Автор Тема: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.  (Прочитано 7236 пати)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« на: 13 Ноември 2011, 01:14:26 am »
Па еве ред е и јас да го представам моето количе.

Модел: Mercedes Benz A160.
Родено: 28 Ноември 1998 год. во Мак Аутостар во Скопје.
Посвоено (од мене): 1 Април 2011 год. со поминати 112.600км.

Мотор:1598cm3.
Гориво: Бензин.
Моќ: 102hp, 5250RPM, 150Nm/4000RPM.
Максимална брзина: 180км/ч.
Забрзување 0-100км/ч: 10.8с.
Тежина: 1.115 кг.
Должина: 3607мм.
Ширина: 1720мм.
Висина: 1575мм.
Меѓуоскино растојание: 2423мм.
Багажник: 391л.
Гуми: моментално има 185/65/15, а треба да има 195/50/15.
Менувач: 5 брзини, рачен.
Потрошувачка (теоретски): град - 10.2л, отворено - 5.4л, комбинирано 7.2л.

Опрема: ABS, BAS/ESP, ASR, Клима, Серво волан, Централно заклучување со далечинско, Електрика на ретровизори, Електрика на предни прозори, 4 воздушни перничиња (возач, совозач и 2 странични), Висинско подесување на седишта, Радио ЦД МП3...


Импресии: 2 месеци барав Астра 1,6, и откако насекаде се изнагледав скапани астри од увоз, се решив за оваа кола од човек што го познавам, што заминуваше да живее во Канада.
Пред да влезам во колата, имав многу лошо мислење за неа, почнувајќи од изгледот па се друго.
Ама откако почнав да ја возам, го сменав многу мислењето за неа. Изгледот уште не ми прави баш ќејф (ко удрена со пегла од напред  :) ), ама каква удобност во возење има, големина во внатрешност, јачина на мотор... баш ми прави ќејф.

После поминати 4.000 км, имам само сменато улје, филтер за улје, 2 сијалички на шалт табла, брисачи и течност за нив  :).

Измерена потрошувачка: на 535км (340км поминати на отворено Скопје - Охрид - Скопје, а останатите поминати низ Скопје, во главно на кратки релации) потроши 44л, просек 8,2 л на 100км.
Просек на отворено троши 6.5л - 7л, а градска немам баш мерено, ама околу 10л треба да е.


Моментално ставам само една слика, во иднина ќе ставам и други слики, од повеќе агли.

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #1 на: 13 Ноември 2011, 01:22:01 am »
Уште многу да си ја тераш :)
Она што ме изненади кај бројките е тежината и големината не гепек. Не сум знаел и браво :)

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #2 на: 13 Ноември 2011, 01:52:18 am »
Одлично претставување.
Уште многу безгрижни километри :)
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #3 на: 13 Ноември 2011, 03:13:36 am »
Ех, кажи ги и мааните на колава :D Вожњата е ептен добра на поголеми брзини, али на ~20 km/h по дупчиња и нерамнини е земјотрес.
Одлично претставување, мислењето за колава ми беше исто и мене, ама во блиска фамилија купија исто вакво но 160 CDI. На почеток тешко се навикнуваш на положбата на седење, но откако ќе се навикнеш, ептен интересно е за возење. Тоа ми беше прва кола што сум ја возел со турбодизел мотор, и со скромните 75 коња, влече ко дрогирано :D :D
Со здравје да се вози, многу километри да се вртат, и ако некогаш ми притребаат делчиња, ќе те прашам кај набавуваш.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #4 на: 13 Ноември 2011, 08:56:25 am »
Одлично количе,мене баш ми е убавона ,само би рекол рачките на вратите да ги офарбаш во бело!
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #5 на: 13 Ноември 2011, 11:25:28 am »
Мечка. Најс.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #6 на: 13 Ноември 2011, 19:00:21 pm »
Уште многу да си ја тераш :)
Она што ме изненади кај бројките е тежината и големината не гепек. Не сум знаел и браво :)

фала.
Имало реклама порано за оваа класа. Пораката била "Не сум јас мал, браќата ми се големи :)"


Одлично претставување.
Уште многу безгрижни километри :)

Фала фала.


