Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2175590 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17824
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10455 на: 20 Септември 2019, 22:00:38 pm »
Ја се спремам за бизнис со погребални услуги, немојте да ви текнало вакви глупости да воведувате кај нас.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1539
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10456 на: 01 Октомври 2019, 15:24:06 pm »
Кај Смоквица ме фатија со 214km/h, ми рекоа за сега сум со рекорд. Ќе ми ебат мајка на суд најверојатно...
In an Alfa Romeo, looking good is more important than looking where you’re going.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10457 на: 01 Октомври 2019, 15:27:50 pm »
Пари и возачка, ништо страшно :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1894
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10458 на: 01 Октомври 2019, 15:37:58 pm »
Kocnicite kako se pokazaa? Ili od podaleku gi vide kaj sto maftaat so palkite?
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1098
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10459 на: 01 Октомври 2019, 16:30:51 pm »
Што е најстрога казна кај нас за брзо возење? Овие што летаат 250 само возачка и парично ги казнуваат? Јас би ги рангирал обид за самоубиство/убиство. :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55136
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10460 на: 01 Октомври 2019, 16:34:43 pm »
Што е најстрога казна кај нас за брзо возење? Овие што летаат 250 само возачка и парично ги казнуваат? Јас би ги рангирал обид за самоубиство/убиство. :D
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи
со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот
износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана
на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и
постапка утврдени со закон.

А за на отворено:
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 65 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на
возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70
km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот
ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно
возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10577
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10461 на: 01 Октомври 2019, 17:37:36 pm »
Nishto....

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10462 на: 01 Октомври 2019, 17:37:40 pm »
Ауууууу, 12 месеца, многу некако...

Ќе заборави да вози човек за 1 година.

А замисли купиш нова Алфа и те фатат со 200 км/ч, додека ти ја вратат возачката отишла вредноста за 1/2 помалце...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10577
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10463 на: 01 Октомври 2019, 17:39:40 pm »
Srbija kjorka se odi.... Kje zaboraj (.) kako izgleda...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44483
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10464 на: 01 Октомври 2019, 17:39:53 pm »
Кај Смоквица ме фатија со 214km/h, ми рекоа за сега сум со рекорд. Ќе ми ебат мајка на суд најверојатно...
Време е за полагање за А категорија.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4113
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10465 на: 01 Октомври 2019, 18:00:26 pm »
А дали и покрај казната од 400 евра ќе му запишат и плус 65 поени. Тоа би значело ако се има некој поен од претходни казни и на ново полагање за возачка.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1900
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10466 на: 01 Октомври 2019, 18:06:26 pm »
Требало да им кажеш ДПФ-от се регенерирал и не си смеел да го прекинеш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44483
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10467 на: 01 Октомври 2019, 18:26:28 pm »
Требало да им кажеш ДПФ-от се регенерирал и не си смеел да го прекинеш.
Бензинец е, ќе го фатат дека лаже :(
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10468 на: 01 Октомври 2019, 18:55:43 pm »
Што е најстрога казна кај нас за брзо возење? Овие што летаат 250 само возачка и парично ги казнуваат? Јас би ги рангирал обид за самоубиство/убиство. :D
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи
со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот
износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана
на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и
постапка утврдени со закон.

А за на отворено:
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 65 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на
возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70
km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот
ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно
возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

Да не ти е малку старо ова а? Пошто во град над 30 од дозволеното е 400еу или 65 негативни, а на отворено над 50км/х од дозволеното е исто 400 или 65 негативни.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30196
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10469 на: 01 Октомври 2019, 19:11:36 pm »
Сега го гледам законот на сајтот на МВР (првиот линк тука).

Член 35:

(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.

Член 36:

(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 до 70 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 km/h над дозволената брзина.