Не е исто, како исто. Во првото сценарио имаш 0.324 g’s, во второто 0.386 g’s. Во првото множиш 375 * 3.46 = 1297.5 lb-ft , во второто 335 * 4.61 = 1545.5 ft-lb. Поентата на пресметкава е да се одбере идеалниот момент за промена во повисок степен на пренос. Во првата ситуација преносот е со однос 3.46, во втората 4.61. Затоа што кога ќе смени во следниот степен ќе се префрли од вртежен опсег во кој има 375lbft, на област во која има 335, потребно е да се направи оваа математика за да се види во кој степен ќе добие поголемо забрзување при таа брзина. Никаде во математиката не користи моќност. Секаде пресметуваат во однос на вртежниот момент и на крај со калкулација на обемот на тркалото ја добиваат резултантната сила.
едит. т.е обратно е. првата ситуација е со повисок степен на пренос. Поентата е иста