Што е најстрога казна кај нас за брзо возење? Овие што летаат 250 само возачка и парично ги казнуваат? Јас би ги рангирал обид за самоубиство/убиство. 
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи
со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот
износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана
на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и
постапка утврдени со закон.
А за на отворено:
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 65 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на
возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70
km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот
ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно
возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.