Во случајов со девојчево јас го есапам за виновен возачот што воопшто седнал на возачко седиште по дејство на алкохол, кое СИГУРНО било поголемо во моментот на ударот (нели си причекал да се отрезни пред да се пријави во полиција). Девојчето ќе трчало и вака и онака без да гледа, и доколку не бил пијаниов возач, ќе ја удрел следниот кој сигурно немало да вози 30 км/ч над дозволено и периферната визија ќе му била далеку поширока заради трезноста, веројатно со друг исход по здравјето на жртвата.
Едноставно пијан или потпивнат позади волан не се седнува. Вчера излегов со кола бидејќи врнеше, се запивме со друштвото, и сабајле како попче си станав во 7 часот и отидов пак до град да си ја земам колата пред да почнат шпартачите од зонско со патрола.