Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 479516 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Јас не знам дали постои друг народ со толку немање чувство за колективност како нас.

Абе една фасада и убав влез додава м
100е по цена на м2. Ама оди објасни им на тоа закоравените што мислат дека дрѓавата треба се да им направи.
Понекогаш мислам дека од што ги добиле становите за без пари, затоа таков никаков однос имаат. Друго е кога ќе искешираш 1000е па да видиш дали ќе ти биде сеедно што не работи лифт или протекува кров.

Пак ќе кажам, вакво немање колективна свест никаде бе сум сретнал. Каква зграда, таква држава.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4776
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Интер, нека стават читачи во лифт за да се види кој колку го користи, па кој на кој кат живее пошто тој на најгорниот највеќе го амортизира за разлика од тој на први кат...

Слично кај мене на улица за чистење снег, комшијата подоле не вози кога има снег и затоа и не чисти.
Морам јас да му го очистам делот ако сакам да ја возам улицата.

На времето се собираа пари (самопридонес) за асфалтирање, еден немал кола па не сакаше да даде пари за асфалт...

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
jbg, sekoj so svoeto mislenje.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Немање поим од општество и општествено живеење. Зини земјо Индијо.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Си има закон за колективно домување. Кој не сака да плаќа за кровот зошто живее на 1-ви спрат или за проблем со одводот ако живее на 5-ти спрат треба веднаш да се опомене писмено и ако не успее со тоа, да се тужи. Нема убедување и објаснување.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Пошо ме влечете за јазик и давате чудни примери, еве ќе ви нацртам, особено на индијанецот некојтаму со 33 IQ.

Кров, скали, помошни простории се сопственост на сите. Затоа имате по 2-3 имотни листа, еден за станот, еден за заеднички простории итн. До тука јасно ви е? Водовод, хидрофор, струја, кров се ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ, исто како кај тебе дома да се. Затоа треба поправка и одржување на истите од сите. До тука јасно?

Единствено кај што ми нема логика е плаќање на лифт од станари од приземје. Значи НЕ кров, цевки, хидрофор туку лифт, ЛИФТ, Л И Ф Т!!!
Ако вие сте тапа и не вие жал за тие што за еднаш во месецот или и помалку плаќаат лифт како некој од 100ти спрат, мене ми е жал.

Ако индијанецот некојтаму имаше поим од општествено живеење ќе речеше во ред, нема поента тие од приземје мене да ми го плаќаат кејфот. Нека се ослободат 3-5 стана колку и да има на приземје, трошоците само за лифт ќе ги преземеме останатите. Ама зошто општествено одговорниот е со стиснато гзе, му одговара помалку да плаќа и некој друг да му плаќа за неговиот кејф.

Примери за асфалтирање на улица немаат допирна точка со поправка на лифт. И краен стадиум на саможивност е тоа што живеам во зграда кај што најголеми станови имаат најбогатите нормално. Плаќаме сите исто, зошто ни држеа говори како сите сме биле исто бла бла ... Ако толку го тупиме може по закон за сопственост и други стварни права да се направи секој да плаќа по квадратура. Па еднособниот ќе плаќа икс цена, двособен * 2, трособен * 3, затоа не тупете многу и не пишувајте за општествена одговорност, некој ќе ви се смее.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Не мислев да се вклучувам, ама ај...

Мислам дека не си во право. Како кровот, и лифтот е дел од зградата, т.е. е на сите.

Еве, по твоја логика, јас живеам на трети. Сум екстремно спортски тип, и лифт не користам, туку обожавам да се качувам и симнувам по скали.

Ти викам - не плаќам, не го користам. А тоа дали стварно го користам, е друга работа.

После мене некој од шести ќе каже, "а бе, овој на трети живее, не плаќа, и јас на плаќам". По него друг, трет... И се се распаѓа.

Системите работат кога сите ги почитуваат правилата, без исклучоци. Значи, без.

Имам искуство со овие работи, пошто околу 8-9 години сум претседател на две заедници, т.е. два влеза.

Ако на тој на последен му тече кровот и не се санира (било сам да си го поправи, било сите заедно) само питање на време е кога ќе почне да тече и кај тој под него, па под него...

