Супер сте вие, ние немаме толку бројки, бар на хартијата. На крај има само една бројка 
Што мотор е ова?
Бензинец Н46Б20. Атмосферска косилица со 140 коњи. Значи техничкиот е правен како што треба (без да го издувувам претходно за да загрее катализаторот и без адитиви).
Го сврзаа на компјутер, и веднаш му брцнаа сондата позади. Реално го мереа на ладен мотор и со сонда и по ОБД. Немаше разминувања меѓу вредностите по ОБД и по сонда. Катализаторот одличен, секундарната пумпа за воздух, одлична. Иако е ОБД сертифицирана, повеќето технички прегледи се олд скуул, комбинација од ОБД и сонда.
Единствените грешки што излегоа беа, едната сијалица на таблиците и десното рикверц светло. И ми рекоа да си ги поправам, затоа што на наредниот технички нема да минам ако ги има.