Гласање

Choose your destiny!

Бензин
241 (58.5%)
Дизел
171 (41.5%)

Вкупно гласови: 412

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2322871 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10740 на: 24 Август 2013, 08:18:07 am »
Само ти можеш да напишеш емпириски аргумент без да употребиш ниедна бројка. Тоа е уметност, не го може секој тоа.

Знаеш што е уште поголема „уметност“? Пази ова:

- дизелашите у реалноста возат просечно побрзо ради поголемата просечна снага, проверете самите со помош на очи, ливче и пенкалце!
- неќеме да провериме!

Лудница, кажи, а?

Иначе, глеј емпириски аргумент без ни една бројка: во скопје живеат повеќе белци отколку црнци.
Овој аргумент, се разбира, можеме накнадно да го поткрепиме со бројки (кои ќе го потврдат) но тоа не го прави помалку емпириски отколку што е: до сознанието дека има помалку црнци не е дојдено со мислење, туку со гледање. Затоа е емпириски.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4045
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10741 на: 24 Август 2013, 08:25:45 am »
Со истата методологија на „очи, тефтер, пенкалце“ -проверка може да дојдеш до заклучок дека Земјата е плоча а Сонцето ротира околу неа.

Но, и тоа што ние нејќеме не знам зошто би те спречило да ја просветлиш заслепеноста со аргументација. Оди и брои.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10742 на: 24 Август 2013, 08:34:28 am »
Обично нејќам да се мешам во туѓиот вкус за уметност, но...

...тотално е ирелевантно каков психолошки ефект има потрошувачката над десната нога на просечниот возач во земјава. Без разлика на резултатот од некое такво тестирање, тоа е апсолутно неважно во дискусијава.


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10743 на: 24 Август 2013, 08:36:16 am »
Со истата методологија на „очи, тефтер, пенкалце“ -проверка може да дојдеш до заклучок дека Земјата е плоча а Сонцето ротира околу неа.

Глупости.

Но, и тоа што ние нејќеме не знам зошто би те спречило да ја просветлиш заслепеноста со аргументација. Оди и брои.

Хахаха! Скоро секое патување тоа го правам, тоа ми е омилена занимација, поготово кога на совозачко имам некој петролхед. И секогаш патувањето завршува со зборовите на петролхедот „да, да, во право си, ок“. А во многу случаи уште на сред пат петролхедот на совозачко ја прекинува играта у стилу „ок, у право си, ај сеа за нешто друго да збориме, батали ова, океј“.

А колку повеќе претходно бензинашот се курчи, толку мојот ќеф е поголем кога резултатите од истражувањето стануваат евидентни и очебијни.

Обично нејќам да се мешам во туѓиот вкус за уметност, но...
...тотално е ирелевантно каков психолошки ефект има потрошувачката над десната нога на просечниот возач во земјава. Без разлика на резултатот од некое такво тестирање, тоа е апсолутно неважно во дискусијава.

Не се согласувам! Напротив, мислам дека единствено тоа е важно. Јебеш перформанси на хартија, перформансите во реалниот свет се битните.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44599
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10744 на: 24 Август 2013, 08:43:54 am »
Ајде да излеземе денес на обиколница со моето возило? Јас ќе возам ти брои што претекнуваме - бива? Да видиме колку дизелаши, колку бензинци ќе претекнеме м?
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10745 на: 24 Август 2013, 08:47:00 am »
Ајде да излеземе денес на обиколница со моето возило? Јас ќе возам ти брои што претекнуваме - бива? Да видиме колку дизелаши, колку бензинци ќе претекнеме м?

На обиколница има многу малку коли и со тоа примерокот е нерепрезентативно мал. Како што и самиот знаеш. Треба или подолго патување, или повеќе проаѓања по обиколница. (има математика за тоа, како се рачуна статистички индекс на сигнификантност. Ако на обиколница има вкупно 5-10 коли, секој резултат е статстички инсигнификантен)

Но, нема проблем, може сепак да идеме, пошто мислам дека повторно повеќе бензинци ќе претицаме, и покрај нерелевантноста. :-)

Последното истражување, кога идевме со другар ми накај аустрија, заврши некаде пред влезот на Белград, по барање на совозачот петролхед.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10746 на: 24 Август 2013, 09:02:23 am »
Вистински петролхед не е заинтересиран за стилот на возење на пензионери. Како свештеницине си што се фалат дека преобразиле некој во нивната вера.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10747 на: 24 Август 2013, 09:11:56 am »
Вистински петролхед не е заинтересиран за стилот на возење на пензионери. Како свештеницине си што се фалат дека преобразиле некој во нивната вера.

