Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 5986046 пати)

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 804
    • ibiz.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30255 на: 25 Ноември 2026, 16:09:41 pm »
@TylerMkD баш така. не е исто во потрошувачка глава(психолошки) 10 000 евра и 615 000 денари.

нешто слично како 19990ден, не е 20 000 ден :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7608
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30256 на: 25 Ноември 2026, 16:58:00 pm »
Неувезена Октавија ВРС дизел со 317 000 км, 2014 година, 11 500 €.

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5824496

Oва е на Мики со алфата некој братучед. :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10653
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30257 на: денес во 06:33:47 »
Не се должни воопшто да изразуваат цени во евра.
Едноставно може да ти каже 1.348.444 денари, и ти чешај се колку се тоа "пари".

Но, сите сме се навикнале поголемите суми денари да го сметаме во евра поради навикната перцепција за количество или вредност.



Обратно е, не се должни да изразуваат во евра, но се ДОЛЖНИ сумата да биде изразена во денари. Ова е по закон, ама претходно почнаа само на билборди да не објавуваат во денари, па на сајт, а сега гледам веќе и во ценовниците.

Како потрошувачи си имате права кои треба да бидат реализирани, не може цената на продуктот да зависи од денешниот курс - не сме во ЕУ со евро, туку во Македонија со денари.
Тоа што цените ги изразуваат во евра е заради психолошкиот момент, но не треба потрошувачот да остане жртва.
Сето тоа е точно и се сложувам дека не треба воопшто во евра.
Но, како што кажа Симо, и државата го прави истото.
Но истотака се случува и лов на вештици, особено од членови кои никогаш нема да припарат во салон да купуваат нова кола.
Ајде малку да погледнеме низ очите на ѓаволот 😈
Салонот или градежната фирма си одредиле цена од 1.240.000 денари, и наместо по 62, денарската цена да ја поделат по среден курс, ќе се добие повисока евро цена. Имено, наместо 20.000 евра, ќе се добијат отприлика 20.228,38 евра за истиот денарски износ доколку тој ден е 61.3. Утредента ако се промени курсот на 61.4, ќе треба да менуваат илјадници рекламни материјали за мрчаторите да не кењаат по форуми.
И што е добиено?
Едно големо ништо, 1.240.000 денари, ќе си останат 1.240.000 денари. И ако некому платата му е 124.000, ќе му требаат 10 плати, без разлика колкава флуктуација има курсот во банка.
Реално, нема тука никаква жртва.
Освен ако жртвата прво купува евра, па ги продава за денари :-X

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30258 на: денес во 09:57:10 »
Кај Шкода...

Цените се препорачани малопродажни цени, се наплаќаат во денари и се со вклучен ДДВ. Цените во евра се прикажани само за ориентација.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30259 на: денес во 10:02:23 »
Паметно.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15291
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30260 на: денес во 12:28:32 »
Неувезена Октавија ВРС дизел со 317 000 км, 2014 година, 11 500 €.

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5824496

Ова ако не се лажам е кај Даме наш и пак ако не се лажам сликиве од полирањето се од многу оддамна?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30676
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30261 на: денес во 14:32:56 »
Кхм.






Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55032
  • Махер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30262 на: денес во 14:55:06 »
Неувезена Октавија ВРС дизел со 317 000 км, 2014 година, 11 500 €.

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5824496

Ова ако не се лажам е кај Даме наш и пак ако не се лажам сликиве од полирањето се од многу оддамна?
300000км браво.
https://www.youtube.com/watch?v=sLIG7Bt__JI

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15291
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30263 на: денес во 15:53:00 »
Оваа е на Јосифов :) Газдата. Секогаш вози VRS-и со пембе бои :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30676
    • CARclub.mk
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30264 на: денес во 15:56:14 »
Истата кола е. Он ги има лепено црно-црвените стикери од страна.

