Мислам дека треба да се избегава газирана вода, нешто имам слушнато дека побрзо ја разлужува некоја заштита шо ја ствара желудникот кога се конзумира алкохол и можи да дувниш повеќе.
Добро си слушнал. И тоа газираното побрзо го носи алкохолот до крвта и побрзо тиква можиш да се напрајш ако пијаш алкохол (ракија) со газирана вода.
Јас секој алкохол, освен пиво, го конзумирам со вода. Со ракијата пијам големи количини на вода, негазирана. Ако пијам вино (обично црвено пијам), после 2 чаши, преферирам да се напијам една чаша вода негазирана.
Татко ми скоро секогаш возел во алкохолизирана состојба, никогаш полиција не го запрела... ама има направено 3-4 сообраќајки во алкохолизирана состојба, за среќа без фатални последици за тие в кола или некои други учесници во сообраќајот, најчесто завршувал излетан од патот, во некоја нива...
Алкохол и кола, не благодарам, избегнувам, доволно трауми од детството имам. За 2-3 пивца можи да направам исклучок (тоа се тие 2%), ама да не е претерано често.
Имам сведоци од битолскиот огранок на Карклуб дека кога ќе се договоревме за собир в кафана, јас со такси одев, секогаш
Единствено на собирот во Гевгелија се напив повеќе од 3 пива, ама беше претерано жешко и испаруваше исто како да сум товарал сканија со вреќи
