Дали имаме некој електричар на форумов?

И ако имаме - можно е да имам потреба понатаму од ист бидејќи не сум сигурен изведувачот дали ќе сака да ми направи тоа што јас сакам, иако не се ни стигнати до заѕидување на цел спрат, не пак станот.
Направив еден план (excel фајлче, поделено по соби) со локација и намена за штекови, прекинувачи за светла (еднонасочно и наизменични)/потенциометри, како и плафонско осветлување.
Ми треба совет дали е изводливо ова што го сакам. Ми треба совет за каде треба да се пуштат само кабли (трифазен за проточен, плотната во кујна, ЛЕД огледало во купатило, кабли до ролетните (за далечинско управување) и сл.). Ми треба совет дали ќе треба да се спушти малку плафонот ако инвеститорот не сака да пушта кабли по таван каде јас сакам.
Мислам дека од цел стан - ова со електриката најмногу живци ќе ми изеде бидејќи навистина сакам по моја желба, не default и терај.
Спремен сум да се копа по ѕидови. На нов стан.