И така се до самоуништување, што ни е врежано во генетскиот код. За 300 денари месечно.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
@Интер

Претпоставувам живееш на приземје?

Јас на пример не би имал проблем да плаќам и за лифт. АМА, станарите погоре да не мрчат ако го оградам дворот околу зградата (каде има можност) со цел да бе се замарам дали станот им е на тацна на крадци.
Ако мрчат, ем не им плаќам лифт, ем ќе оставам скала за да тераат и погоре.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
@Diesel јас за 9 години имам сменето двајца лопови претседатели што мислеа дека мали деца сме останативе.

Имате проблем со читањето или логиката?? Кој вика да не се плаќа ????  Ај по 1000 пат може и последен ќе е ако ми се посреќи па разберете.

НАМЕСТО ТИЕ ОД ПРИЗЕМЈЕ 2-3-5 СТАНА КОЛКУ И ДА ИМА ПРИЗЕМЈЕ, НИВНИОТ ДЕЛ ДА ГО ПЛАЌААТ СИТЕ ОСТАНАТИ!!! Јасно е сега? НЕ ДА НЕМА ПЛАЌАЊЕ ЗОШТО СИ БИЛ АТЛЕТИЧАР, ТУКУ ПЛАЌАЊЕТО ОД ПРИЗЕМЈЕ ДА ГО ПРЕЗЕМЕШ ТИ, САМО ЗА ДЕЛОТ ЛИФТ!!!

Се друго од влез, до двор, до кров е заедничко на сите. И тоа мора да е функционално 100%. Лифтот е потреба/луксуз. Без лифт живтот ќе е отежнат, без кров ќе е невозможен. Ако не ви е жал што некој од приземје ви ги плаќа сметките, мене ми е. Ете кога ќе сум на власт, тој дел од законот ќе биде сменет. Зошто многу лесно сите на законот се вадите, јбг малку диктатура и комон сенс.

Значи јас од 7ми кат се нафаќам да плаќам повисока цена, за тој од приземје да не плаќа ништо што не користи, мене ми го тупите за општествено одговорност и дека системот се распаѓал. Се распаѓа нормално, секој гледа нешто да ќари и поефтино да помине.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Зошто би плаќал нешто за некој друг?

Ако нејќе да плаќа за лифт, нека си направи куќа.

Се дур нешто се наоѓа после првите 50 сантими од влезната врата на зградата, е на сите и сите подеднакво треба да го сносат трошокот. Точка.

Едноставно е, ти комплицираш.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Другарче @Inter1 , еве ја да се изнесам по твоето мислење, да си го чуваш за себе пошто е твое право, и за мењање на закони кога ќе дојдеш на власт пак да си го чуваш!
Лифтот не е никаков „луксуз“ туку потреба, сите што живеат во заедница едноставно мора да си ги подмируваат СИТЕ трошкови, без разлика живееле на приземје или на последен спрат, каде и да си во светот едноставно е така во заедница и нема желби или прохтеви на поединци..........дали е средено интерно помеѓу станарите и дали сите плаќаат или не, едноставно е предмет на „ластегарка“ од Индија за да им се дотера паметот на овој наш прост и неписмен народ.......ако некој сака мир и желби спрема твои потреби и да сере по двор, влез или кров, нека си оди у пм, во некоја дивина сам, пошто заедница не е за него!

п.с. за лифтот иди кажи му на некој што живее на 1ви или 2ри спрат или многу погоре, со 4 деца или со инвалид по дома, дека го нема пошто тој од приземје не го користел и не сака да плаќа! Ќе го удавам со заби!

п.п.с. извинете за поостар речник, ама пошто токму денес ни се деси у влез запушување на канализација и преливање у подрум, за на крај да се испостави дека другиот влез е крив, јас ќе платам на сметка, ама очи ќе им извадам дури не ги платат до последен денар!

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6295
Не е секој за во колектив да живее, само многу не се ни свесни дека не се.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Се утепавте за лифт, бе.
Среќа не сте во иста зграда сите, а?
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Не сме се утепале, си правиме муабет.