Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3083227 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Верижниот исто беше поради пешак во претрк :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Кога веќе ме потсети Darth Jesus, морам да го променам моето мислење за возење 80 на улица. Таман е 50! Пошто со 60 може да излеташ преку тротоар во продавница.

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Вчера околу 7 саат пред катланово од скопје за велес патот 3 коли беа извртени во обратен правец и оградата беше искривена.Јагуар,Мерцедес и рено меган купе.Само што почна да врне сите беа добро тој во јагуарот со дете позади беше се уби од плачење детето.Општо гледано скопјаниве како да ги страв на дожд да возат паники ги фаќаат и мора да се деси нешто.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Општо гледано скопјаниве како да ги страв на дожд да возат паники ги фаќаат и мора да се деси нешто.

Каков заклучок....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Скопјани само до 50 знаат а возат, над тоа само глупости прават. Па уште ако врне дожд апокалипса следува.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Кога веќе ме потсети Darth Jesus, морам да го променам моето мислење за возење 80 на улица. Таман е 50! Пошто со 60 може да излеташ преку тротоар во продавница.

А можеш и со поише како ТТто што ги собра девојчињата на автобуска кај Симпо :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Нормално, логика. Чим може со помалце, може и со повеќе.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Kako e mereno kolicestvoto na alkohol kaj vozacot?Spored moeto dosegasno iskustvo,mozes i od edno pivo do dve najmnogu da duvnis nad 1 promil...
Дувањето во дрегер се смета за алтернативен начин не мерење на алкохол во крвта, што може да се оспори и не секогаш резултатите се точни.
Ако не се согласуваш со резултатите од дрегерот можеш да побараш да ти се земе крв и урина за анализа, тоа се прави во здраствена установа после лекарски преглед. Ако се докаже дека имаш алкохол над дозволено ги плаќаш трошоците за анализа на крвта и изгубеното време на полецаецот што те носел.
Кога има смртни последици, сите учесници во сообраќајката се носат на анализа на крвта.
Цитат
Во случај кога во сообраќајната незгода има загинати лица, полицискиот
службеник на Министерството за внатрешни работи кој врши увид, ќе
определи на непосредните учесници во незгодата да им се земе крв и урина
заради утврдување дали се под влијание на алкохол, опојни дроги,
психотропни супстанци и лекови за кои е означено дека не смеат да се
употребуваат пред и за време на возењето.
http://mvr.gov.mk/Upload/Documents/%D0%97%D0%B1%D1%81%D0%BF%20-%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD%20%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82.pdf
122 страна

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Ако не се согласуваш со резултатите од дрегерот можеш да побараш да ти се земе крв и урина за анализа, тоа се прави во здраствена установа после лекарски преглед. Ако се докаже дека имаш алкохол над дозволено ги плаќаш трошоците за анализа на крвта и изгубеното време на полецаецот што те носел.

Ме интересира ова во пракса како функционира ?

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Па му викаш на полицаецот дека не му е точно мерењето и дека сака да се оди на земање крв. Доколку не правиш дополнителни проблеми си седнуваш на задно седиште во полицијска кола како господин, ако правиш проблеми во комбе и одите во амбуланта.
Таму во присутсво на полицаец ти се мери притисок, пулс, те прашуваа за алергии и ти се зема крв, се потпишуваш на документот од докторот.
После се враќате кај што те застанале, ако сакаш се потпишуваш на записникот, ти се зема возачката на 12 часа, а на тебе не ти дозволуваат да управуваш со колата. После 12 часа одиш да си ја земиш возачката од полициска станица.
Ако си се потпишал на записникот после 1-2 месеца кога ке стигнат резултатите од судска медицина ако имаш над 0,5 алкохол ти се издава мандатна казна и те дават на суд за земање на возачка, ако не си го потпишал записникот автоматски те дават на суд и судијата определува колко ке ти биде казната и колко ке ти биде земена возачката.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
^^
Ме застана полиција да дувам, имав испиено едно мало пиво и во ред дував. Полицаецот не смени цуцла пред да дувам или како се вика тоа на дрегерот, и на крај не ми ни покажа да видам колку ќе покаже. И само одеднаш ми вика "Ти си бил пијан, 2.3%"  :o не знаев дали е сериозен или се заебава, си влезе во кола и почна да пишува казна.

