Какво и да е дворчето, глејте да е у имотен лист на станот, ако не  е - тогаш е на сите комшии од зградата, и ќе го кркаш со гаранција. 
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8409
  • Плинаш!!!
Сите станови на приземје ќе имаат дворчиња и ќе бидат запишани во имотен лист.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9237
  • Пичлеме
Испошиткавте куќите за зградичиња/згради, компензација за некое станче, после само се градело, немало провев, немало воздух, провинцијата се доселила...


Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Купување стан на приземје само за да го направиш тоа пред тебе некакво си дворче е според мене навистина лош потег, приватност не би имал никаква, колку сакаш убедувај се дека имаш двор.

Второ и самата зграда треба да е така поставена околу да немаш нешто блиску улица или друг објект, а и самото приземје да е баш приземје изедначено речиси со дворот.

Штознам, да фрлаш 1500+ евра за квадрат за стан на приземје само да имаш двор за мене е нелогичен потег.

Сакаш двор, барај си куќа, можеш и гаража и канал и се да направиш.


Зграда е компромис, само да дојдеш да имаш покрив на главата.
Живеам веке 4 години во стан после 30 години во куќа и небо и земја е разликата.

Да не почнам да зборувам дека секакви проблеми излегуваат во зграда и на никој не му чуе, пишуваш во вибер групата решетките се искршени, ке пропаднат колите, ја газите решетката, ке искинете гуми, сите како лемури ја читаат пораката, никој не реагира.
Стигнува понуда за замена на решетки, никој, од 66 станови, 10 дали само реагираат за да се заменат, останатите молчат.
А притоа сите ја газеа најпроблематичната решетка и уво не ги болеше дека и гума и бандаж и подвозје може да оштетат.
Толкава незаинтересираност што иритира, а овие фирмите управители си се така заштитени, нема ли 51% согласност од сите станари за интервенции, не не интересира.

И секој ден се расправаат само за паркингот, овој ми се паркирал на мое место, да се препаркирал, вака така.
Им се понуди за по 2500 денари блокатор да се стави на секое паркинг место плус рампа на влезот, пак молчат.


Живеење во стан е тешка катастрофа, кога ке ги споредам и двете живеалишта и што добиваш а што губиш.
Ова што го кажуваш е во повеќето згради така. Во постарите згради тоа го нема, повеќе проблеми има во новите згради бидејќи луѓето се 100% дојдени од други градови во Скопје. Немам ништо против и се оградувам во сè. Е сега, менталниот склоп е различен, не сфаќаат дека во град за сè се плаќа, па и „воздух“.

Провери кај тебе, од 60 станови колку има од Скопје? Нема ни 10. Скоро секоја зграда е таква. Верувај, јас сè што имам видено со кираџии последниве 2 години, тоа е ненормално, најискрено зборувам.

Проблем е што тие луѓе исто така купуваат станови и мислат утре така ќе си паркирам пред зграда или на паркинг. Значи, тој е улав што фукнал од 5 до 15 илјади евра, зависно од општината? Сè е до луѓето и не ги кривам повеќето. Во Македонија повеќето живеат во куќи и тука настанува проблем кај луѓето.

Кога сме кај фирми за одржување, тоа Грујо го направи да биде така. Одредени фирми со 1 регистриран вработен, со 1 крпа и канта, милионери станаа. Сè оди наплата од стан, пута толку.

Јас секогаш советувам стан, бидејќи е помала инвестиција отколку куќа. Куќата е бунар без дно и нема крај на фрлање пари. Ова ти е тоа – 2 соби или 3, тоа е, од злато ги прави, толку ти е.

Во споредба со куќа, становите се каде-каде поевтини. 1.500 евра не верувам веќе по Скопје да се најде, можеби Струмица има.

Како и да е, многу треба да се работи и на тема домување и однесување.
Пс- живеење во зграда не е катастрофа, замисли ти како е на некои функционери кои со плати од 60 илјади денари се комшии на пола Скопје? :)
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4721
Нема врска муабетот кој од каде е, него кој е човек кој е стока. Скопјаните па скопјаните, а еден куп од нив се тешки говеда.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 341
Купување стан на приземје само за да го направиш тоа пред тебе некакво си дворче е според мене навистина лош потег, приватност не би имал никаква, колку сакаш убедувај се дека имаш двор.

Второ и самата зграда треба да е така поставена околу да немаш нешто блиску улица или друг објект, а и самото приземје да е баш приземје изедначено речиси со дворот.

Штознам, да фрлаш 1500+ евра за квадрат за стан на приземје само да имаш двор за мене е нелогичен потег.

Сакаш двор, барај си куќа, можеш и гаража и канал и се да направиш.


Зграда е компромис, само да дојдеш да имаш покрив на главата.
Живеам веке 4 години во стан после 30 години во куќа и небо и земја е разликата.

