Не се должни воопшто да изразуваат цени во евра.
Едноставно може да ти каже 1.348.444 денари, и ти чешај се колку се тоа "пари".
Но, сите сме се навикнале поголемите суми денари да го сметаме во евра поради навикната перцепција за количество или вредност.
Обратно е, не се должни да изразуваат во евра, но се ДОЛЖНИ сумата да биде изразена во денари. Ова е по закон, ама претходно почнаа само на билборди да не објавуваат во денари, па на сајт, а сега гледам веќе и во ценовниците.
Како потрошувачи си имате права кои треба да бидат реализирани, не може цената на продуктот да зависи од денешниот курс - не сме во ЕУ со евро, туку во Македонија со денари.
Тоа што цените ги изразуваат во евра е заради психолошкиот момент, но не треба потрошувачот да остане жртва.
Сето тоа е точно и се сложувам дека не треба воопшто во евра.
Но, како што кажа Симо, и државата го прави истото.
Но истотака се случува и лов на вештици, особено од членови кои никогаш нема да припарат во салон да купуваат нова кола.
Ајде малку да погледнеме низ очите на ѓаволот 😈
Салонот или градежната фирма си одредиле цена од 1.240.000 денари, и наместо по 62, денарската цена да ја поделат по среден курс, ќе се добие повисока евро цена. Имено, наместо 20.000 евра, ќе се добијат отприлика 20.228,38 евра за истиот денарски износ доколку тој ден е 61.3. Утредента ако се промени курсот на 61.4, ќе треба да менуваат илјадници рекламни материјали за мрчаторите да не кењаат по форуми.
И што е добиено?
Едно големо ништо, 1.240.000 денари, ќе си останат 1.240.000 денари. И ако некому платата му е 124.000, ќе му требаат 10 плати, без разлика колкава флуктуација има курсот во банка.
Реално, нема тука никаква жртва.
Освен ако жртвата прво купува евра, па ги продава за денари
