За почеток, Сити Мол и слични нему треба да се запалат до темел.
Таму имаш втора смена до 22ч во Недела, а празник за нив не постои.
Имам некое мое размислување за тоа зошто продавници и слични работи работат до ниедно време - а тоа е дека таквото работно време е директна последица на работното време на сите други. На времето, моите родители одеа на работа од 7 до 3. Ќе се вратеа дома до 3:30, ручек, дремка, ово-оно, го имаа целото попладне и целата вечер за да посветат внимание на децата, да завршат обврски по дома, итн.
Арно ама, полека-полека, се наметнаа сè поглупави и поглупави работни времиња. На работа од 9 до 5? Додека да се прибереш те фатило 6, додека да јадеш и да се упристоиш 7, кога да се посветиш на семејство, кога да отидеш да купиш нешто? Јебига, мора после 8 вечер, а тоа значи дека продавниците мора да работат до 10.
Па соодветно на тоа, остануваат само викенди - и секако, газдите на продавниците гледаат да работат колку што можат повеќе за викенди, за да заработат повеќе.
Секако, можно е и да грешам.