Да не почнам да зборувам дека секакви проблеми излегуваат во зграда и на никој не му чуе, пишуваш во вибер групата решетките се искршени, ке пропаднат колите, ја газите решетката, ке искинете гуми, сите како лемури ја читаат пораката, никој не реагира.
Стигнува понуда за замена на решетки, никој, од 66 станови, 10 дали само реагираат за да се заменат, останатите молчат.
А притоа сите ја газеа најпроблематичната решетка и уво не ги болеше дека и гума и бандаж и подвозје може да оштетат.
Толкава незаинтересираност што иритира, а овие фирмите управители си се така заштитени, нема ли 51% согласност од сите станари за интервенции, не не интересира.

И секој ден се расправаат само за паркингот, овој ми се паркирал на мое место, да се препаркирал, вака така.
Им се понуди за по 2500 денари блокатор да се стави на секое паркинг место плус рампа на влезот, пак молчат.


Живеење во стан е тешка катастрофа, кога ке ги споредам и двете живеалишта и што добиваш а што губиш.

Ок е, не мораше цели параграфи дека стан е подобро од куќа, тоа е јасно. Само нема секој пари за куќа, а тука имаш дополнителни трошоци и за одржување.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2605
Живеење во куќа е најдобриот избор несомнено, особено ако е куќата во Тафталиџе, Козле, Влае, кај Центар за Странски или спроти Генералштаб. Евентуално Жданец или Трнодол ама гранично е тоа.

Важно е да не си правиме филм дека живеење во куќа во Кучково или Јурумлери, е подобро од живеење во стан во Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода.

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1049
  • The best or nothing.
Но дојде момент на место на куќата да се прави зграда.

Каде локациски, и дали имаш информација колку ќе чини м2?

Како совет, плати/договори 2/3 паркинг места. Денес возиш ти, ама утре може и невестата и децата. Па да бидеш раат.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8409
  • Плинаш!!!
Но дојде момент на место на куќата да се прави зграда.

Каде локациски, и дали имаш информација колку ќе чини м2?

Како совет, плати/договори 2/3 паркинг места. Денес возиш ти, ама утре може и невестата и децата. Па да бидеш раат.
Локациски е во Хром, 1800 € м2. Добра идеја тоа за паркинг местата

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2982
А сега едно малку посериозно прашање - колку пари би ми биле доволни да го уредам станот, од под до таван?
Знам дека ова е многу варијабилно во однос на се што ќе купиш, но јас би сакал да го уредам, да речеме, сосема пристојно.

Зборувам за кујна со медијапански предни лица (пример - гледам Egger Cashmere Gray), трослоен паркет или барем 14mm ламинат, плочки само на тераса и во тоалет ќе имам (гледам Tillezza), бела техника од средно/висока класа, удобен душек, санитарија од средно/висока класа, некоја аголна гарнитура од 30-40 и кусур илјади денари и сл.

Имам замислено некоја цифра од 20.000 евра баш како стартен (па и конечен) износ за уредување.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Околу 17-20.000 евра со средно накај висока класа.

Кујна со шанк 2000-2500 евра
Бела техника 2000-2500 евра ( фрижидер, машина за садови, аспиратор, плотна и рерна) висока класа Бош, ЛЏ итн

Гарнитура под 1000 евра нема добра. Гледав во скоро време со димензии 270х230 и ништо не најдов. Или имаа ама перничиња позади надувани и неудобни.

 Најмногу ми се допаѓаат модуларните на Фејдом, ама скапи 1500 евра.
 И Јумис има страшно добри и модерни ама исто скапи 2000-2500 евра.

За трпезарија маса со столови околу 500 евра. Стол за шанк по 120 евра од Махагони.

Земав маса од Махагони кружна 120см и клуб маса двете комплет за 450 евра.

Секаде каде што гледав немаа квалитетни маси со мали димензии се е нешто големо 80х140 или 160см.
Столчиња се секаде просек по 100 евра.

Спална со добар душек 1000 евра.
Плакар 500-1000 евра, зависи од димензии.

Купатило уредување ме фати 3500 евра за 8м2  и машина за перење и сушење.
Плочки 20-30 евра м2 со лепење.


Sent from my SM-A528B using Tapatalk

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Но дојде момент на место на куќата да се прави зграда.

Каде локациски, и дали имаш информација колку ќе чини м2?

Како совет, плати/договори 2/3 паркинг места. Денес возиш ти, ама утре може и невестата и децата. Па да бидеш раат.
Локациски е во Хром, 1800 € м2. Добра идеја тоа за паркинг местата

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk

Пиши ми жиле порака во инбокс
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18190
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Бидејќи Cashmere Gray ја има и во иверка варијанта, плаќање за MDF ти е само беспотребен трошок.

MDF за фарбање, жлебување, радиуси, фурнирање, пластифицирање, итн итн.

За нормална домашна кујна што ќе се користи секој ден - Egger иверка е сосема доволна. Сега во денешно време може и косо, водоотпорно кантирање, па и ако сакаш дизајни без рачки, и тогаш се елиминира потребата од MDF.

Парите што ќе ги заштедиш (ако си убеден 20к да потрошиш) вложи ги во климата или белата техника.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