Какви таленти постојат на светов..
Се враќав прееска од Грција. Во колона возевме неколку неповрзани возила по солунска обиколница. Некаде во третата третина од обиколницата, се погодивме во левата лента да возиме 4-5 коли со пристојна раздалеченост. Пред мене возеше Голф 4 со грчки таблици, и држевме некое солидно темпо од околу 140-150.
Во еден момент, приметувам позади мене нешто огромно и црно. Како што се приближува, гледам дека е Mercedes GL AMG на бугарски таблици. Ми светнува да се тргнам. Нема проблем - во прв момент кога можев, се префрлив во средната лента и го пуштив да ме помине. Фраеров продолжува и му се лепи на Гркот со Голфот. Му светка да се тргне, арно ама човеков стварно немаше каде да се тргне. Свети ли свети тој во џипот.. И кога му се укажа прилика даде полн гас и го заобиколи од десна страна.
Сето тоа ќе беше (до некаде) во ред ако копитово не се вратеше во лева лента пред Гркот со Голфот и не закочеше - и тоа НАГЛО - да се искурчи. Целата колона НАГЛО закочивме од 140-150 на 90 километри на час. На среде автопат. Нозе ми се пресекоа - очекував и да го удрам тој пред мене, и тој позади мене да ми влезе на задно седиште. Среќа што успеавме да закочиме сите, иако тој позади мене почна да бега на десно.
Она што талентот во Мерцедесот не го примети е дека во колоната, 4-5 коли позади мене имаше грчки џандар во Шкода Октавија. Распали ротација, го застана на страна..
Се надевам дека ќе преспие барем неколку вечери во грчки затвор и дека ќе ги попие сите можни казни. Копито.