Ех, кажи ги и мааните на колава :D Вожњата е ептен добра на поголеми брзини, али на ~20 km/h по дупчиња и нерамнини е земјотрес.
Одлично претставување, мислењето за колава ми беше исто и мене, ама во блиска фамилија купија исто вакво но 160 CDI. На почеток тешко се навикнуваш на положбата на седење, но откако ќе се навикнеш, ептен интересно е за возење. Тоа ми беше прва кола што сум ја возел со турбодизел мотор, и со скромните 75 коња, влече ко дрогирано :D :D
Со здравје да се вози, многу километри да се вртат, и ако некогаш ми притребаат делчиња, ќе те прашам кај набавуваш.

Фала фала.

Гумите не се стандардните 195/50/15. Моментално има 185/65/15 и удобноста е далеку подобра. Искрено размислувам за наредни гуми дали да се вратам на стандардните (овие имаат поминато околу 20.000 во последниве 3 години). Ќе ја изгубам удобноста, ама со моменталниве гуми имам лажење на километражата од 7%, минимално намалување на стабилноста/лежењето на колата, минимална зголемена потрошувачка и минимална намалена моќност.

Мани, како секоја кола ги има. Една од маните е недостапноста на деловите од моторот (не дај боже во блиска иднина да треба некоја интервенција). Мене доста ми пречи левиот стуб кај ветробранското стакло - доста е напред поставено и пречи во погледот од левата страна, посебно во поголеми леви кривини.

Седењето во колата е доста повисоко од другите коли. Како во помало џипче. Сега се навикнав на такво седење, и чудно ми е ко ќе се качам во друга кола :)


Мечка. Најс.

Малото од мечките - мече :)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #7 на: 14 Ноември 2011, 16:50:17 pm »
Другар све све е ок, ама потрошувачката некако ми е голема, за вакво мало ауто...

Дали тебе математиките, не ти се во ред, или ... нешто некој сензор или давач дупи... и ти зголемува потрошувачка...

Искрено, по мое... на отворено при вожња од 100-120 кмч не треба да ти троши повеке од 5.5/5.7литри А во град, еве да речеме... до кај 7.5/8.0 литри...

Види, по форуми, како е портрошувачката кај други...  како ти се напумпани гумите... и слично...

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #8 на: 14 Ноември 2011, 17:03:58 pm »
ај добредојде уште еден охриѓанец на форумов :), супер е мечето, вака на сликава изгледа како ептен очувано, јас не би чепкал ништо на колата, можда само кровот би го префарбал во црна сјајна боја и фаровите како да ти се за полирање, за гумите ти препорачувам да се држиш на стандардна димензија, знам дека 195/50/15 се нископрофилни гуми и секоја дупка по газ ќе ја осеќаш :) ама сепак ќе добиеш на стабилност, а и на изглед

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #9 на: 14 Ноември 2011, 23:23:11 pm »
Искрено, по мое... на отворено при вожња од 100-120 кмч не треба да ти троши повеке од 5.5/5.7литри А во град, еве да речеме... до кај 7.5/8.0 литри...

Еве ги теоретските податоци за колата:
City:   23.1 mpg (10.2 L/100Km)
Highway:   43.6 mpg (5.4 L/100Km)
Combined:   32.7 mpg (7.2 L/100Km)

Значи 5.5 за да ги извади ќе треба ептен културно да се вози, и пак е прашање дали ќе се постигни тоа :)

Моите бројки дојдоа при возење со повеќе души, без штедење на нагорнини, клима, нагло забрзување, напати со брзини над 120 км/ч .... Колата е мала во должина ама има тежина од 1.115кг,  1600 кубици и 102 коњи кои треба да се нахранат :)

ај добредојде уште еден охриѓанец на форумов :), супер е мечето, вака на сликава изгледа како ептен очувано, јас не би чепкал ништо на колата, можда само кровот би го префарбал во црна сјајна боја и фаровите како да ти се за полирање, за гумите ти препорачувам да се држиш на стандардна димензија, знам дека 195/50/15 се нископрофилни гуми и секоја дупка по газ ќе ја осеќаш :) ама сепак ќе добиеш на стабилност, а и на изглед

Фаровите се ептен за полирање. Ама целосното досредување на колата остана за понатака. Иначе колата е ептен домаќински чувана со мали ситни гребнатини кои се средени сега.
За гумите, има време ќе размислам, ама голема веројатност дека се враќам на стандардните. А за изглед мене ми е полична со овие гуми,
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #10 на: 16 Ноември 2011, 16:13:36 pm »
Епа ете мојата предпоставка е точна...

