Убаво ви долови Саше околу реновирање стар стан. Кој нема нерви, знаење, мајстори...нека не се впушта во таа авантура.
Јас немав избор, новите станови кај Тобако 2 се во хаос место, морав со стар да одам. Е сеа му влегов од кошулица до таван ама го уредив по мој кеиф. За стандардите за градење, нема зборови. Посебна вентилација во секој тоалет и кујна, мириси не се мешаат, бакар со бакар внатре итн. Да имав пари, ќе ги бутнев и ѕидовите, ќе редев сипорекс. Под кошулицата имаше катран и плута. Јас ја рамнев со олма. Поставеноста на зградата, зимно време сонце продира, летно, доаѓа до ивица од тераса.
Околу одводните гусани, има нова техника, ги чистат најпрвин, потоа прскаат као со течна гума . Нема потреба од демонтажа. Ама нема убедувачка со тоа воените лица. Тито од гроб го чекаат да стане и да им ги реши проблемите.