Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1998240 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16230 на: 26 Февруари 2016, 16:58:11 pm »
Златко изработил магистерска на тема  турбо-бензин вс турбо-дизел. :) ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55052
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16231 на: 26 Февруари 2016, 17:01:43 pm »
Претходно го има ставено. И сме го дискутирале текстот и порано.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16232 на: 26 Февруари 2016, 17:08:01 pm »
ЗлаткоА, од кај ти е текстов? Има бубачки, ќе ти одговорам по некое време.



Цитат
Дизелот тежи 1522кг, бензинецот тежи 1376кг. Бензинецот победува има помала инертна маса што треба моторот да ја задвижува.
Споредуваш мотори или коли? Не може бензинецот да 'победува', но колата со бензинец е во предност бидејќи е со помала маса.


Цитат
Дизелот дава 163НМ по кубен литар на моторот, бензинецот дава 179НМ. Бензинецот победува, затоа што има подобра енергетска искористливост од зафатнинтата на моторот.
Нерелевантно и погрешно. Нерелвантно е, затоа што не ни е битно колку нм од колку ццм. А погрешно затоа што енергетската искористливост е секогаш на страната на дизелот кој е 30% поефикасен од бензинецот. Бензинецот не го согорува горивото како што треба и го фрла во топлина.

Цитат
Дизелот има 10,1 кило тежина по коњска сила, бензинецот има 9,2 кила по коњска сила. Бензинецот победува затоа што една коњска сила на моторот влече помалку тежина споредено со дизелот.
Овде го повтораш првото...

Цитат
Дизелот има 210НМ по тон влечна снага, бензинецот има 182 НМ влечна снага по тон. (Бројките се добиени со делење на Torque со Weight (EU). Дизелот победува затоа што има повеќе Њутн Метри по тон. НО оваа математика важи само до осовината пред влез во менувач, затоа што овој Torque е испеглан, сменет со помош на менувачот.
Пак го повтораш истото... се се состои во тоа дека дизелот со иста снага е потежок.

Понатаму имаш графици и анализи, но, тука употребуваш фиктивна снага. Треба да ги земеш кривите на моторите. При секој обртај на моторот, тој произведува специфична снага, јас не гледам бројки за КС при вртежи Исто така велиш едниот е во подрачје на максимален торк, па влече повеќе, а не кажуваш колку е тој торк. Можеби дизелот иако не е во максимален торк пак има повеќе од бензинецот. Треба да работиш со бројки.
Обртаите на осовината каде ги најде, точни ли се?
Графиците треба да не ги земаш здраво за готово, најчесто се реклами, дајноата кажуваат нештои друго.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3281
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16233 на: 26 Февруари 2016, 17:09:12 pm »
ЗлаткоА, од кај ти е текстов? Има бубачки, ќе ти одговорам по некое време.

Текстот е мој. Не е ископиран. Бубачки може да има зашто не влегував во детали и плус ќе биде досаден за читање.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3281
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16234 на: 26 Февруари 2016, 17:35:56 pm »
ЗлаткоА, од кај ти е текстов? Има бубачки, ќе ти одговорам по некое време.



Цитат
Дизелот тежи 1522кг, бензинецот тежи 1376кг. Бензинецот победува има помала инертна маса што треба моторот да ја задвижува.
Споредуваш мотори или коли? Не може бензинецот да 'победува', но колата со бензинец е во предност бидејќи е со помала маса.


Цитат
Дизелот дава 163НМ по кубен литар на моторот, бензинецот дава 179НМ. Бензинецот победува, затоа што има подобра енергетска искористливост од зафатнинтата на моторот.
Нерелевантно и погрешно. Нерелвантно е, затоа што не ни е битно колку нм од колку ццм. А погрешно затоа што енергетската искористливост е секогаш на страната на дизелот кој е 30% поефикасен од бензинецот. Бензинецот не го согорува горивото како што треба и го фрла во топлина.

Цитат
Дизелот има 10,1 кило тежина по коњска сила, бензинецот има 9,2 кила по коњска сила. Бензинецот победува затоа што една коњска сила на моторот влече помалку тежина споредено со дизелот.
Овде го повтораш првото...

Цитат
Дизелот има 210НМ по тон влечна снага, бензинецот има 182 НМ влечна снага по тон. (Бројките се добиени со делење на Torque со Weight (EU). Дизелот победува затоа што има повеќе Њутн Метри по тон. НО оваа математика важи само до осовината пред влез во менувач, затоа што овој Torque е испеглан, сменет со помош на менувачот.
Пак го повтораш истото... се се состои во тоа дека дизелот со иста снага е потежок.

Понатаму имаш графици и анализи, но, тука употребуваш фиктивна снага. Треба да ги земеш кривите на моторите. При секој обртај на моторот, тој произведува специфична снага, јас не гледам бројки за КС при вртежи Исто така велиш едниот е во подрачје на максимален торк, па влече повеќе, а не кажуваш колку е тој торк. Можеби дизелот иако не е во максимален торк пак има повеќе од бензинецот. Треба да работиш со бројки.
Обртаите на осовината каде ги најде, точни ли се?
Графиците треба да не ги земаш здраво за готово, најчесто се реклами, дајноата кажуваат нештои друго.



