Купување стан на приземје само за да го направиш тоа пред тебе некакво си дворче е според мене навистина лош потег, приватност не би имал никаква, колку сакаш убедувај се дека имаш двор.
Второ и самата зграда треба да е така поставена околу да немаш нешто блиску улица или друг објект, а и самото приземје да е баш приземје изедначено речиси со дворот.
Штознам, да фрлаш 1500+ евра за квадрат за стан на приземје само да имаш двор за мене е нелогичен потег.
Сакаш двор, барај си куќа, можеш и гаража и канал и се да направиш.
Зграда е компромис, само да дојдеш да имаш покрив на главата.
Живеам веке 4 години во стан после 30 години во куќа и небо и земја е разликата.
Да не почнам да зборувам дека секакви проблеми излегуваат во зграда и на никој не му чуе, пишуваш во вибер групата решетките се искршени, ке пропаднат колите, ја газите решетката, ке искинете гуми, сите како лемури ја читаат пораката, никој не реагира.
Стигнува понуда за замена на решетки, никој, од 66 станови, 10 дали само реагираат за да се заменат, останатите молчат.
А притоа сите ја газеа најпроблематичната решетка и уво не ги болеше дека и гума и бандаж и подвозје може да оштетат.
Толкава незаинтересираност што иритира, а овие фирмите управители си се така заштитени, нема ли 51% согласност од сите станари за интервенции, не не интересира.
И секој ден се расправаат само за паркингот, овој ми се паркирал на мое место, да се препаркирал, вака така.
Им се понуди за по 2500 денари блокатор да се стави на секое паркинг место плус рампа на влезот, пак молчат.
Живеење во стан е тешка катастрофа, кога ке ги споредам и двете живеалишта и што добиваш а што губиш.