Некој искуство со Лефкада, поточно Агиос Никитас???
Што е, како е, план е да се оди на 15ти јули со наша кола, ќе идеме фамилијарно со моите, сестра ми и зет ми(не сум будала да чмаам у Охрид со друштво), така да дајте опција некоја и за шеткарање, небарам дискотеки такви работи али кафич некој може, барам одмор а не да трескам глава од земја до 7 саат сабајле во дискотека
Рутата ми е Скопје-Игуменица-Лефкада, патарини има ли натаму
симнав сеа мишенко али неможам да видам ништо посебно, ако некој идел нека каже искуство
Мене ми е едно од омилените места, бев пред две години таму и годинава пак ќе одев, ама сменив план за Хрватска.
Јас одев во едно хотелче Одисеј, на главното "шеталиште" каде што се сите таверни, за цената е ОК со доручек.
Кафичи посебно не видов некои не знам што, јас сум мераклија на јадење повеќе

ама затоа Левкас градот е на 10-15мин возење и таму имаш колку сакаш кафичи и остали ствари.
Ја имаш една од убавите плажи Милош (или Милос) на 15мин пешачење од самиот хотел, до кола не се иде, и сите убави плажи се јужно од самото место.
За паркинг е малце досадно, али хотелов имаше приватен паркинг, зашто зоната за пешачење до плажата е затворена за возила.
Мене ми е убаво автентично место.Со цените е мачце поскапо од другите места ама па и има зашто.
Јас кога прашував за цена цо хотелот за Јули беше 80евра за соба со доручек.
Ако нешто плус те интересира кажи.