5.5 на отворено значи култна вожња... до 120 кмч
8.0 во град, Али ... град... не да се возиш као низ Скопје во 16ч пред рамстор...
« Последно менување: 16 Ноември 2011, 16:50:25 pm RikiRulz »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #11 на: 16 Ноември 2011, 16:33:34 pm »
Добро бандашче, добродојде R2D2

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #12 на: 03 Ноември 2020, 10:11:03 am »



Мечето од пештерата, избркано надвор, а пештерата резервирана за октавиата http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Бидејќи колата е во топ состојба, за овие 9 години никогаш не ме оставила на пат, решив да не ја продавам (за многу мала цена), ќе ја чувам како второ возило и возило за сопругата.

- купена со 112.600 (не е потврдено, ама изгледа моторот е сменет во 5та година, под гаранција, што значи овој мотор сега е -50,000км);
- моментално има ~190.000km

Еве една хронологија на настани, како сум се грижел за неа:
- редовни сервиси на улје, филтер за улје, филтер за воздух, филтер за клима;
- 2013 - монтиран плински уред во Плимонт - редовно сервисиран и тој во Плимонт - досега не сум имал апсолутно никаков проблем со него, работи како од прв ден;
- 2014 - гуми Continental Premium Contact 5, 195/50/15
- 2014 - антифриз G12;
- 2014 - предни репарирани амортизери, десен држач за амортизер, и некои други ситници на предница, гумици, баланштангла...
- 2015 - плочки на кочници, затегачи на каиш и друго околу него...;
- 2016 - свеќици, 2 држачи на мотор;
- 2016 - бомбина - прво почна да сецка моторот, не примаше рамномерно гас, па се исклучи плимонт и не дозволуваше негово активирање;
- 2018 - лева јабучица, спона, стабилизатор .... јабучицата од памет ме извади. Низ Скопје осетив нешто не е во ред, на проверка не забележаа ништо (гужва имаше и не ја кренаа цела кола), заминав Охрид и на враќање, со брзина од 140 на автопат, во блага кривина, почна да тресе колата како дупната гума.... застанав, сите гуми во ред, со помала брзина правец на проверка и средување предницата;
- 2019 - гуми Nokian WetProof 195/50/15

Предницата, освен тоа горе, редовно е проверувана и средувана тоа што и фали.

2 пати сменето акумулатор, вториот превентивно пред да откаже. Бидејќи првиот акумулатор кога откажуваше, најверојатно паѓаше напонот, а колата има некој безбедносни заштити, на помал напон не работат дел од системите, BAS/EPS и колата како да работи на 2 клипа, гаси... и малце ме измачи првиот акумулатор кога откажа пред да дознаам што го предизвикува проблемот.

Најголем проблем што ми направи е клапната. Колата возам, светнува BAS/EPS, работи како на 2 клипа, не оди. Застанувам, гасам / палам и продолжува најнормално, па зачестуваше тоа, гасеше во лер гас, не примаше гас... и уште неколку варијанти и не секогаш исто и не секогаш истите работи.
Мајстори кажуваа сензори треба да се менуваат, компјутер да се менува, клапна да се менува..... ништо од тоа не направив, туку спреј за чистење/обезмастување кочници, отворам клапната, прскам, чистам и наредни година-две нема апсолутно никаков проблем. При првиот знак за проблем, повторно чистење на клапната и повторно година-две нема никаков проблем.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #13 на: 03 Ноември 2020, 10:34:57 am »
Бооооо од 2011 воскресна во 2020,каде си бил 9 години чоече 😃.
Иначе гледам имаш мерак за одржување и водење евиденција,со здравје да си го возете.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Mercedes A160 (W168) 102hp 1998god.
« Одговори #14 на: 03 Ноември 2020, 10:44:37 am »
Цело време сум тука, само читав, не пишував :)
За одржување - колата ќе те чува во зависност од колку ти нејзе ја чуваш. Бидејќи ја возам низ мк, на одмор гр, плус со мало дете, безбедноста ми е на прво место.
За антиквитет од '98 е топ.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html