Јас не зборувам за патувањата со автомобили, туку за превозот на товар. Превозот со лични автомобили е прашање на ќеф, и нема некое поголемо економско значење. И ние не знаеме како од централна балканска држава, станавме релативно безначајни во превозот на товар и добра.
Инаку, јас секогаш преферирам регионални патишта (кога патувам некаде на шетање.) Па си застанеш во на пат, пауза, селце, интересна локална кафеанка, некое локална знаменитост, локален рецепт, локално точено пиво, лагано, муабет, уживанција.
Конкретно за Грција, не знам дали си патувал преку Кулата - Промахонас од кај Серес низ Македонските селца таму. Какво узо со сиренце и маслинки има во кафеанчињата, абе милина.
....
Колку од тие што одлучуваат како да се организира сообраќајот како прво се образовани да го прават тоа, и како второ доволно прошетани за да имаат некакво опипливо искуство и логика како да го направат најоптимално? Дилетантизам пар екселанс, пропратен со некаков малограѓански комплекс на повисока вредност.
