Мислам дека имаше накај Велес такви знаци пред поострите кривини.
Иско од Куманово накај Крива Паланка знаците најчесто се 60, 70 евентуално 80, а има прави места кај што може да се вози (и се вози) 120, пошто има прегледност и нема ништо живо околу патот.
Абе Фило, штом ја качиле оваа казна скоро дупло, у скоро време ќе ги качат и тие за +10, +20 итн. и ќе застанат џандари у грмушка позади знакот.
Ете онде кога влегуваш во автокоманда си возиш 120 по автопат, а под мостот има знак 60, дур да намалиш он те фатил со радарот од таму.
Пред некој месец имаше и сообраќајка таму кај знакот од 60, еден со голф 5 закочил баш кај знакот (да не го фатат на радар пошто тогаш мереа), арно ама тој од позади него со фелицијата не закочил,па се забил у него