Автор Тема: HP vs Torque  (Прочитано 83830 пати)

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: HP vs Torque
« Одговори #150 на: 20 Јануари 2014, 13:46:49 pm »
Да обично преносот е смислен за да е во согласност со моторот. Обично. Но, не секогаш. Секој пренос кој не овозможува возилото при 120кмч да е под 2500Rpm е лош пренос. Многу лош пренос. И лошо осмислен пред се.

Но, нели ти дојде чудно - колку многу се слични моторите? А конструкцијата комплетно различна.

Зошто е лош?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: HP vs Torque
« Одговори #151 на: 20 Јануари 2014, 13:49:28 pm »
Сака да каже дека треба моторот да е во најефикасниот опсег и на што пониски вртежи поради помала бучава додека си на автопат. Кај многу возила во петтиот степен се постигнува максимална брзина, а шестиот е направен подолг, баш поради ова.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: HP vs Torque
« Одговори #152 на: 20 Јануари 2014, 14:05:06 pm »
Да обично преносот е смислен за да е во согласност со моторот. Обично. Но, не секогаш. Секој пренос кој не овозможува возилото при 120кмч да е под 2500Rpm е лош пренос. Многу лош пренос. И лошо осмислен пред се.

Но, нели ти дојде чудно - колку многу се слични моторите? А конструкцијата комплетно различна.

Зошто е лош?
Затоа што не е добар. Непотребно возилото стои во опсег од вртежи. Прави галама, троши гориво, се прави освен тоа што треба.

На пример во мојата Фиеста 1.4 ТДЦИ 120кмч е на околу 3200 вртежи, ако не и повеќе. Крајно непотребна галама внатре, урлање, потрошња. Тој мотор ќе се справи со 120кмч без проблем при 2300 втрежи. Му фали една цела брзина над оваа 5та која е последна.
На пример поновите ТДи се решени да имаат 5та брзина повисоко и да се на 2500вртежи при 120 што е многу по пристојна бројка.
2.0ТДи е веќе на 2200 мислам во 6та. Што е уште подобро.
320CDi е на 1750 во 7ма.
3.0ТДи е на 1750 во 8ма.
Тоа е веќе културно.
Да е атмосферец, па да речеш треба да врти повисоко за да развие сила. Но, ако е турбаш и има сила и долу, зошто да го вртиш на автопат по 2-3-4 саати константно на 4000rpm на 140. Само галама ќе прави.

1.4тси е исто околу 2500рпм.

Кола со таков менувач уште еднаш не би купил. И би препорачал никој да не купи.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: HP vs Torque
« Одговори #153 на: 20 Јануари 2014, 14:15:07 pm »
Јас имам возено некои коли што го имаат тоа. Ако не се лажам има тука  на форумов такви коли кои убаво си возат а и јас би ги поседувал.

Некои од нив ги имаат добро решено оние маани што ги наведуваш, освен можеби потрошувачката. Што исто не е право пропорцинална со бројот на вртежи. Односно согореното гориво не расте линеарно со вртежите особено не кај современите DI мотори.

Но тие што имаат фобија од вртежи секако можат да си бараат оние што ќе имаат највеќе сила во најмал можен број на вртежи.

А конструкцијата на преносот, кога би била правилна а не  деловна одлука за заштеда на производствени и останати ресурси би требало да ни овозможи да го користиме целиот потенцијал што моторот го нуди најдобро што може.

Веројанто затоа и се повеќе гледаме 7 степени а не 4 степени менувачи.

Сепак за мене лошиот пренос не можам да го оценам само по овој критериум. Веројатно кола којоа има декларирани 8000 рпм во крајната брзина ќе има возење на 120 км/ч со далеку поголем број на вртежи од 2500 рпм.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: HP vs Torque
« Одговори #154 на: 20 Јануари 2014, 14:27:09 pm »
Зошто побогу би имала. Освен ако не е од 1990та.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: HP vs Torque
« Одговори #155 на: 20 Јануари 2014, 17:57:45 pm »
Затоа се многу лоши оние мотори што развиваат 8-9000рпм. При 120кмх возат на ненормално висока галама и вртежи. Таква кола е само за на стаза, еднаш месечно.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: HP vs Torque
« Одговори #156 на: 20 Јануари 2014, 21:43:44 pm »
Зошто побогу би имала. Освен ако не е од 1990та.

