Автор Тема: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ  (Прочитано 556232 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2565 на: 08 Јули 2015, 19:17:12 pm »
^- Не е толку голема, огромна е. Да е некој неписмен необразован глуп- да сфатам да треска вакви глупости. Ама во случајов, нејасно ми е... ? ;D :D :D :D :D :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2566 на: 08 Јули 2015, 19:26:54 pm »
Јас сум тотално збунет, ништо не разбирам, можеби сум претерано глуп

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2567 на: 08 Јули 2015, 19:44:10 pm »
Разликата во стабилноста била мала...лол, имаме дома и СУВ и Пунтото мое, допирна точка немаат...кој знае што било конзумирано
I’m so mean, I make medicine sick

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43928
  • Il Moderatore
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2568 на: 08 Јули 2015, 19:45:06 pm »
Јас сум тотално збунет, ништо не разбирам, можеби сум претерано глуп
Ти само гледаш во границите на традиционалната автомобилска интуиција.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17601
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2569 на: 08 Јули 2015, 19:52:03 pm »
Разликата во стабилноста била мала...лол, имаме дома и СУВ и Пунтото мое, допирна точка немаат...кој знае што било конзумирано

Може некој на филипв во потпис да му го стави цитираново?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14170
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2570 на: 08 Јули 2015, 21:05:27 pm »

нејсе, повишена тежишна точка сигурно дека носи предизвици, но благодарение на активните системи разликата во стабилноста меѓу сув со /65 гуми и алфа со скратени спирали не е толку голема како што ја прикажува традиционалната автомобилска интуиција. со секоја кола треба да пазиш како и со која брзина улетуваш у кружен тек, сув или несув.






Ова да беше Туарег гарант ќе се истумбаше ..
« Последно менување: 08 Јули 2015, 21:14:32 pm Carpathian Lord »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2571 на: 09 Јули 2015, 00:06:12 am »
Еден совет до сите татковци кој сакаат нешто повеќе од чмаење на плажа и чекање да фати црвена фаза и да ја здуваат у кафана на пиво.

Првиот ден кога ќе излезете на плажа вршите осматрање на женски припаднички на кој би сакале да им го видите фронталниот дел без бикини. Се сместувате во нивна близина и чекате дотичната да легне на стомак и да го откопча прслукот за да ја исунча линијата.

Чим дојде до тоа потребно ви е лојално дете ( влагање у вода/сладолед чуда прави ) и му давате стриктна наредба, синко/ќерко трчаш божем ќе влагаш у вода, протрчуеш покрај девојкана/жена и кога ќе бидеш покрај нејзе почињеш да фрлаш песок такозвано праиш шлајфка.

Нема промашај, дотичната секогаш рефлексивно рипа и следуе идуендо, па па па сисетине...

Другиот ден, евентуално попладнето, мењаш локација и пикираш некоја друга надарена  :D



Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7693
  • Хорска Секција
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2572 на: 09 Јули 2015, 11:55:17 am »
Сум го промашил постов:


нејсе, повишена тежишна точка сигурно дека носи предизвици, но благодарение на активните системи разликата во стабилноста меѓу сув со /65 гуми и алфа со скратени спирали не е толку голема како што ја прикажува традиционалната автомобилска интуиција. со секоја кола треба да пазиш како и со која брзина улетуваш у кружен тек, сув или несув.


Среќа го имаме филип што гледа надвор од границите на традиционалната автомобилска интуиција. ;)
Тоа е тоа кога човек има визија. А кој неможе да свати, негов проблем...Некој возилата ги користи за возење, некој за телепортирање и така...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2573 на: 13 Јули 2015, 14:20:41 pm »
И повторно, и повторно, и повторно, и повторно... (facepalm)

нејсе, повишена тежишна точка сигурно дека носи предизвици, но благодарение на активните системи разликата во стабилноста меѓу сув со /65 гуми и алфа со скратени спирали не е толку голема како што ја прикажува традиционалната автомобилска интуиција. со секоја кола треба да пазиш како и со која брзина улетуваш у кружен тек, сув или несув.

