Автор Тема: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ  (Прочитано 556445 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6541
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2595 на: 12 Август 2015, 13:18:56 pm »
...
Инаку зеро лаже, тајфа сме, само му е срам јавно да каже дека се дружи со провинцијалци.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2596 на: 14 Август 2015, 12:48:09 pm »
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . ________
. . . . . .. . . . . . . . . . . ,.-‘”. . . . . . . . . .``~.,
. . . . . . . .. . . . . .,.-”. . . . . . . . . . . . . . . . . .“-.,
. . . . .. . . . . . ..,/. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . ”:,
. . . . . . . .. .,?. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .\,
. . . . . . . . . /. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . ,}
. . . . . . . . ./. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . ,:`^`.}
. . . . . . . ./. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . ,:”. . . ./
. . . . . . .?. . . __. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . :`. . . ./
. . . . . . . /__.(. . .“~-,_. . . . . . . . . . . . . . ,:`. . . .. ./
. . . . . . /(_. . ”~,_. . . ..“~,_. . . . . . . . . .,:`. . . . _/
. . . .. .{.._$;_. . .”=,_. . . .“-,_. . . ,.-~-,}, .~”; /. .. .}
. . .. . .((. . .*~_. . . .”=-._. . .“;,,./`. . /” . . . ./. .. ../
. . . .. . .\`~,. . ..“~.,. . . . . . . . . ..`. . .}. . . . . . ../
. . . . . .(. ..`=-,,. . . .`. . . . . . . . . . . ..(. . . ;_,,-”
. . . . . ../.`~,. . ..`-.. . . . . . . . . . . . . . ..\. . /\
. . . . . . \`~.*-,. . . . . . . . . . . . . . . . . ..|,./.....\,__
,,_. . . . . }.>-._\. . . . . . . . . . . . . . . . . .|. . . . . . ..`=~-,
. .. `=~-,_\_. . . `\,. . . . . . . . . . . . . . . . .\
. . . . . . . . . .`=~-,,.\,. . . . . . . . . . . . . . . .\
. . . . . . . . . . . . . . . . `:,, . . . . . . . . . . . . . `\. . . . . . ..__
. . . . . . . . . . . . . . . . . . .`=-,. . . . . . . . . .,%`>--==``
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . _\. . . . . ._,-%. . . ..`\

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2597 на: 25 Август 2015, 10:00:12 am »


мемрзи да објаснувам, како што реков мислам дека ке се подзатегнат малку работите, па можда и ние обичните смртници ке видиме некое фајде од целава ситуација... НО, морам да ти посочам дека во еден тендер не се гледа само нај ниската цена... има многу други фактори за одлучување на  НАЈ ПОВОЛНА ПОНУДА... затоа и се вика така, нај поволна понуда а не нај ниска понуда...

еве, јас ти гарантирам дека можам со 2 денари подоле мазутот да го понудам од макпетрол... и тоа пак од нив ке го купам... и ке добијам нај ниска понуда... финтата е што неможам да обезбедам превоз за истата.. неможам ни да гарантирам точен датум на испорака... неможам да гарантирам ни за постојан квалитет...

значи во еден тендер за набавка на било што се гледаат следниве аспекти:

-цена
-транспорт
-време на испорака
-задржан квалитет
-договорено ПЕНАЛЕЊЕ за каснење на испорака

има и други работи.. на пример, еве да речеме дека е отворен тендер да се испорача и монтира 100 клими во зградите на плоштад што се направени....

јас учествувам на тендерот. давам цена од 250 евра по клима комплет со монтажа. давам рок за монтажа од 2 месци на сите, и барам да ми се плати во рок од 6 месеци.

конкурентската фирма нуди 240 евра по клима, рок на монтажа 4 месеци и исто како и мене бара да му се плати не подолго од 6 месеци

трета конкурентска фирма нуди 230 евра по клима, рок на монтажа 1,5 месец но бара да му се плати не подолго од 1 месец..

четврта конкурентска фирма ја дава комплетно мојата понуда иста, ама вели гаранција само 12 месеци наместо како другите 24 месеци, но со понудено БЕСПЛАТНО годишно одржување во следните 3 години, наместо 5 евра од клима после истекот на гаранцијата како другите што понудиле, а по истекот 10 годишен договор по 5 евра од клима за одржување и сервисирање...

и ти (одлучувачкиот фактор т.е. комисијата која го отворила тендерот) седнуваш на маса и ги разгледуваш сите аспекти...

-која цена ни одговара според буџетот.
-дали сме во можност да палтиме за 1 месец, дали за 3 или 6 месеци
-квалитетот кој го нудат дали задоволува критериуми (гарантниот рок)
-колку ни е ургентно да се наместат климите што побрзо (дали за 1,5 месец, дали за 2 или за 4)
-понатамошното одржување...

и сега, за секоја ставка си има бодување. кога на крај ке се заврши бодувањето, се одлучува КОЈА ПОНУДА Е НАЈ ПОВОЛНА... а не која е нај евтна... ако им се брза да ги наместат, а немаат пари да платат се одма, ке ја прифатат мојата понуда, затоа што им давам пола година рок да платат...

ако не им се брза за монтирање, а сепак немаат пари, ке ја прифатат втората фирма, бидејки е подоле од мојата понуда, а сепак имаат пола година рок за плаќање...

ако им се брза и имаат пари за одма да платат, ке ја прифатат третата понуда...

ако не им се брза, а одлучувачки фактор е цената, тогаш четвртата понуда...

можев да редам уште комбинации но ете мислам дека се доволни и овие, за да ја добиеш правата слика како функционира еден тендер, и дека скоро никогаш и не игра улога висината на цената...

