Ханиоти има океј градска плажа иста како и Пефкохори, врши работа. Лидл имаш на истиот крак некаде помеѓу Аристотел Бич и Афитос, околу 10тина километри пред Ханиоти. Убавите плажи се Паљури, Лагомандра и уште една веднаш до нив, не ми текнува како се викаше, и тие се исто така 10тина километри од Ханиоти само во друг правец
http://www.halkidikitravel.com/en/beaches-in-halkidiki/beaches-in-kassandra/paliouri-beach-halkidiki
Така и испадна. Во петокот облачно, жива душа немаше на плажите, ние упорно се надевавме на сонце, и конечно излезе во 4 попладне.

Бевме на Cabana beach (шминкерска плажа, кај што луѓе идеа да бидат видени), ама за жал тоа го откривме утредента кога пак дојдовме на истата плажа.
Издржавме до кај 2 саат, па се префрливме на последната плажа, Paliouri, и одма друга атмосфера.

Иако имаше народ, немаше гласна музика, персоналот на плажата пријателски настроен, водата пречиста, и секаде песок за разлика од Cabana кај што имаше ситни камења измешани во песокот.
Иначе дали секаде во Грција се скржавци со интернетот, и зошто?
