Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 468404 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7781
Исто и на мене до сега 4 инвеститори не прифатија корекција на преддоговор од страна на мој адвокат срочен.Затоа и на сите им зборам да гледат и да се консултираат со адвокат свој па тогаш да веруваат на бајки и 3д цртежи и на инвеститор преддоговор и не е како порано сега е хаос.Купување во градба секој со своите пари си знае како Пријател после 11 години зема имотен лист :D .Но да не биде касно.Важно да подсетиме белким ке има некој акл во глава.Како велат на човек можеш да му земеш не и да му дадеш со сила.Друго објаснување не знам

Не би се осмелил да купам стан, особено ако е ми е за живеење, од фирма која нема одлична репутација и историја на претходно квалитетно градење.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
@dbl.dzo - Кај си бре ти, кај те снема???

Фала ти, да ти се враќа сега кога секако си во потрага, барем дупло поголем  :D

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3635
Исто и на мене до сега 4 инвеститори не прифатија корекција на преддоговор од страна на мој адвокат срочен.Затоа и на сите им зборам да гледат и да се консултираат со адвокат свој па тогаш да веруваат на бајки и 3д цртежи и на инвеститор преддоговор и не е како порано сега е хаос.Купување во градба секој со своите пари си знае како Пријател после 11 години зема имотен лист :D .Но да не биде касно.Важно да подсетиме белким ке има некој акл во глава.Како велат на човек можеш да му земеш не и да му дадеш со сила.Друго објаснување не знам

Не би се осмелил да купам стан, особено ако е ми е за живеење, од фирма која нема одлична репутација и историја на претходно квалитетно градење.

Во градежништвото кај нас, за жал, речиси секогаш е истата приказна. Јас секогаш советувам да се купи готов објект што е сигурно, сигурно е. Еве, и во Ист Гејт дел од зградите сè уште чекаат имотен лист, а луѓето веќе се вселени и да сакаш да го продадеш го имаш на цена тешко ке го продадеш без имотен. Не дека фирмите што го градат комплексот не се сериозни, но реалноста е таква. Да не зборувам за центарот на Скопје, каде што има згради со години недовршени, без целосни технички приеми, а луѓето чекаат да се вселат.

Ова го кажувам како гола реалност, без разлика колку „јака“ репутација има некоја фирма. Во ова општество веќе човек не знае што да прави и на кого да верува најмалку на институции не дај боже на судство... Кога официјално лице од влада ќе излезе и ќе каже дека следува економски колапс, кога ќе се „спукаат“ 6 милијарди за 13–14 месеци без видлив резултат сè ти е јасно каде сме.Што е најтрагично ние граѓани немаме ништо олеснување од тоа додека тие си кројат како да си земат плати и да се негуваат удобности , океј ке плаќаме не 10, еве 40% данок ама каде и што фидбек имаме што живееме од тие пари? Христо смиренски е цела пропадната улица еден пороен дожд гумени чизми не те спасуваат. Улица 21 век 2026 збориме не технологија,наука,уметност и остало улица.

Порано беше поинаку. Имаше збор, имаше ред. Доста кумановски инвеститори што градеа низ Скопје држеа до рокови и документи кога ќе кажеа рок, рокот се почитуваше, со чиста документација. Центар, Кисела Вода, ФОН – голем дел од тоа е изградено токму од кумановски инвеститори. Денес, многу од нив веќе не градат тука. Се префрлија на Приморје, сфатија дека со овие тука ниту може да се работи, ниту да се води бизнис.

Економија не се гради вака поготово градежништво, а сето тоа, за жал, го трпиме ние граѓаните – и тоа дебело го плаќаме, на секој можен начин.
И не само шо ке биде луксуз да има човек кров над глава веќе е, него кој ке остане да живее пред 3 дена на протест за усје бевме каде се гушиме немаше ни 1% од жители на Скопје кои живееме а градот е преку пола милион, се плаши го запослила партија а умира со секој ден од воздух, да се плукнам и на партија и на ебани бедни 1на1 квадарт 30илјади денари кај чмае и мисли нешто направил од себе и животот ,ебати носете во гроб и пари и се ама касно ке биде.Очекувајте шокови од евн наредна недела за сметки се ние тоа ке платиме што они си прават бајрам на мозок.. и никој не се буни јас се чудам дали овој народ толку убаво живее па се му е најарно и најубаво? во сите сегменти на постоење на еден човечки живот во РМ или РСМ.Или јас сум токсичен човек или она во превод кај ти е арно оди си ти си сеа окорели етикета , вемероид,комуњар левичар десничар јас сум реален и не сакам вакво општество како што е.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
Не се сите исти. Од темели до имотен лист 29 месеци. Само си сака очи отварање.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
@dbl.dzo - Кај си бре ти, кај те снема???

Фала ти, да ти се враќа сега кога секако си во потрага, барем дупло поголем  :D

@balanar Фала, за арно за убаво нека е! Еден куп ствари се случија во 2025та, нејсе, лека полека се враќаме во форма :)

Само пофалби и новости да пренесуваш за станот!

Не знам како пројде со банките ти, али јас започнав од Комерцијална, најпрактично ми беше таму прво да прашам поради што примам плата.
Ми се чини дека повеќе сакаше да ми го продаде тоа пусто животно осигурување отколку самиот кредит, низ нос ми го извади.