е сега, од друг агол гледано, СЕКОГАШ постоела и ке постои опцијата однапред договорање т.е. пропуштање на информации од “блиски извори“ кон давачот на тендерот да му кажат каква понуда да состави за да би била нај поволна и одлучувачкиот фактор да биде кон таа фирма наклонет... е мислам дека тука се играат прљавите работи и тука се дел од оние криминогени ситуации за кои ги теретат сега нив, за случај стар 10-тина години... ова е за тендерите... за што друго ги теретат, незнам и лично баш и не ме интересира.. што си дробеле, тоа нека си сркаат...

иаку, да повторам, не се залагам за макпетрол, не ги бранам, немам никакво фајде од тоа... нај големото фајде ке го имам ако ти го сватиш правото значење што е тендер и како се прави тендер и што е одлучувачкото при избр на понуда... тогаш веке имам фајде... а криминалците залегнати во дебели и длабоки фотељи... ако правеле криминал, кад тад ке си платат... 10-20 години, небитно, раката на правдата секогаш ке ги стигне...

туше...
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2598 на: 25 Август 2015, 10:06:36 am »
.....

А замисли да не го мрзи.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2599 на: 25 Август 2015, 10:07:34 am »
Не сакам да замислам ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2600 на: 25 Август 2015, 10:32:59 am »
Не го мрзи да објаснува, туку го мрзи да пишува. А овојпат и тоа не го мрзело :).

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2601 на: 25 Август 2015, 11:32:19 am »
Не го мрзи да објаснува, туку го мрзи да пишува. А овојпат и тоа не го мрзело :).

 ;D ;D ;D 8) 8) 8)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14172
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2602 на: 27 Август 2015, 15:24:01 pm »
абе индивидуално гледање на стварите... не те убедувам јас тебе во ништо... мене ми е глуп спој, тебе ти е извонредна кобинација.... јас на времето во фичото, за првата керка, чаршави турав... и во стокецот исто... сега модерни времиња... фолии+завеси и се тоа фино скоцкано да изгледа перверзно добро...



Како те собра во фичо?  ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2603 на: 01 Септември 2015, 01:16:23 am »

Набрзина само ќе се обидам да објаснам зошто според мене Вејронот заслужува почит, без оглед на дизајнот.

Значи.. Имаме возило со 8-литарски W16. Тој мотор во првиот Вејрон испорачува 1000 коњски сили, во Veyron Supersport испорачува ~1200 коњски сили. Моторот од самиот почеток е предвиден да ги испорачува тие коњски сили.

Е сега.. Кога Ferdinand Piech (доскорешниот монарх во VW и all-around annoying prick) го најави Veyron, побарал од инженерите четири работи:

1. Колата да оди од 0 до 100 за помалку од 3 секунди
2. Колата да може да постигне 400 километри на час.
3. Колата да има 1000 коњски сили.
4. Да може со колата да оди на опера.

Првите три работи не се проблем. Секој може на овој-или-оној начин да ги добие тие перформанси. Фрли доволно пари, ќе го добиеш тоа. Ама последното барање е оноа што е уствари тешко. Да имаш кола што ќе ги има сите овие перформанси и карактеристики, и да можеш да отидеш на опера/вечера/штоидае со неа. Во одело, како господин човек. Ден за ден, колку сакаш пати.

Таа комбинација од блесави перформанси (10 години по лансирање на Вејрон, на една рака се бројат колите што имаат подобри перформанси) и лесно секојдневно користење е она што го прави Вејрон достоен за почит. И да не ти се свиѓа визуелно, мораш да го почитуваш инженерскиот труд и успех да се донесе на пазарот кола што може да ги комбинира тие две работи.

Страва е вејронот. Објект кој е толку напреден во својата категорија што нема да е надминат веројатно додека не му искочи наследникот. Мир, спокој, растеретеност, елеганција, и сето тоа при брзини над 400кмч. Тешко е тоа да се сфати од просечниот граѓанин.

Тоа, тоа.

Вејрон не е кола на која што се гледа со разум. Вејрон е кола за која што не ти требаат никакви оправдувања, ниту пак треба да се водат вакви дискусии. Вејрон е кола што само вистинските љубители на автомобилите ја разбираат. Може да не ти е по ќејф, може да имаш 100 милиони на сметка и пак не би ја купил, ама мора да се почитува.

I'm glad we agree.

па добро.. не сум бил само јас... ;D ;D ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2604 на: 01 Септември 2015, 23:47:19 pm »
Шо ѓи ебеш...ти објасни си, па ако некој сака нека чита...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2605 на: 11 Септември 2015, 00:53:06 am »
Апдејтиран е компјутерот? (озбилно)
Не како мислиш абдејтиран?
Дали има некој понов софтвер за него. Апдејт.
Нема ништо не дава пример ко го правевме приметив дури го пробував ако го цапас цело време несветнува чеко и не трепа оди прима раб нормано ако го задрзиш на 2500/3000 обртаи т.е на ист обртај небитно тогаш прави проблем...
Ме насмеа комуникацијава.  ;D ;D ;D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8780
  • Пичлеме
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2606 на: 11 Септември 2015, 08:08:34 am »
...и така се калеше Кирилицата. ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2607 на: 11 Септември 2015, 12:31:53 pm »
Треба да се издвојат термини од цитатот со објаснување: цапаш, чеко, трепа и т.н.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2608 на: 11 Септември 2015, 16:10:07 pm »
...и така се калеше Кирилицата. ;D

Мене ми се прочита „Карлицата“

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8780
  • Пичлеме
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #2609 на: 11 Септември 2015, 16:48:31 pm »
Сега па јас одново кога прочитав, „цицки“ ми се прочита :)