Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 494887 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29801
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #675 на: 02 Октомври 2014, 20:39:45 pm »
Ако не ви е јасно зашто кај клучката кај марино е 80 сетете се дека и некој друг треба да се приклучи на автопатот дека не сте само вие на тој пат. А да, и сетете се дека од другата страна пред година дена баш на таа кривинка погинаа трите деца од штип.

Децата од Штип не загинаа таму. Загинаа на мостот пред Петровец патарината, таму нема никакви приклучоци. На лева страна од автопатт 50-100м пред мостот автопатот е како свлечен и се собира вода кога врне поинтензивно, кој не го знае тоа може доста лошо да го изненади аквапилингот.

Што се однесува до ограничувањава нека се решат првен 50 случаи на возење во спротивни насоки, вртење на раскрсници лево па после сечење на полна лента и продолжување на десно со причина да не се чека 40сек на семафор, возење коли со Еуро 1-2 кој загадуваат ненормално, нека казнуваат за неисправни кочници на кој им требаат 60м за да застанат од 100км/х, претицување цели колони за стасување прв на семафор и раскрсница и сл што не се спомнуваат никаде.
А да се ситите дека на некој што возел брзо наместо 300 ќе му земат 500 евра е малце глупаво, како божем 300 евра се малце пари па 500-1000 нека зимаат. Сигурен сум дека тој што ќе го пишат 300 еу и уште полошо ќе му ја земат возачката му е доволна казна. Но секој со неговите гледања.

Апсолутно се слагам.

За мене многу позначителен и поголем проблем се неодржуваните коли кои не само што не се технички исправни, туку се ризик. Нека застанат еднаш да проверуваат длабочина на шари на гуми и нека ги исклучуваат на лице место тие што се несоодветни. Не мора да ги казнуваат, само нека ги подржат на лице место пола саат.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3892
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #676 на: 02 Октомври 2014, 20:49:13 pm »
Потполно се слагам со ова за гумиве, не ми текна а и тоа има огромна улога. Кога се бунат некој зошто колите што одат 250 мора 120 да возат и да се ситат ако ги пишат, нека ги казнуваат тогаш сите други зошто колите не им кочат за 32м од 100. Мојата ни оди 250, ни па кочи за 32м. Ова чисто илустративно го ставив.

Со реновирањево на патов Ве-Ск има огромни дупки, спојки на мостовите кој не се направени и мора да се минат со 10-20км/ч за да не си ја оштетиш колата. Секојдневно морам или да забрзувам на тие места или пак да се молам на неколку светци истовремено дека тој позади мене ќе успее да закочи и дека се му е во ред со видот, рефлексите, кочниците и гумите. Да напоменам дека кочам апсолутно пополека на тие места и на најкритичните и пуштам 4 жмигавци.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6676
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #677 на: 02 Октомври 2014, 21:16:20 pm »
Кој сака да си вози со 50+ од ограничувањата, тој само плука за таа одредба.

Децата од Штип не загинаа таму. Загинаа на мостот пред Петровец патарината, таму нема никакви приклучоци. На лева страна од автопатт 50-100м пред мостот автопатот е како свлечен и се собира вода кога врне поинтензивно, кој не го знае тоа може доста лошо да го изненади аквапилингот.

Па нели се мали ограничувањата, како на мали ограничувања аквапилингот ке не изненади ?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29801
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #678 на: 02 Октомври 2014, 21:21:31 pm »
Аквапланинг.

Аквапланинг може да се случи и на пониски брзини. Мене ми се случило на ~80 на саат, на место каде што ограничувањето е 120. Врнеше, истураше. Здравиот разум ми кажа дека треба да возам помалку од максимално дозволеното. За аквапланинг многу работи играат улога - покрај брзината, улога игра и тежината на возилото, видот на гумите 9 нивната способност за тргање на водата, ширината на гумата, длабочината на водата, итн.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6195
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #679 на: 02 Октомври 2014, 21:42:35 pm »
Ако има 10 сантими вода, и на 60 km/h ќе се помачиш да одржиш правец.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3892
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #680 на: 02 Октомври 2014, 21:42:58 pm »
Кој сака да си вози со 50+ од ограничувањата, тој само плука за таа одредба.


Гледаш некаде брзина на клипот од Јутуб ????? Јас само две коли што возат по автопат гледам. Може возат 120, може 220. Бројки нема.

Што се однесува до другото, каде виде дека плукам по таа одредба. Плукам по ситењето на сите за покачувањето на казната за 200 евра. Не е 300 евра казна и 3-6 месеви зимање на возачка малку ? Еве кога имаш толку против брзото возење, како би ти било да стават еколошка такса од 2000 евра за возила со норми помали од Еуро 2 и сите тука да се радосни и весели оти ќе ни се зачува озонот?  Нели во иднина и тоа ќе спаси многу животи и ќе го зголеми квалитетот на живот.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6676
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #681 на: 02 Октомври 2014, 21:47:14 pm »
Гледаш некаде брзина на клипот од Јутуб ????? Јас само две коли што возат по автопат гледам. Може возат 120, може 220. Бројки нема.



Башка на 4:55 од видеото го поминуваш Стартуп Мац, поранешен саксо мац. Бајаги брзо поминуваш покрај него, не верувам дека он возел со 30 км/ч во тој момент, а ти 120 км/ч.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #682 на: 02 Октомври 2014, 22:11:45 pm »
Ќе се натегаме и тоа до бесвест. Побрзи против побавни (условно речено) возачи, почитувачи против (не) почитувачи и така натаму. Одлука е одлука, фино лепо ќе се придржуваме или ќе полниме буџет. Јас лично мислам дека не сум расположен за полнење буџет. И да, не може сите да возат, ќоро, глуво, старо, младо, писмено, неписмено, сите имаат и возачки и коли. Се уморувам повремено од секојдневната авантура наречена возење. Премногу не има, премногу непочитување на законите.

