Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 553108 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7273
Купување стан на приземје само за да го направиш тоа пред тебе некакво си дворче е според мене навистина лош потег, приватност не би имал никаква, колку сакаш убедувај се дека имаш двор.

Второ и самата зграда треба да е така поставена околу да немаш нешто блиску улица или друг објект, а и самото приземје да е баш приземје изедначено речиси со дворот.

Штознам, да фрлаш 1500+ евра за квадрат за стан на приземје само да имаш двор за мене е нелогичен потег.

Сакаш двор, барај си куќа, можеш и гаража и канал и се да направиш.


Зграда е компромис, само да дојдеш да имаш покрив на главата.
Живеам веке 4 години во стан после 30 години во куќа и небо и земја е разликата.

Да не почнам да зборувам дека секакви проблеми излегуваат во зграда и на никој не му чуе, пишуваш во вибер групата решетките се искршени, ке пропаднат колите, ја газите решетката, ке искинете гуми, сите како лемури ја читаат пораката, никој не реагира.
Стигнува понуда за замена на решетки, никој, од 66 станови, 10 дали само реагираат за да се заменат, останатите молчат.
А притоа сите ја газеа најпроблематичната решетка и уво не ги болеше дека и гума и бандаж и подвозје може да оштетат.
Толкава незаинтересираност што иритира, а овие фирмите управители си се така заштитени, нема ли 51% согласност од сите станари за интервенции, не не интересира.

И секој ден се расправаат само за паркингот, овој ми се паркирал на мое место, да се препаркирал, вака така.
Им се понуди за по 2500 денари блокатор да се стави на секое паркинг место плус рампа на влезот, пак молчат.


Живеење во стан е тешка катастрофа, кога ке ги споредам и двете живеалишта и што добиваш а што губиш.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8383
  • Плинаш!!!
Не спорам дека куќа си е куќа. Сам свој газда. Од кога сум роден живеам во куќа. Но дојде момент на место на куќата да се прави зграда. И има предност да бирам стан во зградата каде сакам. И стварно во мисла сум дали да земам на приземје или на 3ти или 4ти кат. На високо никогаш не сум живеел.
Околу галама, тука се ми е познато и знам дека ќе има мир во дворчето, освен ако не се погоди некој од зградата над мене па да прави педерски работи.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45200
  • Il Moderatore
Какво и да е дворчето, глејте да е у имотен лист на станот, ако не  е - тогаш е на сите комшии од зградата, и ќе го кркаш со гаранција. 
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8383
  • Плинаш!!!
Сите станови на приземје ќе имаат дворчиња и ќе бидат запишани во имотен лист.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9233
  • Пичлеме
Испошиткавте куќите за зградичиња/згради, компензација за некое станче, после само се градело, немало провев, немало воздух, провинцијата се доселила...


Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3821
Купување стан на приземје само за да го направиш тоа пред тебе некакво си дворче е според мене навистина лош потег, приватност не би имал никаква, колку сакаш убедувај се дека имаш двор.

Второ и самата зграда треба да е така поставена околу да немаш нешто блиску улица или друг објект, а и самото приземје да е баш приземје изедначено речиси со дворот.

Штознам, да фрлаш 1500+ евра за квадрат за стан на приземје само да имаш двор за мене е нелогичен потег.

Сакаш двор, барај си куќа, можеш и гаража и канал и се да направиш.


Зграда е компромис, само да дојдеш да имаш покрив на главата.
Живеам веке 4 години во стан после 30 години во куќа и небо и земја е разликата.

Да не почнам да зборувам дека секакви проблеми излегуваат во зграда и на никој не му чуе, пишуваш во вибер групата решетките се искршени, ке пропаднат колите, ја газите решетката, ке искинете гуми, сите како лемури ја читаат пораката, никој не реагира.
Стигнува понуда за замена на решетки, никој, од 66 станови, 10 дали само реагираат за да се заменат, останатите молчат.
А притоа сите ја газеа најпроблематичната решетка и уво не ги болеше дека и гума и бандаж и подвозје може да оштетат.
Толкава незаинтересираност што иритира, а овие фирмите управители си се така заштитени, нема ли 51% согласност од сите станари за интервенции, не не интересира.

И секој ден се расправаат само за паркингот, овој ми се паркирал на мое место, да се препаркирал, вака така.
Им се понуди за по 2500 денари блокатор да се стави на секое паркинг место плус рампа на влезот, пак молчат.


