Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 460106 пати)

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
Помеѓу два стана ставаат блокови, камена волна (тервол) и двослоен гипс картон.

Ова знам дека не е само на хартија напишано, туку го имплементираат и што се распрашував кај луѓе што имаат станови од истиот инвеститор (и исто реализирано) - викаа дека се задоволни од звучната изолација. Дали ме лажат - појма неам.
Покриен си тогаш прашај само колку цм е камената волна да не ставаат ептен тенок слој

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 665
Помеѓу два стана ставаат блокови, камена волна (тервол) и двослоен гипс картон.

Ова знам дека не е само на хартија напишано, туку го имплементираат и што се распрашував кај луѓе што имаат станови од истиот инвеститор (и исто реализирано) - викаа дека се задоволни од звучната изолација. Дали ме лажат - појма неам.



Кај мене станот мислам дека така беше, комшијата до мене е со дневна/кујна, исто и јас... и двајцата со деца и не се слушаме воопшто со него.... од другата страна спалната ми дели ѕид со дневна на една баба, ја немам слушнато никогаш....

Внатрешно собите се со 2 гипс табли, па камена волна, па уште 2 гипс табли и прилично задоволен од изолацијата. Мнооогу подобро од куќата што ми е само со блокови и малтер....
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Така мислам дека треба и да е овде т.е се гледа на сликите.
И помеѓу становите и помеѓу станот и ходникот на зградата.

Две гипс табли споени - камена волна - блокови - камена волна - две гипс табли.


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Последен пат SketchUp имав работено пред 15-16 години.
Месец и нешто работа (повремено, кога имам време):













Вака нешто ќе изгледа станчево  :)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Имаме исти распоред на кујната и мој совет ти е да ја спуштиш рерната под плотна, микробранова не ти треба и тука да ослободиш плус 60цм од работна маса. Верувај дека повеќе ќе ти треба работна маса отколку микробранова што можеш да ја замениш со air fryer

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Ќе размислам за микробрановата, ама рерната цел живот ја имам на ниско и ми смета. Би сакал да пробам на повисоко  ;D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4578
Размисли за советот од Дуле, се сложувам со него, ако се готви во кујната ќе ти треба тој простор, зашто сега имаш лево од лавабото 60 цм и во ќошот, што може да е непрактично за работа. Знам дека е позгодно рерната кога е горе, ама малце си кнап со простор во кујната, те работна површина.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15094
  • Пудингот на шоферството
Исто јас би размислил за П плакар во спалната пошо ќе ти треба повеќе простор за складирање алишта,постелнини и сл...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18002
Размисли дека ќе треба да ставиш некаква, било каква цедалка за садови до мијалникот, небитно дали лево или десно, и со тоа ти стануваат зафатени уште 45/60 сантиметри од работната површина.

Јас тука би играл со вграден фрижидер кај што сега ти е рерната, одма до него стандард плотна и рерна, и се останато работна површина, се до вратата таму (би го елиминирал плакарот).

Втора опција, уште попрактична, е П кујна наместо шанкот. Никој никогаш не седнал на шанк при трпезариска маса, а како работна површина на исто ниво со остатокот од кујната дефинитивно ќе се користи мнооогу повеќе.

Причина е што покрај цедалката спомната погоре, ќе треба на работна површина да ти стои и некаков кафемат.

Ги разбирам желбите и замислите (што секој од нас си ги има), ама не е поентата да фукнеш 3000 евра за кујната и да се нервираш секое влегување внатре.

Исто така, го делам мислењето со Мечето за спалната. Распоредот е очигледно правен за П плакар, и би те советувал да го направиш така (макар и на сметка да елиминираш еден од двата плакари што ги имаш во ходник). Соба за спремање и облекување за на работа и излегување е секогаш спална соба, а не ходник.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Што ви е П плакар (да видам дали исто разбираме)?

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9176
  • Пичлеме
Или мост плакар го викаат, вака нешто:


Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 268
П во спална е многу глупа работа, ај што изгледа лошо па и треба да газиш таму кај што ти е главата за да извадиш нешто.
Според сликава од Sketch Up има доволна квадратура спалнава за нормален плакар.
Мене ми боде очи малце dead space- от што го имаш најдесно на шанкот во кујната, мислам дека многу брзо ќе ти стане junk corner.
Пробај со 2/3 дизајни/варијации на кујната за да видиш кој ќе ти биде најприроден.
« Последно менување: 16 Март 2026, 09:53:09 am fcwizard »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4278
Друга опција, преместија вратата од спалната да биди на ѕидот од дневната. После направи плакар во цела должина на ѕидот кон салонот.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2349
Тргни го шанкот, направи го работна површина и додај му 10-20цм во длабочина ако имаш простор накај дневната. Сличен распоред имаме на кујни и „полуостров“ наместо шанк беше најдобро искористен простор кај мене. За сѐ се користи, подготовка на храна, кафемат и други мали уреди во ќошот. И пушти му продолжен од тие што се вградуваат во работни површини.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7192
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Размисли дека ќе треба да ставиш некаква, било каква цедалка за садови до мијалникот, небитно дали лево или десно, и со тоа ти стануваат зафатени уште 45/60 сантиметри од работната површина.

Побалканска работа нема од цедалка на видик.  ;D

Има што се вградуваат во висачот над мијалникот и ќе си капи долу и нема да се гледаат, да фаќаат простор, а за естетика да не правиме муабет.