Познавајќи ја локалната читачка култура цврсто втемелена на принципот „сламено плашило“ кој овозможува брзо „читање“ и не губење време со таму некои си зборчиња кои авторот се помачил да ги состави, се кладам дека оваа реченица:

Цитат
разликата во стабилноста меѓу сув со /65 гуми и алфа со скратени спирали не е толку голема како што ја прикажува традиционалната автомобилска интуиција.

е прочитана како

Цитат
разликата во стабилноста меѓу сув со /65 гуми и алфа со скратени спирали не постои

или

Цитат
разликата во стабилноста меѓу сув со /65 гуми и алфа со скратени спирали е занемарливо мала

па така сменета во внатрешнот свет на читателските фантазии, си го нашла местото во оваа тема.

Бравос. Мета читање, а? Нема заебанција.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17601
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2574 на: 13 Јули 2015, 14:35:36 pm »
Квантифицирај го во опиплива мерна единица тоа „не е толку голема“ па да праиме муабет понатаму.
Вака, „не е толку голема“ може да каже Бил Гејтс за јахтата на некој си новопечен богаташ што купил „јахтиче“ од 25 метара. Или пак, „не е толку голема“ може да се искористи за пица од 33 сантиметри во нов ресторан, а ти навикнат на пица од 36 сантиметри.

И разликата меѓу Алфата моја и 159ката на Симо „не е толку голема“. Двете се Алфи, коштале ѓаол-и-пол нови, имаат тркала, волан, место за 4 луѓе, багажник, и така натаму.

Стави го „не е толку голема“ во опипливи големини, па да видиме колку е таа разлика мала или голема.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2575 на: 13 Јули 2015, 15:05:09 pm »
Квантифицирај го во опиплива мерна единица тоа „не е толку голема“ па да праиме муабет понатаму.
Вака, „не е толку голема“ може да каже Бил Гејтс за јахтата на некој си новопечен богаташ што купил „јахтиче“ од 25 метара. Или пак, „не е толку голема“ може да се искористи за пица од 33 сантиметри во нов ресторан, а ти навикнат на пица од 36 сантиметри.

И разликата меѓу Алфата моја и 159ката на Симо „не е толку голема“. Двете се Алфи, коштале ѓаол-и-пол нови, имаат тркала, волан, место за 4 луѓе, багажник, и така натаму.

Стави го „не е толку голема“ во опипливи големини, па да видиме колку е таа разлика мала или голема.

КОНЕЧНО нешто што наликува на валидна критика. Фала Мартин!

Да ти одговорам: кога реков „не е толку голема“ мислев на она што го истр... кажа зеро: преку два пати.

Што точно му значи „преку два пати“ него прашај го. Два пати во однос на што? Како ќе ги дефинираме множествата кои ќе ги споредуваме? Дали тико и алфа 159 се во иста категорија? Прашања безброј... Прашања на кои треба да одговори тој што го избаци она „повеќе од два пати“.

Значи, Зеро дужи квантифицирање, не јас.

Но, бидејќи тие прашања останаа неодговорени, заклучив дека „повеќе од два пати“ е просто истресено од ракав, дека е повеќе резултат на неговата интуиција отколку на нешто опипливо. Како и сите други стереотипизации, така и оваа е фундаментално фалична.

Симо несмасно се обиде да притрча во помош со статистики, меѓутоа тие просто не зборуваа во прилог на она што го одв... кажа Зеро.

