-Секоја споредаба е валидна и легитимна, па така и онаа со ванкел, двотактни и други машини ако сакаш само треба да утврдиш критириуми по кои сакаш да ги споредиш. Потешко е да споредиш ракетен мотор со овој на внатрешно согорување, но и тоа можеш ако се нафатиш. Нема ништо нелегитимно во споредбите.
Aма јас не реков дека различни мотори се во принцип неспоредливи. Реков дека при споредување на различни мотори истоста на кубикажата нема никаква смисла. Немој сеа и ти ко брат ти straw man: маааалце смени го тврдењето на соговорникот, за да го направиш лесно за напаѓање, и нападни го. Кога реков дека разчични мотори не се споредуваат?! Никогаш. Реков дека различни мотори со иста кубикажа не се споредуваат.
Изјавата „не се споредуваат бензин и дизел со иста кубикажа оти мене ми текна дека не се спроедуваат“ не кажува ништо.
Ете го пак. Не ми текна мене дека не се споредуваат. Му текна на интернет, стручната јавност и на FIA. Додуша, не требе да си некој ѓенијалец за да ти биде јасно зошто споредба според иста кубикажа нема смисла кај различни мотори.
Доказ: најди ЕДЕН ЕДИНСТВЕН сериозен компаративен тест кој ќе споредува, на пример, 1.3 ванкел и 1.3 ото. Нема, така? Зошто, што мислиш?
Па кога ќе тргнеш да споредуваш споредува се', конструкцијата, перформансите, цената, потрошувачката. Се е споредливо и валидно, а ако се направи правилна споредба дури и корисно.
Се согласувам. Но, кај различни мотори споредба со иста кубикажа не е правилна споредба.
„Стручната јавност“ и FIA не купуваат коли за мене. FIA нема да е глупира да дозволи да се тркаат автомобили со различни перформанис иако во WTCC покажаа дека направија пропуст па ги откажаа дизелите затоа што не знаеа како да ги упасуваат TD и атмо бензинци во ист циркуз. А нивната цел е да има конкурентен натпревар, што значи
споредиле и рекле не тркаме коли со TD и ТB со исто волумен во исто првенство.
Мене како неписмен купувач ми доаѓа нужнo да се запрашам како зошто за Х пари купувам возила од ист производител со иста големина на мотор и опрема, или за Y<X купувам кола со перформанси кои приближни со оние на колата купена за X. Мојот заклучок е дека за X пари добивам мотор со многу слична конструкција и кај едниот и кај другиот (4 цилиндри, 16 вентили, турбо за форсиран дотур на воздух, директно вбризгување на гориво, автоматски менувач закачен за моторот), со тоа што едниот мотор има 30% повеќе вртежи во кој максималниот торк го задржува во однос на другиот, согласно со теоријата за снага ќе има линеарно повеќе снага, и дека троши 30% повеќе поскапо гориво.
Значи дека мојата споредба на овие два модела е глупава

Едноставно да ја прашам стручната јавност и продавачот во автосалон?
Повеќе од јасно е дека обртниот момент кај 4 тактните мотори доаѓа од волуменот, бројот на цилиндри и нивната поставеност во моторот. Така да „предноста“ на дизелите со „огромниот“ торк вреди само ако се истакне дека дизелите од X волумен имаат поголем торк од бензинците со Y волумен (X>Y соодветно со цената).
Што се однесува до другите глупави споредби, секако дека постојат за оние што сакаат да утврдат одрени битни параметри и норми во контекст на сопствените потреби.
На пример:
http://www.drivingsports.com/site/2008/12/rotary-vs-piston-engine-equivalency/ кој утврдува критериуми за еквивалентност на две сосема различни технологии на мотори, за разлика од оние конецптуално слични 4 тактни каде споредбите се многу појасни и се темелат на термодинамичката ефикасност и специфичностите на горивото во контекст на распснување, запалување, количество енергија и брзина на согорување.
Значи секоја споредба е ВАЛИДНА и има смисол ако при тоа заклучоците се правилни, и се утврдат сите критериуми, и се артикулираат правилно при изнесување на фактите добиени со споредба.
Значи изјавата „Дизелот има поголем торк од бензинецот“ е глупава ако веќе мора да да го употребам тој збор бидејки не кажува кога, под кои услови, какви дизели, какви бензинци итн.