Она што ги разликува двете технологии е принципот на работа. Бензинецот е неспособен да ја контролира детонацијата. Заедно со неспособоста да работи во поголем опсег на воздух-гориво го прави бензинецот ограничен. Нема да има понатамошен развој на бензинските мотори. Дизелот има само едно ограничување - 5500рпм, но повеќе вртежи не се потребни, затоа што секогаш може да се зголеми бустот.
Дизелашот секогаш ќе има повеќе торк. Дизелашот секогаш ќе биде поефикасен. Дизелашот работи на секое течно гориво. Тоа му го обезбедува местото во иднината, сегашноста е веќе негова.
1. Бензинецот ја контролира детонацијата подобро од дизелашот. Точно во одредено време, во микросекунда решава компјутерот кога да има детонација. Кај дизелите, тоа е whild guess.. кој решава за детонацијата? Зошто „штрака“ од лошо гориво? (престани да ги лажеш со овој квазиподаток луѓето што не се разбираат доволно)
2. Бензинецот нема никаков проблем да работи на lean мапа. Со директно убризгавање некои мотори дури и до 2500 вртежи работат во stratified режим, уствари во режим каде е далеку пониско количеството гориво од стоихиометриската идеала.
3. Дизелашот нема да има секогаш повеќе торк. Тој ќе има поголем максимален торк. Во вртежнит ранг, (1000-4500 за дизел, или 1000-бесконечност за бензинец) бензинецот ќе има повеќе торк и снага.
4. Дизелашот е секогаш поефикасен во однос на потрошеното гориво. (дали и ќе остане така - ќе покаже времето, ама ајде, признавам)
5. Иднината е мизерна и за дизелите и за бензинците. Со тоа што ретко кој ќе има некој дизел олдтајмер во својата гаража.
1. напредокот во моторите се состои во подобрата искористливост на погонското гориво. Бензинецот искористува 30%, дизелот 45% од потенцијалната енергија на горивото. За да се зголеми ефикасноста, а со тоа и моќноста и економичноста потребно е да се најде начин да се зголеми овој процент на искористливост, а тоа се прави со зголемување на степенот на компресија. Зголемување на степенот на компресија е проблем кај бензинците, бидејќи настанува детонација на горивото. До микросекунда се регулира работата на свеќиците, но детонацијата не настанува во моментот кога свеќиците пуштаат искра, туку кога се создале паралелни усллови за спонатно согорување.
Кај дизелот појава не детонација не е можна, заради принципот на работа на дизел моторот. Дизел моторот не штрака заради лошо гориво, може да штракаат дизните. Дизел моторот може да работи на било какво филтрирано течно гориво, се додека се обезбеди соодветен систем на вбризгување, заради несоодветно гориво не се расипува моторот туку бризгалките поради недостаток на лубрикација од погонското гориво. Стариот систем за вбризгување со ротациона пумпа под притисок од 180 бари (до 2000 година) работи со скоро сите филитрирани течни горива.
2. Вистина, кога го копираа дизајнот на дизелот, успеаа да го остварат и овој момент, кој претходно беше невозможен. Циклусот на вбризгување беше една од двете клучни разлики помеѓу дизелот и бензинецот.
3. Поточно 5500 за бензинец. До толку одат турбо бензинците. Можеш да заборавиш на 20.000 рпм со турбото.