Вака некако идеше муабетот:

Зеро: сувови поише од дупло се превртуваат од обични коли.
Филип: стварно? од кај знаеш? или го истресе од рукав, ко што мислам?
Симо: еве, види во оваа статистика, тука убаво пишува дека камиончиња (?) се превртуваат дупло почесто
Филип: ама чекај, нели за сувови зборувавме
Симо: е, добро де, а камионче, а сув, исто ти е, еве види тука пишува исто дека е.
Филип: Симо, она превртеното не беше ниту камионче, ниту има допирна точка со камионче
Симо: брееее тупаџија, не било камионче, ајде, чим си запнал, еве ти статистика во која се покажува дека од сите гинења, процентот на гинења од превртувања е поголем кај сувови
Филип: ама тоа е процент, не е апсолутна бројка. сувовите и понатаму може да се превртуваат исто често како коли, ама процентот да биде поголем пошто патниците помалце гинат од другите видови сообраќајќи
Зеро: јадајадајада шо сеа статистиките не се точни? (?)
Филип: точни се, ама не ја поткрепуваат твојата теза
Зеро: чим статистиките не ја поткрепуваат, ќе ја поктрепам со анегдоти: ја сум возел 21342541239 коли и затоа знам дека се превртуваат 2 и повеќе пати почесто.
Симо: значи овој Филип, еднаш викаше дека кокошарникот и мини исто лежеле у кривини (?) а сега во ист стил вика дека сув и спуштена алфа се исто стабилни (?) си заслужи да иде у легендарни.

Муабетов е тажен и смешен истовремено.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2576 на: 13 Јули 2015, 15:19:29 pm »
Процентите (колку што памтам) го кажуваат следното:

Ако имаш сообраќајка, шансите да се истумба возилото се четири пати поголеми ако е SUV во однос на тоа ако е обична кола.

2.7 Conclusions
The results of the GIDAS data analysis are:
- SUVs have a higher risk for turnover accidents. The risk is about four times higher
compared to non SUV – type vehicles.
Upper and lower extremities as well as the
head of the driver are at risk.

Или колку и да беше.. Статистика од европска агенција, а во европа не се возат многу-многу (односно ич) големите амерички камиони, него баш фините хечбекови на повисока суспензија што ние сакаме да ги наречеме кросовер/SUV.

Е сега.. Идемо даље.

Еве кога сме веќе кај превертувања и смртни случаи.



По графиците фино се гледа дека кај SUV-ја, фаталитис се од роловер во 60-и-кусур посто од случаите. Кај обични коли, процентот е 22% - односно, три пати помал.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55052
  • Махер
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2577 на: 13 Јули 2015, 15:28:09 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Пред некој ден по некоја случаност возев Ц3 1.4HDI, со еден збор се осеќав како Мамли  ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ме изнасмеа, а и добро доловено.  ;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2578 на: 13 Јули 2015, 15:30:23 pm »
Цитат
Ако имаш сообраќајка, шансите да се истумба возилото се четири пати поголеми ако е SUV во однос на тоа ако е обична кола.

Дај да ги видиме више еднаш тие податоци. Ништо до сега што видовме не ја потврдува таа теза. До сеа видовме само колку се превртувале камиончиња и колку луѓе процентуално гинеле од какви сообраќајќи. НИШТО од тоа не ја потврдува тезата која упорно ја тр... изнесуваш.

Цитат
Еве кога сме веќе кај превертувања и смртни случаи.

Могуче ли е за вакви основни работи да се расправаме?? Што се проценти, што се апсолутни бројки? Могуче ли е?

Коли: од 4543 фаталитис, 22% фаталитис при превртување = околу 1000 фаталитис при превртување.

СУВ: од 2142 фаталитис, 61% фаталитис при превртување = околу 1300 фаталитис при превртување

Коли = 1000, сув = 1300.

Во 2001.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17601
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2579 на: 13 Јули 2015, 15:38:38 pm »
Ете ја статистиката. Тоа "процентот е само процент" пропаѓа во вода бидејќи сеуште СУВ возилата се помалку бројни од класичните автомобили.
Битно е дека од вкупниот број на собрани статистики за сообераќајки со смртни последици, пример 6000 коли и 4000 СУВчиња, кај СУВчињата шеесет-и-кусур посто настанале од тумбање наспроти дваесет-и-кусур посто кај традиционалните коли. Тоа кажува нешто за стабилноста на СУВ при нормална експлоатација или "just riding along" сценарио.