ЗлаткоА, од кај ти е текстов? Има бубачки, ќе ти одговорам по некое време.
Дизелот тежи 1522кг, бензинецот тежи 1376кг. Бензинецот победува има помала инертна маса што треба моторот да ја задвижува.
Споредуваш мотори или коли? Не може бензинецот да 'победува', но колата со бензинец е во предност бидејќи е со помала маса.
Дизелот дава 163НМ по кубен литар на моторот, бензинецот дава 179НМ. Бензинецот победува, затоа што има подобра енергетска искористливост од зафатнинтата на моторот.
Нерелевантно и погрешно. Нерелвантно е, затоа што не ни е битно колку нм од колку ццм. А погрешно затоа што енергетската искористливост е секогаш на страната на дизелот кој е 30% поефикасен од бензинецот. Бензинецот не го согорува горивото како што треба и го фрла во топлина.
Дизелот има 10,1 кило тежина по коњска сила, бензинецот има 9,2 кила по коњска сила. Бензинецот победува затоа што една коњска сила на моторот влече помалку тежина споредено со дизелот.
Овде го повтораш првото...
Дизелот има 210НМ по тон влечна снага, бензинецот има 182 НМ влечна снага по тон. (Бројките се добиени со делење на Torque со Weight (EU). Дизелот победува затоа што има повеќе Њутн Метри по тон. НО оваа математика важи само до осовината пред влез во менувач, затоа што овој Torque е испеглан, сменет со помош на менувачот.
Пак го повтораш истото... се се состои во тоа дека дизелот со иста снага е потежок.
Понатаму имаш графици и анализи, но, тука употребуваш фиктивна снага. Треба да ги земеш кривите на моторите. При секој обртај на моторот, тој произведува специфична снага, јас не гледам бројки за КС при вртежи Исто така велиш едниот е во подрачје на максимален торк, па влече повеќе, а не кажуваш колку е тој торк. Можеби дизелот иако не е во максимален торк пак има повеќе од бензинецот. Треба да работиш со бројки.
Обртаите на осовината каде ги најде, точни ли се?
Графиците треба да не ги земаш здраво за готово, најчесто се реклами, дајноата кажуваат нештои друго.
Графици немам користено во пресметките. Ниту пак имам земано податоци од таков карактер.
Пресметките се направени за да можат да се споредат реални услови за експлоатација. Сите споредуваат коњи и торк, никој не зема во предвид дополнителни оптоварувања што возилото ги има.
Возилото со Дизел мотор е потешко. Има поголема инертна маса што моторот треба да ја задвижи. Поголема специфична тежина по пневматик на подлога, поголем отпор на фрикција, пневматик -асфалт. Нема тука ништо спорно. Во споредбата губи.
Зашто сите споредби кои ги имам направено и каде што дизелот е инфериорен не сакаш да ги земеш како релевантни. Тие споредби што ги имам дадено се релевантни при димензионирање на мотор за возило во речиси секое развојно оделение кај производителите на автомобило. Тебе ти се смешни, ама има зашто тие параметри се земаат како репер при пресметка погонска единица кај секое возило.
Што подразбираш под фиктивна снага? Таква терминологија или параметар не постои ниту во физичките, јакосните ниту пак пресметките во машинство за било што.
Бројките се земени од официјална техничка документација издадена од фабрика за секое од возилата. Нема никакви апроксимации.
Подрачјата за максимален торк ги има наведено на првите слики каде се дадени спецификациите за двата мотири. Не ги измислив јас. Фабриката ги декларира како такви за двата мотори. Врз основа на тоа анализата е таа што е прикажана.
Ако правилно знаеш да ги прочиташ бројките нема да ти треба експлицитно прикажана споредба на коњи и њутн метри за да видиш кој ќе победи. Ме мрзи сега да склапам у ексел пак пресметка, ама исходот ќе биде ист.
Може и влечна пресметка да направиме за двете возила и да ги земеме сите параметри во игра (отпор на триење на воздух, отпор од пневматик по подлога и сл..) исходот пак ќе биде тој.
Ако сеуште се сомневаш дека турбо бензинецот е подобар, ќе се потрудам да ти обезбедам Голф 7 2.0 ТDI и Голф 7 1.4TSI и сам да се увериш во горе искажаното. Во живо. Ти ќе возиш.
После тоа ако сакаш ќе им измериме издувни гасови и ќе им ги преброиме сензорите.