Графици немам користено во пресметките. Ниту пак имам земано податоци од таков карактер.

Пресметките се направени за да можат да се споредат реални услови за експлоатација. Сите споредуваат коњи и торк, никој не зема во предвид дополнителни оптоварувања што возилото ги има.

Возилото со Дизел мотор е потешко. Има поголема инертна маса што моторот треба да ја задвижи. Поголема специфична тежина по пневматик на подлога, поголем отпор на фрикција, пневматик -асфалт. Нема тука ништо спорно. Во споредбата губи.

Зашто сите споредби кои ги имам направено и каде што дизелот е инфериорен не сакаш да ги земеш како релевантни. Тие споредби што ги имам дадено се релевантни при димензионирање на мотор за возило во речиси секое развојно оделение кај производителите на автомобило. Тебе ти се смешни, ама има зашто тие параметри се земаат како репер при пресметка погонска единица кај секое возило.

Што подразбираш под фиктивна снага? Таква терминологија или параметар не постои ниту во физичките, јакосните ниту пак пресметките во машинство за било што.

Бројките се земени од официјална техничка документација издадена од фабрика за секое од возилата. Нема никакви апроксимации.

Подрачјата за максимален торк ги има наведено на првите слики каде се дадени спецификациите за двата мотири. Не ги измислив јас. Фабриката ги декларира како такви за двата мотори. Врз основа на тоа анализата е таа што е прикажана.

Ако правилно знаеш да ги прочиташ бројките нема да ти треба експлицитно прикажана споредба на коњи и њутн метри за да видиш кој ќе победи. Ме мрзи сега да склапам у ексел пак пресметка, ама исходот ќе биде ист.

Може и влечна пресметка да направиме за двете возила и да ги земеме сите параметри во игра (отпор на триење на воздух, отпор од пневматик по подлога и сл..) исходот пак ќе биде тој.

Ако сеуште се сомневаш дека турбо бензинецот е подобар, ќе се потрудам да ти обезбедам Голф 7 2.0 ТDI и Голф 7 1.4TSI и сам да се увериш во горе искажаното. Во живо. Ти ќе возиш.

После тоа ако сакаш ќе им измериме издувни гасови и ќе им ги преброиме сензорите.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3281
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16235 на: 26 Февруари 2016, 17:54:10 pm »
Не може бе Златко под преса, та нели гледаш дека возилата што се увезуваат на големо се со просечна старост од 15 години???
Туку мора да се најде начин да се спречат возилата кое реално многу загадуваат, како што се АПН6, кола што троши масло, дизел што чади ко локомотива итн.

Во нормалниот западен свет, каде што еколошката свест и грижата за споственото здравје се на повисоко ниво од овде, за секој производ се декларирани енергетската ефикасност, и степенот на загадување што тој производ го прави (најчесно во количина на C02). Овде спаѓаат, автомобили, фрижидери, телевизори, мобилни и тн.

Кај нас критериумите за увоз на крнтии во последниве 5-6 години се никакви. Се внесува се и сешто.

Најголемиот број од дизел возилата што се носат кај нас (Голф 4, Ауди А3, Ауди А4 најчесто со 1.9TDI мотор) ги откупуваат од отпади по цена од 700-900 евра парче. Ги симнуваат од преса. Буквално. Тие примероци што не задоволуваат никаква еколошка норма, на запад се пуштаат под преса. Најчесто таквите возила се ДИЗЕЛ.

Нашите трговци фино лепо си ги товарат од отпад на шлепер, ќе им направат хемиско чистење, ќе им стават соодветно адитивче во моторот и ќе го продадат по прифатлива цена за македонскиот напатен граѓанин кој што е изгорен да вози дизел, макар и да дими затоа што е дизел.

Проблемот е што ние немаме никаква законска регулатива. За да може да се сменат работите од корен и да почнеме да се однесуваме еколошки посвесно, треба да се донесе закон каде што возилата што не исполнуваат еколошки норми да одат под преса и да бидат отстранети од улици.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16236 на: 26 Февруари 2016, 17:59:30 pm »
Фиктривна е снагата затоа што немаш графици. Графикот ја покажува моменталната снага при секој обртај на моторот. Не е доволно само Макс НМ при 1500.... Исто така тие бројки, ем недоволни, се И лажни. Пример 1.2 ТСИ 85 имал максимален торк при 1500 на хартија. Каква лага. На 1500рпм моторот е мртов. Дури на 2000 почнува да влече, да веќе на 3000 изгуби снага.  Колата не може да се вози 5та 90кмх, затоа што тогаш вози негде на 1700рпм (IIRC) и го газиш докрај и 5 секунди ништо не се случува.

