Размисли дека ќе треба да ставиш некаква, било каква цедалка за садови до мијалникот, небитно дали лево или десно, и со тоа ти стануваат зафатени уште 45/60 сантиметри од работната површина.
Јас тука би играл со вграден фрижидер кај што сега ти е рерната, одма до него стандард плотна и рерна, и се останато работна површина, се до вратата таму (би го елиминирал плакарот).
Втора опција, уште попрактична, е П кујна наместо шанкот. Никој никогаш не седнал на шанк при трпезариска маса, а како работна површина на исто ниво со остатокот од кујната дефинитивно ќе се користи мнооогу повеќе.
Причина е што покрај цедалката спомната погоре, ќе треба на работна површина да ти стои и некаков кафемат.
Ги разбирам желбите и замислите (што секој од нас си ги има), ама не е поентата да фукнеш 3000 евра за кујната и да се нервираш секое влегување внатре.
Исто така, го делам мислењето со Мечето за спалната. Распоредот е очигледно правен за П плакар, и би те советувал да го направиш така (макар и на сметка да елиминираш еден од двата плакари што ги имаш во ходник). Соба за спремање и облекување за на работа и излегување е секогаш спална соба, а не ходник.