0.5 промили е дозволено. Тоа е доволно за 4-5 мали пивца, големи 2-3 во рок од 2-3 саати, што е нормлано пијуцкање кога ќе излезеш у град, проблем е со жестоките алкохоли, пошто можеш да внесеш големо количество алкохол за кратко време.
Правилото е, последниот пола саат од нормално пијуцкање, не пиј алкохол. Земи некое газирано, пиј вода, исчисти устата и грлото од алкохол. Со 3 мали пива во рок од 2 саати и последните 15 минути вода, на џандарска заседа у дебармаало, ми покажа 0.26 промили. Секако, кажав дека сум пиел, и секако дека се согласив да дувам без поговор и без драмење. Треба да се знаат границите, и ако се претера боље такси, па сабајле земи си ја колата. Ако си со план за претерување, такси од било кој дел на градов до центар и назад е 500 денари, па урачунај ги у есапот.