Не ни пробувај да прејудирицарш дека бензинецот бил подобар од дизелот, тоа би било многу незрело. Но факт е дека во 2015 работите многу се сменија на поле на перфроманси. Откако ја прифатија целата дизелска технологија, бензинците станаа многу поконкурентни и перфромансите сега им се слични. Но има и други страни на медаљата.




Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16237 на: 26 Февруари 2016, 18:04:53 pm »
Не се согласувам со скоро се што кажа.
Имаме норми за увоз. Еуро 3 нормата е активна во моментот, и треба да се замени со еуро4. Требаше уште лани летоска, но се одложија.
Не се од отпад колите донесени. Не си бил во отпад, не си купувал кола, не си шетал по плацевите.  
Не се ни западњаците толку совесни како што мислиш, лажно декларираат и потрошувачки и издувни гасови. Лицемерни се до бескрај. Сега некој амерички студент као случајно откри дека цела европска автомобилска индустрија лаже.

Проблемот е многу поедноставен. Да се отстранат само возилата што се во многу лоша состојба и пред се АПН6 моторчињата кои загадуваат како 100 коли и ги рушат сите норми за бучност.  Еден во сред центар го запали марутито, тоа пред ремонт чаде ли чаде. Абе мислиш куќа гори. Екстремните случаеви треба да се корегираат.
« Последно менување: 26 Февруари 2016, 18:14:07 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16238 на: 26 Февруари 2016, 18:07:01 pm »
Сам си кажа дека сте извале ист резултат џонтра. Дајте мерење колку извадивте на технички? Симо ти се сеќаваш ли?

Јас тоа те тролнав само. Ти да имаше малку поима од тоа ќе реагираше. Јас очекував дека ти ако имаш разум ќе реагираш на тоа дека можеби сум згрешил ама не, ти сакаш само да се закачаш. И после како човек да те сфати сериозно и да ти верува кога само фрлаш невистини. Исто загадувале 800 кубика на плин и 2000 кубика дизел со пола милион... теоретски невозможно.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17607
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16239 на: 26 Февруари 2016, 18:08:26 pm »
Еуро3 или Еуро4 задоволувале во првата година тие возила. Сега накај ЕуроМинус4 гравитираат старите коли што македонците љубат да ги увезуваат.
Во Велика Британија, земја на квалитетни и чисти горива, веќе после 6-7 година почнуваат да бидат одбивани на технички поради незадоволување на стандардот за емисии.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16240 на: 26 Февруари 2016, 18:15:56 pm »
Еуро3 или Еуро4 задоволувале во првата година тие возила. Сега накај ЕуроМинус4 гравитираат старите коли што македонците љубат да ги увезуваат.
Во Велика Британија, земја на квалитетни и чисти горива, веќе после 6-7 година почнуваат да бидат одбивани на технички поради незадоволување на стандардот за емисии.
ВО Британија дизелите до 2015 не ги прегледуваа за издувни гасови ни за катализатор. Од 2015 почнаа да прегледуваат дали имаат катализатор на место.

Сам си кажа дека сте извале ист резултат џонтра. Дајте мерење колку извадивте на технички? Симо ти се сеќаваш ли?

Јас тоа те тролнав само. Ти да имаше малку поима од тоа ќе реагираше. Јас очекував дека ти ако имаш разум ќе реагираш на тоа дека можеби сум згрешил ама не, ти сакаш само да се закачаш. И после како човек да те сфати сериозно и да ти верува кога само фрлаш невистини. Исто загадувале 800 кубика на плин и 2000 кубика дизел со пола милион... теоретски невозможно.
Па ако си мерел дај резултат да видиме. Јас тврдам дека ти загадува кибритчето, отиден ти е катализаторот.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16241 на: 26 Февруари 2016, 18:16:44 pm »
Моите бројки од последниот технички.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16242 на: 26 Февруари 2016, 18:19:42 pm »
Не е отиден катализаторот. Нема причина да е отиден, нема никаков дефект и никогаш немало. Катализатор се расипува ли некогаш? Од која причина? Резултат од мерење ќе ти дадам утре, да го земам само ливчето.

И престани да правиш мајмун од себе со сила и да измислуваш приказни. Нема благе везе ова што го зборуваш. Нема шанса во теорија а камо ли во пракса.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16243 на: 26 Февруари 2016, 18:23:52 pm »
Се расипува од погрешна смеса, а кај тебе беше целосно утната, трошеше многу и не одеше. Ти не ни знаеше што е мирисот, јас ти кажав дека си го ебал катализаторот. Не е страшно, не си ни прв ни последен на кој му го сјебале катализаторот со тестирање на плин. Скоро сите се уништени.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43937
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16244 на: 26 Февруари 2016, 18:25:37 pm »
Сам си кажа дека сте извале ист резултат џонтра. Дајте мерење колку извадивте на технички? Симо ти се сеќаваш ли?
Мене не ми мереа, веројатно на доверба иделе.  А јас и не се моткам околу кола, додека ми праат технички на колата. Они си бркаат работа, јас си пијам кафица.


Едит: Може да извадам некој ваков податок, како Луки од претходните ТИФ што ги има колата, ај ќе побарам покасно...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.