Живеење во стан е тешка катастрофа, кога ке ги споредам и двете живеалишта и што добиваш а што губиш.
Ова што го кажуваш е во повеќето згради така. Во постарите згради тоа го нема, повеќе проблеми има во новите згради бидејќи луѓето се 100% дојдени од други градови во Скопје. Немам ништо против и се оградувам во сè. Е сега, менталниот склоп е различен, не сфаќаат дека во град за сè се плаќа, па и „воздух“.

Провери кај тебе, од 60 станови колку има од Скопје? Нема ни 10. Скоро секоја зграда е таква. Верувај, јас сè што имам видено со кираџии последниве 2 години, тоа е ненормално, најискрено зборувам.

Проблем е што тие луѓе исто така купуваат станови и мислат утре така ќе си паркирам пред зграда или на паркинг. Значи, тој е улав што фукнал од 5 до 15 илјади евра, зависно од општината? Сè е до луѓето и не ги кривам повеќето. Во Македонија повеќето живеат во куќи и тука настанува проблем кај луѓето.

Кога сме кај фирми за одржување, тоа Грујо го направи да биде така. Одредени фирми со 1 регистриран вработен, со 1 крпа и канта, милионери станаа. Сè оди наплата од стан, пута толку.

Јас секогаш советувам стан, бидејќи е помала инвестиција отколку куќа. Куќата е бунар без дно и нема крај на фрлање пари. Ова ти е тоа – 2 соби или 3, тоа е, од злато ги прави, толку ти е.

Во споредба со куќа, становите се каде-каде поевтини. 1.500 евра не верувам веќе по Скопје да се најде, можеби Струмица има.

Како и да е, многу треба да се работи и на тема домување и однесување.
Пс- живеење во зграда не е катастрофа, замисли ти како е на некои функционери кои со плати од 60 илјади денари се комшии на пола Скопје? :)
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4719
Нема врска муабетот кој од каде е, него кој е човек кој е стока. Скопјаните па скопјаните, а еден куп од нив се тешки говеда.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Купување стан на приземје само за да го направиш тоа пред тебе некакво си дворче е според мене навистина лош потег, приватност не би имал никаква, колку сакаш убедувај се дека имаш двор.

Второ и самата зграда треба да е така поставена околу да немаш нешто блиску улица или друг објект, а и самото приземје да е баш приземје изедначено речиси со дворот.

Штознам, да фрлаш 1500+ евра за квадрат за стан на приземје само да имаш двор за мене е нелогичен потег.

Сакаш двор, барај си куќа, можеш и гаража и канал и се да направиш.


Зграда е компромис, само да дојдеш да имаш покрив на главата.
Живеам веке 4 години во стан после 30 години во куќа и небо и земја е разликата.

Да не почнам да зборувам дека секакви проблеми излегуваат во зграда и на никој не му чуе, пишуваш во вибер групата решетките се искршени, ке пропаднат колите, ја газите решетката, ке искинете гуми, сите како лемури ја читаат пораката, никој не реагира.
Стигнува понуда за замена на решетки, никој, од 66 станови, 10 дали само реагираат за да се заменат, останатите молчат.
А притоа сите ја газеа најпроблематичната решетка и уво не ги болеше дека и гума и бандаж и подвозје може да оштетат.
Толкава незаинтересираност што иритира, а овие фирмите управители си се така заштитени, нема ли 51% согласност од сите станари за интервенции, не не интересира.

И секој ден се расправаат само за паркингот, овој ми се паркирал на мое место, да се препаркирал, вака така.
Им се понуди за по 2500 денари блокатор да се стави на секое паркинг место плус рампа на влезот, пак молчат.


Живеење во стан е тешка катастрофа, кога ке ги споредам и двете живеалишта и што добиваш а што губиш.

Ок е, не мораше цели параграфи дека стан е подобро од куќа, тоа е јасно. Само нема секој пари за куќа, а тука имаш дополнителни трошоци и за одржување.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2593
Живеење во куќа е најдобриот избор несомнено, особено ако е куќата во Тафталиџе, Козле, Влае, кај Центар за Странски или спроти Генералштаб. Евентуално Жданец или Трнодол ама гранично е тоа.

Важно е да не си правиме филм дека живеење во куќа во Кучково или Јурумлери, е подобро од живеење во стан во Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода.