Kaква врска нема? Тоа е беден начин да се извади некој коњ повеќе на сметка на здравјето на моторот. Тоа е богата смеса, и обичните бензинци можат да трпат побогата, ќе трпи. Но поретка НЕ МОЖЕ. Не можеше, се додека не се позајмија дизелските технологии, со кои бензинот се вбризгува пред тдц, исто како кај дизелот.
За да биде тоа можно украдена е уште една клучна дизелска технологија: контрола на работата на моторот преку ДИЗНИТЕ а не преку клапната за воздух. Остануваат уште две клучни разлики меѓу дизел и бензинец: користењето на свеќици за запалување и ниската компресија. Koга ќе успее бензинецот да работи на дизелска компресија, тогаш ќе биде исто толку економичен.