Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3083233 пати)

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Така испаѓа, нажалост. Седнал пијан зад волан. Дамла скоро.
Не испаѓа туку тоа стои во извештајот, сите се виновни но кај него е најголемата вина бидејќи возел под дејство на алкохол и над ограничувањата, но за жал не ја знаеме целата вистина.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Најголемата вина е кај загинатата. Таа е таа што претрчала на улица на нејзино црвено светло. Тој иако бил пијан не се качил на тротоар да ја гази, ниту поминал на црвено. Значи главната причина за несреќата е девојката. Алкохолот и поголемата брзина можеби влијаеле на задоцнетата реакција со која би ја спасил од нејзината лоша одлука, но не е главен причинител.

Немојте да мислите дека го оправдувам тоа што возел пијан. Баш спротивно, строго го осудувам и никогаш не го практикувам.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Mislam deka treba da vi/ni bidi jasno deka kaj nas ako razmisluvas racionalno i ako gi gledas rabotite od poveke agli kako so treba i ne si so "kojnsko" glediste na rabotite togas si nenormalen,taka i komentarite okolu slucajot so cupeto Frosina bea i porano a gledam deka i sega se odi vo toj pravec.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Најголемата вина е кај загинатата. Таа е таа што претрчала на улица на нејзино црвено светло. Тој иако бил пијан не се качил на тротоар да ја гази, ниту поминал на црвено. Значи главната причина за несреќата е девојката. Алкохолот и поголемата брзина можеби влијаеле на задоцнетата реакција со која би ја спасил од нејзината лоша одлука, но не е главен причинител.

Немојте да мислите дека го оправдувам тоа што возел пијан. Баш спротивно, строго го осудувам и никогаш не го практикувам.
Токму така. Ни случајно не го оправдувам возењето пијан, а камо ли дамла. И никогаш не го применувам. Ама можела да истрча и на најнормален возач кој не бил пијан, тоа е она кое највеќе вознемирува, дека ти можеш од нигде никаде ни крив ни должен да завршиш во затвор заради нечиво претрчување улица, за да заштеди 10-20 секунди при проаѓање на улица.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100

Отсутен martint95

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5

Премногу често има луѓе што претрчуваат(или одат полека?!) на црвено, посебно на булеварите каде што се вози побрзо. Јас секогаш кога ќе можам има да им свирам и викам (дали сум пешки или со кола) на сите што ќе ми поминат пред мене на црвено, па можеби ќе смени тоа нешто.

А скопје си плаче за пешачки семафори со копче, а не што вртат црвено зелено цело време иако нема никој или пак што чекаш како пешак како будала зелено да биде бидејќи си го промашил зеленото иако никој не поминувал.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Дени и Фиц дозволена брзина во град е 50км/х... со 50 км/х на час и да ти претрча некој пред кола т.е да го удриш 90% дека нема да го убиеш. Тешки глупости коментирате и двајцата, свестете се Шумахери.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
I so 20 da go udris moze da zagine... Ne drzi voda muabetot 50kmh.
Tuku mene me intereaira sto praime sea so laznite svedocenja od drugarkitw koi tvrdea deka i bilo zeleno? Neli e toa krivicno delo?
Sto praime so povicite za linc zatoa sto vozel 160kmh spored nasite "mediumi"?
I nemojte da se lazeme deka ne ste vozele niz grad so 80kmh

Sent from my COOLPAD 8297W using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
На рузвелтова умре човек кај Жапон од буткање со рака при расправија. Си ја удри главата од асфалтот и остана на место.

Смртта доаѓа од сплет на околности. Некој ете како погоре, друг пак од 7ми спрат ќе рипне и само нога ќе скрши.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7078
Дени и Фиц дозволена брзина во град е 50км/х... со 50 км/х на час и да ти претрча некој пред кола т.е да го удриш 90% дека нема да го убиеш. Тешки глупости коментирате и двајцата, свестете се Шумахери.
Рипни ти пред кола што вози 50, нека те мавне па пиши после на форум како си поминал. Само кажи им и пуњач да ти спакуваат за горе...

Краш тестови се прават на 60 km/h.

А дали од 50 или од 80 ќе застанеш пред да го удриш зависи од многу фактори.

За жал главниот винивник во случајот е девојчето ако поминало на црвено и да возел 50 можеби немаше да застане. Еден глуп и непромислен потег од нејзина страна зацрни 2 фамилии.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Сите можеме да се правиме часни сестри, но јасно е дека сите возиме околу 80 км/ч на булевари со три ленти. Тоа ограничување од 50 км/ч е ставено само поради неодговорните пешаци кои претрчуваат цело време и е тотално бесмислено доколку сите ги почитуваат светлата на семафорите.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Дали во другите земји, каде што е истото ограничување од 50, а на места и 30 км/ч е само поради неодговорните пешаци, или поради општа безбедност?

Какви све не работи ќе прочита човек, страшно нешто.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Која е тогаш логиката за 50км/ч на првомајска на пример? Или зошто сите возат 100+ на угорницата од пакас накај пластичара? Сообраќајките се најчесто предзвикани од луѓе што возат преспоро и некој помалку паметен ќе фати да ги претица на непрегледно место и ете беља. Да си возат сите со нормалната брзина ќе нема потреба од претицање и нема бељи. :)

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
So poslednite dve recenici opisa mnogu ubavo,ali ete poso vozam i kamioni pa koga sum tovaren i da sakam nemozam da se dvizam normalno gledam kako vleguvaat makazi i za vlakno se spasile da ne izginat i nemozam da gi razberam so mislat vo momentot.Znaci sekojdnevno ima po najmalku eden vakov pacient.
Inaku koga vozam sporo stalno im davam signali dali mozat da ke prestignat ili ne,ako e sirok patot vozam najdesno do rabot da ima prostor da se protne nekoj,ama slabo svakaat dekabse trudis da ne izginat.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
ха, баш за ова те прашав пред неколку месеци. Не само со камион, со кола да возиш 90-100кмх ќе ти се случува истото,  барем еднаш  на секое возење.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need