Инсистирав да ми даде повторно да дувам притоа да смени цуцла пред мене или веднаш да одиме на анализа на крв ама комплетно ме игнорираше си затвори прозор и ја пишуваше казната.

Во меѓувреме дојде нивни колега, му објаснив што е работата ама џабе и тој упорно ми кажува дека смее само еднаш да дувам, ок викам дај да видиме другарката испи 1 пијачка жестоко нека дува она ме интересира што е работата со дрегерот. И на истиот дрегер и цуцла и кај неа 0.23% ок викам дајте сега пак јас да дувам али не ми дозволи.

На крај кога ја пиша казната инсистираше да ги потпишам не ми даваше да прочитам што напишал, ме убедуваше дека ми прави услуга, само со поени ќе сум поминел а доколку не потпишам нема да смеат да напишат казнени поени туку ќе мора да платам 375 евра и на суд. Не се согласив и ништо не потпишав. Ми ги даде казната, записникот и потврдата за одземена возачка и ми вика "Оди паркирај таму доле некаде" им реков дека ќе ја паркирам на паркингот кај нив (Јавен паркинг во дебар маало) и уште ми се заканија, сакаш ли и во станица сега 12 саати да те носиме ???. Не сакав да се карам и си тргнав.

Е сега кај записникот заокружил дека НЕ БАРАМ земање на крв и дека ОДБИВАМ да ми се земе крв  :o, притоа во забелешка уште пишал дека мирисам на алкохол а кај сведоци на лице место не е запишана другарката која што беше со мене.

Веднаш отидов до полициската станица пролет да ги прашам што е работата и зошто не сакаа да ме носат да земат крв, ми вика не можам да ти помогнам напишал казна колегата си одбил да се потпишеш и тоа е тоа, ќе си оди на суд. Отидов на токсикологија, инсистирав да ми извадат крв и да направат анализа затоа што сакам да ја користам како доказен материјал на суд против казната, меѓутоа и таму ништо, не можеле тоа навечер да го направат и ми кажа дека полицајците можеле да ме однесат да проверат доколку не се согласувам.

Класичен рекет прават, како сега јас кога ова ќе дојде до суд да докажам кога полицаецот си го пополнил записникот и не ме ни праша дали сакам да ми се земе крв за анализа. Ќе биде мојот збор против неговиот и на колегата, притоа и мојот единствен сведок не е заведен во записникот.

Се извинувам на долгиот пост, некој да каже искуство со слична ситуација?

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Па има и идиоти кои лечат комплекси со униформата што ја носат или функцијата што ја имат. Што те чуди?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Karajann,znam kako odi postapkata potocno kako treba da odi no dosega mene ne mi se slucilo.Bas kako so ima objasnato vo postot pogore ako pokazi ti mozis da se tegnis kolku sakas ama dzabe.Ednas dosega se imam izvadeno taka ama toa veke premina skoro do fakanje v gusa so dzandarite i ne stignavme da odime na analizq na krvta tuku me pustija.
E sea za teska soobrakajka se nadevqm deka napravile analizq na krvta ama dali napravile neznam.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17506
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Сообраќајна несреќа пред Гостивар, само што завршува спустот од Стража, на рамното. Неофицијално, автомобилот во кој биле погинатите претицувал на полна лента. Возачот на истиот автомобил преживеал.
Нека почиваат во мир...

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=5B29E582D07B5844AF6F529B52258FD1

Бидејќи израснав на тој патен правец, неизмерно сакам да порачам на било кој и да го патува во иднина да биде многу внимателен и да не навлегува во непотребни маневри. Правецот не е долг и секој може да се стрпи за престигнување или кога почнува проширувањето за Стража, или после патарина, зависи во кој правец се движите.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Ако бил крив тој со опелот немало да го приведат во станица тој со мерцедесот.