Заклучокот го гледаш на видеото кога дизелот е потежок и за тоа надоместува со 10 кс повеќе од бензинашот...
Го прочита ли ова? На претходната страна беше постирано.
Како одиш побрзо, се позначаен станува односот сила/отпор на воздух, и тука дизелот од видеото има подобар однос (има 10кс повеќе, а возилата имаат колку толку ист коефициент на отпор).
Ариел Атом има ист однос сила/маса со Вејрон и како последица на тоа има слично забрзување до 100, но како одиш нагоре се помалку важна станува инерцијата (а со тоа и масата), а се поважен отпорот на воздухот.
Не знам што е тука нејасно.
И пак ќе повторам, не сум дизел-хејтер. Според цениве на пазаров, ако купувам на старо, а најверојатно така ќе биде, најверојатно би зел дизел.
Тоа не значи дека прифаќам некој тука будала да ме прави, да ме убедува дека дизелот е супериорен и дека е многу пострашно да се живее со бензинец со 180кс, отколку со дизел со 140кс.
Според вас тоа е страшно нешто. Кога тргаш ги будиш сите комшии од турирање, а случајно ако треба да претицаш, пази да не си поминал скоро знак за опасност од одрони. Некој се чудеше што функција имале тие. Еве Дени и Лп ќе му кажат. Тие знаци се ставени, за бензинците да знаат кај не смеат да претицаат. Гарант на патон до Кожув некој несовесен сељак со Мондео бензинец претицал. А што убав пат беше.