Со 1 минутен турбо лаг и потрошувачка од сканија. И никогаш не станаа тренд, тук таму една на илјада. Дури откако цела европа се дизелаизира, се развија сите технологии, почнаа да го оживуваат мртовецот наречен бензинец.
За сѐ имаш оправдание ММЕ. Како не те лапнале за портпарол негде досега. 
Но така е. Имавме Порше Турбо, Субари импреца, БМВ 2002 Турбо, Нисан ГТР, Ф40. Стари легенди кои имаа големо турбо, голема турбо дупка и голема потрошувачка. Турбо бензинците беа исклучок. Кога турбото се стави на дизел, му легна од прва, затоа што на дизелот не можеш да ја згрешиш смесата воздух:гориво, дизелот работи на сите соодноси. Од 10:1 до 200:1 и никогаш не прави НОК, за разлика од бензинецот кој мора да биде точно 14.7:1, доколку не е толку НОК, ГРОМ, Експлозија, летаат декли.
Откако го прифати турбото, дизелот го усоврши, да нема турбо лаг. Следно беше директното вбризгување под висок притисок, експериментална технологија која дизелот ја усоврши и веќе 20 години сите дизели имаат директно вбризгување, помала потрошувачка, помала работна температура, повеќе снага, перфектна работа на моторот. За сето тоа време бензинците ја направија еволуцијата од карбуратор во мпи, и за да ги задоволат еко стандардите, секоја нова генерација на косилица беше помртва од претходната, стискаш на гаста и ништо не се случува.
И кога возиш на патиштава гледај кој вози споро, само косилици на плин. Опасност на патот се, возат зад трактори и прават колони.