Нормално дека не треба, уште во праисторија се тепале за пештерата кој да ја фати, него нема да му врне.
Земјиште околу Скопје има и тоа со пристап до автопат, така стои празно. Сега гледам конечно нешто во Хиподром почнаа да градат, им текна дека не мора да живеат во Карпош 1.
Само кај нас има субвенции за стан, таман да бидеме конечно Република Македонија Скопје. Утепај ја цела држава, стави се во Скопје и после генијално решение - субвенции за станови.
Иначе во Љубљана (омилената за споредба со Скопје, не знам само по кој основ) во центарот, помалите станови се над 10 илјади евра за метар квадратен. Не им текнално на словенците да даваат субвенции.