тоа не е поентата. Не може по некоја случајност у бензинците да преовладуваат пензионери, па ЗАТОА да се поспори. Па нели баш дизелот беше за пензионери? Или не беше ти? Некој знам дека одвали вакво нешто (и остана жив)

И не сум преобразил никого. ::Скоро:: никој не рекол „после ова, сакам и јас дизел“ (освен еден другар кој ја шитна алфата 159 и сега е среќна коцка со џам-нова октавија 2.0 тди). Само ми се потврдила поентата за просечната (вс максималната) снага. Иначе, на индивидуално ниво секој си вози како сака, таман работа.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11844
  • Архитект
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10748 на: 24 Август 2013, 10:17:52 am »
Цитат
Хахаха! Скоро секое патување тоа го правам, тоа ми е омилена занимација, поготово кога на совозачко имам некој петролхед. И секогаш патувањето завршува со зборовите на петролхедот „да, да, во право си, ок“. А во многу случаи уште на сред пат петролхедот на совозачко ја прекинува играта у стилу „ок, у право си, ај сеа за нешто друго да збориме, батали ова, океј“.

А колку повеќе претходно бензинашот се курчи, толку мојот ќеф е поголем кога резултатите од истражувањето стануваат евидентни и очебијни.

Зависи каде патуваш. Ако возиш низ Грција тогаш ќе претекнеш многу бензинци.
А ако патуваш низ , да речиме, албанија, тогаш ќе претекнеш мнооогу дизелаши.
 :) :)

Исто така можи вака да се направи некоја статистика во реони низ македонија.
Сам веќе знаеш каде има повеќе дизели..

 ;D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10749 на: 24 Август 2013, 10:21:26 am »
Тоа е, добивката е огромна од секој можен аспект, па морам да лажам, шо да се праи.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

По милионити пат, немам нити потреба, нити интерес, нити било каков бенефит од лажење. Ама секој со својата способност за разбирање...


Значи дојдовме до моментот кога косилицата троши 5.8 не при 168кмх, туку при 68кмх. Баш како што велев јас. Ок. Фала.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30269
    • CARclub.mk
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10750 на: 24 Август 2013, 10:24:54 am »
И едната и другата бројка е просечна.

Е сега, кон Worthersee, со просечна брзина од 119 километри на час, мојата просечна потрошувачка беше 5.3-5.4 литри на 100.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20834
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10751 на: 24 Август 2013, 11:07:01 am »
Тоа е, добивката е огромна од секој можен аспект, па морам да лажам, шо да се праи.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

По милионити пат, немам нити потреба, нити интерес, нити било каков бенефит од лажење. Ама секој со својата способност за разбирање...


Значи дојдовме до моментот кога косилицата троши 5.8 не при 168кмх, туку при 68кмх. Баш како што велев јас. Ок. Фала.

Џизс факин крајс... Па откај испадна дека е воопшто можно да троши 5.8 при 168?! Кој уопште спомна такво нешто?!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20834
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10752 на: 24 Август 2013, 11:09:43 am »
И едната и другата бројка е просечна.

Е сега, кон Worthersee, со просечна брзина од 119 километри на час, мојата просечна потрошувачка беше 5.3-5.4 литри на 100.

Патот кон Вордерзее (или како и да се чита) и од Охрид кон Скопје е драстично различен.

Сори за дабл пост, на телефон сум.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10753 на: 24 Август 2013, 11:13:12 am »
Не е до различноста на патот...
Ти не си валиден пример. :)

Па не баш... Јас сум пример дека ретко се иде на бензинска со бензинец (без разлика на реткото експлоатирање). Од друга страна, не постои пример за тоа што јас го посочив :)

П.С. Мојата кола, што „голта рафинерии“ при поголеми брзини, при држење лекции на значително посилни ТД агрегати при искачување на Стража (од кои ќе ги издвојам Пасат 1.9 ТДИ, Мерцедес Ц класа 220 ЦДИ, Тојота Авенсис Д-4Д и Мерцедес Е класа 300 ЦДИ), ја зголеми потрошњата за само 0.5 л/100км, од почетокот на искачувањето, па до горе (од 5.7 до 6.2). 40ина денари, одлично искористени. Потоа, со бркање на автопат (преку 160) накај Тетово, па и накај Скопје, успеа да извади „катастрофална“ потрошувачка на влез во Скопје, од непоимливи 5.8 л/100км. За споредба, на татко ми Пасат 2.0 ТДИ со 140 КС и значително поголем вртежен момент, со малтене ист режим на експлоатација, има покажано 5.5 л/100км.

Фала, пријатно.
До ова е...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10754 на: 24 Август 2013, 11:19:12 am »
Мислам дека нема дизел кој може да го долови чувството кога на некој бензинец ставаш од пета во трета и здивува машината.

тоа е моментот што најмногу го мразиме.


Ариел Атом има ист однос сила/маса со Вејрон и како последица на тоа има слично забрзување до 100, но како одиш нагоре се помалку важна станува инерцијата (а со тоа и масата), а се поважен отпорот на воздухот.



Одлична аналогија. 800кс разлика во моќност, наспроти 10.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need