Дечки, секој со своето искуство.
Живеам во зграда каде не функционира кукен совет, и немаме ни чистачка, а камоли одржување.
Доага еден ром и му плакаме 50-100 ден секој 2 недели да подзачисти.
Живеам на најгорен спрат, и сам си го санирам кровот.
Пред некоја година пукнала цевка во подрум, комшијата од 1ви сам си платил санација.
Имаме скривница, и комшијата од 1ви ја користи како подрум, и во неа чува зелка. Цело зимо влезот има одредена арома.
40ден по метар квадратен со задоволство ке платам за одржување.
4000 ден месечно е за стан од 100 м2. Помал стан ке плати помалку. Да многу е, но имаш едно гајле помалце. Одржувањето на зградата и лифтовите и се е вклужено со таа цена.
Секој друг приватен бизнис како градинка, базент, фитнес центар си се плака дополнително, што е логично.
Да, премногу бавно оди работата,. трговскиот требаше одсмна да биде готов.
Лифтовите се брзи.
Цената по м2 зависи од стан и од спрат. До 25ти спрат цените почнуваат од 800м2. Информирајте се пред да пишувате.
Некој спомна греење и цена. Јас платив 8000 ден греење за стан од 55м2 минатиот месец.
Се е плус минус. Имам поглед, имам зеленило, имам мир, не ги слушам комшиите, но немам одржување во зграда, немам надворешна изолација на стан, немам гаража.