На крај некој прифатлив амортизационен план ми понуди за 24-5 години по 360еу рата. Ќе видиме и по другиве банки што ќе кажат.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Јас исклучиво барав без животно. И друг услов ми беше потрошувачки кредит со ОК камати за да ми го покрие учеството. Стопанска ги има и двете.

Лекарски прегледи, 400-500€ годишно - не, не.

Јас не ни барав понуда од банката каде сум 15 години - НЛБ.
Немаат без животно...

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3070
Јас исклучиво барав без животно. И друг услов ми беше потрошувачки кредит со ОК камати за да ми го покрие учеството. Стопанска ги има и двете.

Лекарски прегледи, 400-500€ годишно - не, не.

Јас не ни барав понуда од банката каде сум 15 години - НЛБ.
Немаат без животно...
Имаат без животно осигурување, јас имам таков кредит земено од НЛБ. Само треба годишно осигурување да се плаќа за станот.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Јас октомври зедов станбен, ниту ме прашаа за животно, а го нудеа како “поволност” од Комерцијална. Изгледа никој не им го зема.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2812

 In other news - после години под кирија во Скопје, ми дојде и мене редот да си барам прв стан за купување.
Веќе некое време сум под кирија во центарот на центарот на градот, во Градски ѕид, па откако газдата ја одби понудата да му го купам овој, решив да барам во друга општина.

Барам главно во Кисела Вода, границата отприлика би била до кај Супер Тинекс/Никоб осигурување на Борис Трајковски, па ако вие продавате, или имате ваши луѓе, сторете ми абер во ПП.
За нови станови признавам дека сум уште налбат, па учам паралелно како што барам.

Пример, по читањето назад за Баланар, денес ве обвинувам вас дека ќе си барам и подземно паркинг место :)
Додуша и муабетот за второ вц ме замисли и сосема има смисла.

Вчера преку Кацкар бев да гледам стан од Трим и Љум кај техничкиот преглед во Кисела Вода, и баш му фрлив око, со таркети, со радијатори, со сите нишани, ама да не се залетувам веднаш.

Паралелно гледам и некои станови во постари згради околу Дом за слепи, за кои надежно нема да има потреба да им влегувам со зоља за реновација.

Имам репетирани луѓе и мајстори nga Gostivare (поздрав @MartinAlfista :) ) само уште станот да се најде.
Кисела Вода побарај понуда од Кат Костов, си го има фатено делот со куќите во близина на Мечкаров каде гради згради. Баш сега копаат дупка за темели (ако не се удрени веќе) на уличката од Локо Кроко надоле спрема Мечкаров.

Ние склучивме договор со Биси на локација во близина на техничкиот, до Елена Лука зградите, спроти Расадник, моментално е со цена 2000, летото беше 1800, паркинг 12.000(-1)/ 10.000(-2)/ 8.000(-3). Интересна беше понудата на приземните станови со дворно место, тука квадратот во тој момент беше + 200 евра ама добиваш дворно место бесплатно, зависно од квадратурата на станот, рокот на зградата (Ламела 1 и 2) е до октомври 2027 година.

Биди упорен и во гледање на огласи за половен (релативно нов) стан, претежно локација Расадник, имаше интересни станови, наместени за околу 2000 е. Можеби не е лошо да контактираш некоја поизвикана агенција за недвижности да ти бара или најде, да не губиш време, а и не можеш да ги знаеш сите понуди во моментот.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Мене ако ме прашаш, Кисела Вода би ја избегнувал, особено тој булевар кој е екстремно фреквентен.
Или би одел некаде накај Тафталиџе, или Аеродром и пак да не бидеш баш на улица/булевар.

Сум живеел 3 години покрај булевар (Јане Сандански) и е одвратно.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2812
Предлозите беа за Кисела Вода дека членот таму бараше, инаку Кат Костов и Биси не се на булевар. Директно на булевар ни јас не би можел да поднесам, можам да замислам како е.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
Јас би препорачал и повисоко да е, со добар поглед. Многу мења коа пиеш кафе сабајле.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
@Bravo во декември имав баш една таква шанса на слепата ул. Локов, позади таа градинката кај дом за слепи.

Се што имав како критериум, го исполнуваше, освен состојбата.

1300еу/кв, али сериозна руина, онака да влезеш со чета булдожери.
Не го гледам повеќе по огласи, веројатно се има некој посреќено.

@Filip MK фала на совет и со среќа нека е договорот и опремувањето на станот лека по лека кога ќе си стигне се на ред :) !

Од денес и Трим и Љум поскапуваат на 1900, па некако смеа и с'клет ме фаќа во исто време.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Деновиве (додека чекам да „излезе“ станбениот) се зафатив со SketchUp.
Го имам работено како студент, сега му дошло време пак.

Сакав да направам еден оквирен план за внатрешното уредување. Или како сето тоа би изгледало во 3D.
Фалат работи по собите (или ќе претрпат измени - пример во претсобјето левиот дел со закачалките) како шкафче некаде, плакарче некаде, полици на ѕид некаде, штекови, прекидачи и осветлување (за овие знам каде сакам да стојат, ги нема на цртеживе), плочки, таркет и остало, ама глобално - ова би било тоа.







Сите слики - тука