Автор Тема: Вработување  (Прочитано 661981 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Вработување
« Одговори #3915 на: 07 Март 2020, 22:39:36 pm »
Тапа џонсон... Ако некој бара машински инженер, слободно пишете ми.

Исто овде, не лично ама имам човек за тоа - од добрите. :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5200
Одг: Вработување
« Одговори #3916 на: 07 Март 2020, 23:01:21 pm »
Тапа џонсон... Ако некој бара машински инженер, слободно пишете ми.

Исто овде, не лично ама имам човек за тоа - од добрите. :)
Не сконтав... ??

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Вработување
« Одговори #3917 на: 08 Март 2020, 00:10:34 am »
Тапа џонсон... Ако некој бара машински инженер, слободно пишете ми.

Исто овде, не лично ама имам човек за тоа - од добрите. :)
Не сконтав... ??

Сакав да кажам имам добар човек што е машински инженер, де :)

Ако знае некој добра понуда да каже, не е член човекот :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Вработување
« Одговори #3918 на: 09 Март 2020, 07:28:30 am »
Која е постапката за одјавување на вработен? газдата не го одјавува чоекот кој почна на друго место, дали од мрза или некој бенефит од државата за субвенции за млади шо даваат, не знајме.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Вработување
« Одговори #3919 на: 09 Март 2020, 07:47:49 am »
Која е постапката за одјавување на вработен? газдата не го одјавува чоекот кој почна на друго место, дали од мрза или некој бенефит од државата за субвенции за млади шо даваат, не знајме.
Нема друг начин, мора да те одјави фирмата каде што си вработен. Адвокат му е мајката. Или нека не оди на работа, па ако сака нека му плаќа газдата.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3920 на: 09 Март 2020, 09:30:59 am »
Член 13, став (11) од  Закн за работни односи:

(11) Доколку работодавачот по престанокот на работниот однос, во рок од осум дена од
денот на престанокот на работниот однос, не го одјави работникот од задолжително
социјално осигурување, одјава на работникот може да се изврши по барање на работникот
врз основа на претходно доставен записник од инспекторот на трудот до Агенцијата за
вработување на Република Македонија.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Вработување
« Одговори #3921 на: 09 Март 2020, 10:49:17 am »
Член 13, став (11) од  Закн за работни односи:

(11) Доколку работодавачот по престанокот на работниот однос, во рок од осум дена од
денот на престанокот на работниот однос, не го одјави работникот од задолжително
социјално осигурување, одјава на работникот може да се изврши по барање на работникот
врз основа на претходно доставен записник од инспекторот на трудот до Агенцијата за
вработување на Република Македонија.
А кога престанува работниот однос?

Ако газдата не сака да потпише отказно решение?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3922 на: 09 Март 2020, 11:01:21 am »
Член 71
(1) Работникот може да го откаже договорот за вработување ако писмено изјави дека
сака да го откаже договорот за вработување.

Член 75
(1) Отказот на договорот за вработување мора да и биде врачен на договорната страна,
на која и се откажува договорот за вработување.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Вработување
« Одговори #3923 на: 09 Март 2020, 11:51:16 am »
Едно време не можеше да го натераш газдата да те пријави.
Сега не можеш да го натераш да те одјави.

Какви времиња дојдоа ;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Вработување
« Одговори #3924 на: 09 Март 2020, 14:03:18 pm »
Едино нека си провери во договорот за вработување колку им е договорен отказен роk ( ако е воопшто договорен), но во секој случај на стариот газда му се исплати повеќе веднаш да го одјави, бидејќи во спротивно работников може комотно да си седи дома, а да му течат придонеси и плата.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Вработување
« Одговори #3925 на: 10 Март 2020, 10:29:22 am »
Нема договор за вработување, како да се врачи отказот а да биди веродостоен за понатамошна постапка, заверен на нотар или што?

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Вработување
« Одговори #3926 на: 10 Март 2020, 10:32:51 am »
Е како бе е пријавен ако нема договор, врз база на што? Уште фали и фирмата да не е регистрирана... сигурен ли е дека е пријавен, бил ли во завод и ПИОМ да провери?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Вработување
« Одговори #3927 на: 10 Март 2020, 10:38:14 am »
Не ти бараат договор за да те вработат. Треба да има пријава за тебе и барање.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Вработување
« Одговори #3928 на: 10 Март 2020, 10:45:12 am »
E така де, можи има, му дал да потпиши не му дал примерок, оди барај го договорот. Потпишал само нешто во агенцијата на трудот.
Пријавен е инаку пошто во новата фирма каде што почна да работи не можат тие да го пријават оти од овде не е одјавен.

Во автоперална пример одиш и тие договор ти даваат за вработување? (добро некои можеби даваат не се фаќај за влакно)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Вработување
« Одговори #3929 на: 10 Март 2020, 10:47:40 am »
За да те вработат т.е. пријават, прво треба да има активен оглас за работно место (ппр образец) и лицето да не е пријавено во друга фирма. Се носи список за лица кои се пријавуваат и тоа е. :)

Договорот меѓу работодавецот и работникот не го бараат во агенција за вработување, значи може и со усмен договор уствари да те пријави. Може и без договор да пријавиш некој. ;D :D