Имаме исти распоред на кујната и мој совет ти е да ја спуштиш рерната под плотна, микробранова не ти треба и тука да ослободиш плус 60цм од работна маса. Верувај дека повеќе ќе ти треба работна маса отколку микробранова што можеш да ја замениш со air fryer
Размисли за советот од Дуле, се сложувам со него, ако се готви во кујната ќе ти треба тој простор, зашто сега имаш лево од лавабото 60 цм и во ќошот, што може да е непрактично за работа. Знам дека е позгодно рерната кога е горе, ама малце си кнап со простор во кујната, те работна површина.
Тргни го шанкот, направи го работна површина и додај му 10-20цм во длабочина ако имаш простор накај дневната. Сличен распоред имаме на кујни и „полуостров“ наместо шанк беше најдобро искористен простор кај мене. За сѐ се користи, подготовка на храна, кафемат и други мали уреди во ќошот. И пушти му продолжен од тие што се вградуваат во работни површини.
Ве послушав, да речеме

И претходно не беше баш шанк - шанк, туку ми беше замислено да е високо 110cm. Сега го спуштив на 90cm (исто како и работната површина).
Микро може да се докупи како посебен уред.
Островчето на горната површина е широко 70cm (работната површина општо во кујната е 60cm), долго е 180cm (од другата страна има три елементи по 60cm). Во долниот дел - 40cm е длабоко. Од другата страна (што гледа накај кујната) ќе се извлекуваат две фиоки, едната е околу 36cm висока, другата е 41, така нешто.
Оставив можност (затоа и е плотната на тој дел висечка) да се стават и ниски барски столчиња бидејќи навистина мислам дека ќе го користам/користиме тој дел за седење/јадење. Од крајот на извлечените столици (во употреба) до почетокот на аголната гарнитура треба да има околу 60-тина cm

Mи треба предлог како да го финиширам овој дел што се отвори откако ја тргнав високата колона со фурната и микрото.
Има 60cm ширина:

Размисли дека ќе треба да ставиш некаква, било каква цедалка за садови до мијалникот, небитно дали лево или десно, и со тоа ти стануваат зафатени уште 45/60 сантиметри од работната површина.
Јас тука би играл со вграден фрижидер кај што сега ти е рерната, одма до него стандард плотна и рерна, и се останато работна површина, се до вратата таму (би го елиминирал плакарот).
Втора опција, уште попрактична, е П кујна наместо шанкот. Никој никогаш не седнал на шанк при трпезариска маса, а како работна површина на исто ниво со остатокот од кујната дефинитивно ќе се користи мнооогу повеќе.
Причина е што покрај цедалката спомната погоре, ќе треба на работна површина да ти стои и некаков кафемат.
Ги разбирам желбите и замислите (што секој од нас си ги има), ама не е поентата да фукнеш 3000 евра за кујната и да се нервираш секое влегување внатре.
Исто така, го делам мислењето со Мечето за спалната. Распоредот е очигледно правен за П плакар, и би те советувал да го направиш така (макар и на сметка да елиминираш еден од двата плакари што ги имаш во ходник). Соба за спремање и облекување за на работа и излегување е секогаш спална соба, а не ходник.
Koрегирав тоа што ми се совпадна, а за П плакар - нема шанси. Јас нејќам.
Знам дека спалната е генерално соба за спремање и облекување, ама во таа спална - тие се можностите. Долга е 471cm и широка 266cm. Дури и во каталогот на инвеститорот е како јас што замислив - со ноќни масички од двете страни на креветот.
Плакарот во спалната (како што е на рендерот) треба да е околу 120cm широк, 60cm длабок и до таван.
Плакарот во ходникот е околу 220cm широк и исто длабок 60cm.
Другото во ходникот не е плакар класичен, туку е вака нешто:

Горниот дел (и долниот) се вкупно долги околу 170cm, а најлево делот (што е како плакарче) е 60cm широк. Целото е 50cm длабоко.
А плакарот во кујната (позади вратата) ми е замислен за вака нешто:

Тој е потесен од работната површина (некаде е околу 40cm) бидејќи вратата се отвора натаму.
Моја дамнешна желба е да имам дупол фрижидер со француска врата долу, ама ќе видам како ќе е реално во просторот. Ако се решам за таков фрижидер - ќе се скуси на плакарот.
За цедалка - на ум сум да ја направам во висечите (веднаш над лавабото). Така е кај нас дома со години и е одлично.
Друга опција, преместија вратата од спалната да биди на ѕидот од дневната. После направи плакар во цела должина на ѕидот кон салонот.
Нема шанси ова.
Треба од спалната да излегувам во дневната, па од дневната да одам до ходник, па до тоалет.