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2852
  • Слобода или смрт
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #683 на: 02 Октомври 2014, 23:19:19 pm »
Кој сака да си вози со 50+ од ограничувањата, тој само плука за таа одредба.


Гледаш некаде брзина на клипот од Јутуб ????? Јас само две коли што возат по автопат гледам. Може возат 120, може 220. Бројки нема.

Што се однесува до другото, каде виде дека плукам по таа одредба. Плукам по ситењето на сите за покачувањето на казната за 200 евра. Не е 300 евра казна и 3-6 месеви зимање на возачка малку ? Еве кога имаш толку против брзото возење, како би ти било да стават еколошка такса од 2000 евра за возила со норми помали од Еуро 2 и сите тука да се радосни и весели оти ќе ни се зачува озонот?  Нели во иднина и тоа ќе спаси многу животи и ќе го зголеми квалитетот на живот.


Ако веќе толку многу го сакаме озонот најпрво би требало да се исфрлат сите дизел возила.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #684 на: 02 Октомври 2014, 23:22:20 pm »


Па нели се мали ограничувањата, како на мали ограничувања аквапилингот ке не изненади ?
Абе друже, наместо да кажеш дека треба патот да го направат да не задржува вода... Ај нека стават знак 60 ондека после Дени накај Автокоманда пошто кога врне има вода у третата лента па и со 70 да улеташ може да завршиш лошо. Накај Куманово нека стават знак 40 пошто на автопатот има бразди...
Ако имаш здрав разнум секако ке се прилагодиш спрема условите на патот. На пластичарска на пример страв ми е и 40 да возам пошто у секој момент може да изрипи некој и да те опали ;D
kimi затоа постојат еуро норми кои многу од дизелите ги задоволуваат.

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2852
  • Слобода или смрт
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #685 на: 02 Октомври 2014, 23:24:50 pm »
Јас па проблемот не го гледам во ограничувањето на брзината, они може и 200 да стават јас ако мислам или ако се осеќам сигурно на 100, толку ќе возам.

Благодарам.

Therein lies the point, ladies & gentlemen. Можеме да вергламе до 101 и назад, реалноста во Македонија е следната:

- Имаме страшно лоши патишта, на кои се работи. Се надевам дека наскоро ќе можеме да возиме по нови, мазни и убави патишта.
- Имаме страшно не-апдејтирани лимити и ограничувања.
- Имаме страшно педерски играња - како на пример местото на автопат кај Гевгелија каде што порано беше двонасочен патот, сега е автопат. Арно ама, знакот 80 стои (на автопат, без никакво приклучување од страна) и џандарите стојат 50 метри после знакот и штанцаат казни.

Нека биде совршено јасно - не е дека ако се направи ограничувањето 150, сите ќе возат 150, исто како што не е дека ако се легализираат геј бракови, сите ќе станеме педери. Аман, надминете го тоа глупаво размислување.

Ви демонстрираат научни истражувања каде се покажува дека со зголемување на лимитите за 10 километри на час се намалуваат сообраќајките и смртните случаи.. Вие не, па не, ограничувањето па ограничувањето.

Фино што има казни. Нема проблем. Нека се казнува за технички неисправни возила. Нека се казнува за непроменети плочки или гуртни, или па изедени дискови. Нека се казнува за нелегално измазнети гуми, нека се казнува за милион други работи, нема проблем.

И нека се казнува и во Чаир, Арачиново, Тетово и Гостивар, па ќе праиме муабет.

80 на Тетово-Гостивар е моронизам, направен и наменет исклучиво за штанцање казни и полнење буџет. Ништо повеќе.

Има некој проблем на горе споменативе места што се осначени? Се променило нешто во меѓувреме во државава за кое што јас не сум информиран од последнава моја посета на форумот?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6195
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #686 на: 02 Октомври 2014, 23:26:46 pm »
Кој сака да си вози со 50+ од ограничувањата, тој само плука за таа одредба.


Гледаш некаде брзина на клипот од Јутуб ????? Јас само две коли што возат по автопат гледам. Може возат 120, може 220. Бројки нема.

Што се однесува до другото, каде виде дека плукам по таа одредба. Плукам по ситењето на сите за покачувањето на казната за 200 евра. Не е 300 евра казна и 3-6 месеви зимање на возачка малку ? Еве кога имаш толку против брзото возење, како би ти било да стават еколошка такса од 2000 евра за возила со норми помали од Еуро 2 и сите тука да се радосни и весели оти ќе ни се зачува озонот?  Нели во иднина и тоа ќе спаси многу животи и ќе го зголеми квалитетот на живот.


Ако веќе толку многу го сакаме озонот најпрво би требало да се исфрлат сите дизел возила.

Современите дизели загадуваат помалку од бензинците.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6676
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #687 на: 02 Октомври 2014, 23:27:36 pm »
Абе друже, наместо да кажеш дека треба патот да го направат да не задржува вода...

Па вие се жалите дека мали се ограничувањата, дека патиштата многу повеке дозволуваат за возење од тие ограничувања, а сега викаш, па нека го направат патот.
Сеа супер се патиштата или нечинат ? Што нечини, патот, ограничувањето или се е супер ?

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2852
  • Слобода или смрт
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #688 на: 02 Октомври 2014, 23:28:30 pm »
Дизелот загадува на поинаков начин и е далеку поштетен од бензинецот за здравјето на луѓето. Само што тоа одамна се негира и крие бидејќи индустријата е многу јака.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20145
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #689 на: 02 Октомври 2014, 23:29:29 pm »
На кој?