Автор Тема: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ  (Прочитано 10567 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #165 на: 04 Ноември 2024, 10:57:20 am »
Чаре? Има некое европско макар и поскапо?
Што е ова со Лефкада не знам, сите коли прегреваат таму... Фала Богу што немав лошо искуство со тоа и со Орикс годинава.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #166 на: 04 Ноември 2024, 11:02:14 am »
Што му фали на АМСМ?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #167 на: 04 Ноември 2024, 11:07:50 am »
Доаѓаат по 4 часа низ Македонија.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #168 на: 04 Ноември 2024, 11:28:17 am »
Хахахах брод за Лефкада, остров слушнаа и подморниции побараа.  ;D

Не дека имам, ама само АМСМ изгледа нуди некоја стабилност, ама нема шлеп до дома од Атина за беспари.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #169 на: 04 Ноември 2024, 12:49:51 pm »
Го прочитав постот на дечкото пред да го снема и ова најмногу ми упадна у очи - брод/траект за Лефкада.
Ај тие што се ботови - ОК, ама како он не реагирал, го прават дека не знае кај е.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #170 на: 04 Ноември 2024, 13:09:04 pm »
А оти го снема текстот од секаде ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #171 на: 04 Ноември 2024, 13:29:09 pm »
Јас колку што разбрав му побарале фактури и рекле дека ќе исплатат но не исплатиле сеуште. Нешто во тој стил беше или бркам?

Инаку ако му побарале 300 евра за поправка и 3 дена јас би идел на варјанта со поправка таму и рент а кар од кој за тие 3 дена ќе ми покријат по 50 евра од ден и поправката мислам ја покрваат до 300 евра барем пакетот европа

Еве нека го имал и пакетот регион ќе му покријат 200 евра поправка и 2 дена по 50 евра рент а кар. Реално тој ќе требало да доплати 100 евра за дефектот и 100 евра плус за рентакарот но очигледно сакал да помине со гага шлеп до скопје. Ако не си спремен да дадеш бар 500 евра за дефект во лефкада тогаш далеку е лефкада за тебе.
« Последно менување: 04 Ноември 2024, 13:37:03 pm kimi makedonski »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #172 на: 04 Ноември 2024, 13:53:11 pm »
Како што разбрав добил одговор и извинување од Орикс дека ќе го обештетат 29,000 денари, само да им ги прати сите фактури, а Халк ја е**т работата со изговор дека сам си организирал шлеп и сервис.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #173 на: 04 Ноември 2024, 14:18:55 pm »
Жална работа е што мора јавно да ги исплукаш, за да си ја завршат работата. Дечкото паметно направил што се имаше во писмена форма, фактури, мејлови.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #174 на: 04 Ноември 2024, 14:30:26 pm »
Само така може да добиеш тоа што си платил во мајчицава..не е ова прв пример и сите бараат бришење на се што си пишал и жалел.
New blood of old school

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #175 на: 04 Ноември 2024, 20:44:05 pm »
Јас колку што разбрав му побарале фактури и рекле дека ќе исплатат но не исплатиле сеуште. Нешто во тој стил беше или бркам?

Инаку ако му побарале 300 евра за поправка и 3 дена јас би идел на варјанта со поправка таму и рент а кар од кој за тие 3 дена ќе ми покријат по 50 евра од ден и поправката мислам ја покрваат до 300 евра барем пакетот европа

Еве нека го имал и пакетот регион ќе му покријат 200 евра поправка и 2 дена по 50 евра рент а кар. Реално тој ќе требало да доплати 100 евра за дефектот и 100 евра плус за рентакарот но очигледно сакал да помине со гага шлеп до скопје. Ако не си спремен да дадеш бар 500 евра за дефект во лефкада тогаш далеку е лефкада за тебе.

Колку што памтам кога прочитав, со таа полиса што ја имал му следувало шлеп, превоз и престој во хотел/мотел, од кои ништо не добил. И барал шлеп служба за до Струмица, не Скопје.

Отсутен Zamisli

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #176 на: 06 Ноември 2024, 00:59:22 am »
Не го прочитав фб постот ама ќе пишам на неколкуте работи што го прочитав погоре.
Треба да се прочитаат општите услови на услугата.
Не се јавил во орикс туку во центарот за помош на халк банка(сите провајдери мисла дека имаат различен број)
Помош на пат не значи дека било кој дефект ќе го поправат или пак ќе рефундираат ако го поправи дефектот на сервис(дури и таксативно се наведени кој дефекти/случаи се решаваат) и ако се користат делови тие не се покриени со полисата.
Шлеп од Лефкада до МК неам појма колку пари би чинело, ако трошокот е над лимитот тогаш ќе треба да се доплати разликата или си плаќаш услуга па си бараш рефундација до лимитот на осигурувањето.
Каков бил односот на операторот во халк банка не знам, не би сакал да верувам дека бил неписмен и не знаел што му следува на дечкото. Ама ова е Македонија и се е можно.

Ако не можеле да му обезбедат шлеп тогаш сам организираш и си бараш рефундација, само би барал писмено(вибер/смс/маил) да ме известат дека услугата е недостапна.

Како и да е, многу непријатно искуство е да имаш дефект било каде, ама има лимит на тоа што може да ти реши/пружи ова осигурување. Не знам дали и каква мрежа имаат орикс надвор од Македонија ама човекот што не возеше до хотелот раскажуваше дека ретко кој од вработените во шлеп се нафаќаат да возат до Лефкада и назад.