Сега вози прекрасен Superb.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45186
  • Il Moderatore
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30265 на: денес во 20:26:42 »

Oва е на Мики со алфата некој братучед. :)
Или некој брат :)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7442
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30266 на: денес во 20:34:17 »
https://mk.tv21.tv/vo-sobranieto-podnesen-predlog-za-ukinuvane-na-del-od-davachkite-za-uvoz-na-vozila/

Ако се изгласа законов, добро ќе е. Ќе може да купиме поубави колички за пониски цени ураааа. ;D

Присутен MartinAlfista

  • Џовани Карбони
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18254
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30267 на: денес во 20:38:18 »
Giulia 2.0 280 incoming. Моментални давачки се 5500-8500 зависи колку ќе се согласите со државата дека вреди возилото. До 3000 да се дотера, веднаш оди QV на оглас и идеме во поход :)
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 351
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30268 на: денес во 20:42:19 »
Не се должни воопшто да изразуваат цени во евра.
Едноставно може да ти каже 1.348.444 денари, и ти чешај се колку се тоа "пари".

Но, сите сме се навикнале поголемите суми денари да го сметаме во евра поради навикната перцепција за количество или вредност.



Обратно е, не се должни да изразуваат во евра, но се ДОЛЖНИ сумата да биде изразена во денари. Ова е по закон, ама претходно почнаа само на билборди да не објавуваат во денари, па на сајт, а сега гледам веќе и во ценовниците.

Како потрошувачи си имате права кои треба да бидат реализирани, не може цената на продуктот да зависи од денешниот курс - не сме во ЕУ со евро, туку во Македонија со денари.
Тоа што цените ги изразуваат во евра е заради психолошкиот момент, но не треба потрошувачот да остане жртва.
Сето тоа е точно и се сложувам дека не треба воопшто во евра.
Но, како што кажа Симо, и државата го прави истото.
Но истотака се случува и лов на вештици, особено од членови кои никогаш нема да припарат во салон да купуваат нова кола.
Ајде малку да погледнеме низ очите на ѓаволот 😈
Салонот или градежната фирма си одредиле цена од 1.240.000 денари, и наместо по 62, денарската цена да ја поделат по среден курс, ќе се добие повисока евро цена. Имено, наместо 20.000 евра, ќе се добијат отприлика 20.228,38 евра за истиот денарски износ доколку тој ден е 61.3. Утредента ако се промени курсот на 61.4, ќе треба да менуваат илјадници рекламни материјали за мрчаторите да не кењаат по форуми.
И што е добиено?
Едно големо ништо, 1.240.000 денари, ќе си останат 1.240.000 денари. И ако некому платата му е 124.000, ќе му требаат 10 плати, без разлика колкава флуктуација има курсот во банка.
Реално, нема тука никаква жртва.
Освен ако жртвата прво купува евра, па ги продава за денари :-X

Не разбирам што ми објаснуваш? Цената е во денари баш заради вакви работи што ги спомна - за да не зависи од курс на странска валута. Стави ја цената 1.240.000 на билборд и на сите рекламни материјали (како што е по закон) и не мора да менуваш ако еврото се смени.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 351
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30269 на: денес во 20:48:15 »
Кај Шкода...

Цените се препорачани малопродажни цени, се наплаќаат во денари и се со вклучен ДДВ. Цените во евра се прикажани само за ориентација.

Кај Шкода е во ред, имаш цени во денари на ценовник. Кај другите, пример Mazda имаш цени во евра со информација сам да конвертираш со 62. Кај Hyundai е истото со тоа што сам да конвертираш со 61,8.
Во овој случај цените во евра кај Мазда и Hyundai не се исти.

Еве ви од Законот

Според Законот за заштита на потрошувачите и правилата на Државниот пазарен инспекторат:
• Забрана за оставање купувачот сам да пресметува. Трговецот има законска обврска директно да ја наведе конечната продажна цена во денари. Не смеете да го ставите потрошувачот во ситуација сам да множи цена во евра по одреден курс за да дознае колку точно ќе плати.
• Забрана за произволно одредување курс кај физички лица. Во прометот на мало (B2C) на домашниот пазар, денарот е единствено законско средство за плаќање. Формирањето цени преку „интерен курс“ (како 62 денари за 1 евро) се смета за заведувачка деловна практика и прекршок, бидејќи се обидува да ја заобиколи обврската за директно истакнување денарска цена.