Мојот е 54 со две спални, таков и баравме ретко ги имаше во понуда, сега да спалните се по 9м2 ептен тесно, ама па од друга страна раат сум со детската, за тие пари толку е.
54 квадрати со една спална е сосема во ред. Но денес сè почесто гледаме станови од околу 50 квадрати во кои се сместени две посебни спални, дневна и кујна. Тоа значи дека спалните се по 7–9 квадрати. Каков е тој квалитет на живот? Во таква соба едвај собира кревет и плакар, а камоли нормално да живее човек.
Не треба да се меша бројот на соби со функционалноста. Подобро е стан од 50 квадрати со една пространа спална и удобен дневен простор, отколку на хартија да биде „двособен“ или „трисобен“, а во реалноста да добиеш мали соби без основен комфор.
За жал, градежништвото сè повеќе се води од квадрати и профит, а сè помалку од човекот што треба да живее во тој простор. Од станови од 120 квадрати се прават по три или четири мали единици затоа што така носат поголема заработка. Порано постоеја стандарди – се знаеше што е гарсоњера, што е стан со една спална, што е двособен, трособен или четирисобен. Денес тие стандарди полека исчезнуваат.
Купувачите плаќаат рекордни цени, а добиваат сè помалку простор и сè полош квалитет на живеење. Најтажно е што ваквите станови ќе останат на идните генерации, кои ќе треба да живеат со последиците од денешната алчност.На пример во згради од пред 30 години градени не е така нели?
И покрај тоа, ваквите мали станови се продаваат без проблем по 2.800–3.000 евра за квадрат, клуч на рака. Ако продолжи истиот тренд, на 31 јули следната година не би ме изненадило цената да биде уште најмалку 200 евра повисока по квадрат.
Мој совет што побргу се решите да купите кров над глава тоа повеќе уштедите немојте да чекате дека цените ке паднат.Ниту паднале ниту ке паднат, знаете шо паѓа само со годините oна меѓу нозе.