Еве ваков мотор, „побогу“ би го возел во секое време со задоволство.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,4597.msg234444.html#msg234444

А има уште многу вакви.
А и веројатно на менувачот не им е баш лошо дизајниран. Тоа ти што преферираш да имаш кола со која 120  ќе ја крузаш на под 2500 rpm не значи дека се лошо дизајнирани другиве. Тоа занчи само дека ТИ (соодветно и истомислениците, не реков дека си осамен во изборот) не би купил таква. Јас немам проблем со тоа.

Golf GTI со задоволство би го поседувал. Никаде до 5000 вртежи не се осеќа ниту мачење ниту непријатен звук, ако воопшто и се слуша кога имаш нормално радио вклучено. А над тоа гасиш радио, греота да не го слушаш моторот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: HP vs Torque
« Одговори #157 на: 20 Јануари 2014, 21:52:39 pm »
Тоа се поспортски коли. Тенденцијата и кај нив е да имаат брзина за крузање и покрај тоа што се спортски. Согласно тоа и се додаваат брзини во менувачите. Ем се бензинци па ќе има поклониме ете уште 500обртаја иако нема потреба.

Се согласувам дека GTI е добар. Иако можеби може да е и подобар во иднина.

Отсутен turbo_freak

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: HP vs Torque
« Одговори #158 на: 20 Јануари 2014, 23:35:45 pm »
e dali e poubavo benzin da vrti do 6500 rpm odkolku do 8000rpm ajde izjasnetese ? :D
"Nemam idole. Cenim rad, posvećenost i sposobnost." (Ajrton Sena)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: HP vs Torque
« Одговори #159 на: 20 Јануари 2014, 23:45:18 pm »
Јас го имам слушнато моторот на Стилото на 8.000 вртежи. Не би сакал пак да го чујам ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: HP vs Torque
« Одговори #160 на: 20 Јануари 2014, 23:50:38 pm »
 

Отсутен turbo_freak

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: HP vs Torque
« Одговори #161 на: 21 Јануари 2014, 00:09:09 am »
kaj mene golfot ima blokaza na 6.300rpm :D
"Nemam idole. Cenim rad, posvećenost i sposobnost." (Ajrton Sena)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: HP vs Torque
« Одговори #162 на: 21 Јануари 2014, 16:50:41 pm »
Затоа се многу лоши оние мотори што развиваат 8-9000рпм. При 120кмх возат на ненормално висока галама и вртежи. Таква кола е само за на стаза, еднаш месечно.
Баш поради тоа (гласна, трома, спора, досадна, бучна, кварлива, итн), возачите на S2000 се најзадоволни од своите аута, у споредба со било кое ауто досега произведено ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: HP vs Torque
« Одговори #163 на: 21 Јануари 2014, 18:02:26 pm »
Затоа се многу лоши оние мотори што развиваат 8-9000рпм. При 120кмх возат на ненормално висока галама и вртежи. Таква кола е само за на стаза, еднаш месечно.
Баш поради тоа (гласна, трома, спора, досадна, бучна, кварлива, итн), возачите на S2000 се најзадоволни од своите аута, у споредба со било кое ауто досега произведено ;)
Тие што возат С2000 не крузаат со неа Скопје-Загреб, туку се курцаат на кратки патишта. Така и Банзаи ја имаеш Интеграта, ама со Акорд се шеташе. Треба да направиш разлика. С2000 ќе си задоволен зошто ќе си ја пукаш секој ден до работа, од работа, до пазар, за викенд, а нема да дремеш на автопат со 120.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: HP vs Torque
« Одговори #164 на: 21 Јануари 2014, 18:59:18 pm »
Со 200 веќе може. :)