Вистина, бензинецот последниве 5-6 години живна многу. Толку многу што почна да се изедначува со дизелашот, нормално крадејќи ги неговите технологии. Денес може да се видат рафинирани бензинци со мала турбо дупка и снага на ниски вртежи.
Она што ги разликува двете технологии е принципот на работа. Бензинецот е неспособен да ја контролира детонацијата. Заедно со неспособоста да работи во поголем опсег на воздух-гориво го прави бензинецот ограничен. Нема да има понатамошен развој на бензинските мотори. Дизелот има само едно ограничување - 5500рпм, но повеќе вртежи не се потребни, затоа што секогаш може да се зголеми бустот.
Дизелашот секогаш ќе има повеќе торк. Дизелашот секогаш ќе биде поефикасен. Дизелашот работи на секое течно гориво. Тоа му го обезбедува местото во иднината, сегашноста е веќе негова.