
Интересна ми е дискусијава околу стабилноста на SUV и не-SUV возилава.
Ај да го остаиме егото на страна и да ја повикаме физиката на помош. За целава оваа област на Машински Факултет на насока Моторни Возила има предмет кој се вика “Динамика на движење на моторни возила” од Драги Данев. Кој сака да се држи до факти нека ја прочита.
Да почнеме.
На сликата со црвена боја се означени следните параметри:
F1 - бочна сила која се јавува при движење на возилото во свиок (кривина)
F2 - Маса на возилото помножена со синус од аголот на наклон Фs сликата (G*sinФѕ)
R - Висина на центарот на ротација на кабината во однос на подлогата
H - Висина тежиштето на возилото во однос на подлогата
S - широчина на возилото мерено од пневматик до пневматик (на сликата има возило со два пневматика по осовина, но тоа не ја менува суштински пресметката)
Фѕ - агол на наклон на возилото во свиок
Главниот штос е во тоа силата F1 да е има што е можно помало влијание врз центарот на ротација. Колку што е поголемо растојанието од центарот на ротација на кабината во однос на тежиштето на возилото толку возилото е по ранливо во свиок и склоно на превртување.
Односно големината на параметарот Х е тој што пресудува дали возилото ќе се преврти или не.
ДВЕ ВОЗИЛА СО ИСТА ТЕЖИНА И РАЗЛИЧНА ВИСИНА СЕ РАЗЛИЧНО СТАБИЛНИ ВО СВИОК ЗАТОА ШТО ИМААТ РАЗЛИЧНА ВИСИНА НА ТЕЖИШТЕТО НА ВОЗИЛОТО ВО ОДНОС НА ПОДЛОГАТА, И СООДВЕТНО НА ТОА ИМААТ РАЗЛИЧЕН ЦЕНТАР НА РОТАЦИЈА НА КАБИНАТА ВО ОДНОС НА ПОДЛОГАТА. ШТОМ ВРЕДНОСТА НА СИЛАТА F1*X*SINФѕ Е ПОГОЛЕМА ОД СИЛАТА F2, ВОЗИЛОТО СЕ ПРЕВРТУВА, ОДНОСНО ГУБИ КОНТАКТ СО ПОДЛОГАТА НА ПНЕВМАТИКОТ ШТО СЕ НАОЃА СПРОТИВНО ОД НАСОКАТА НА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА СИЛАТА F2.
Математиката за пресметка е малку покомплексна од горе искажаното, ама суштината е тоа што го напишав. Во пресметката влегуваат и други параметри и коефициенти, но суштината на физиката е таа.
На графикот ви е даден убав приказ како зависи аголот на “тумбање” во зависност од бочната сила, и дополнително графикот е испеглан со влијанието на суспензијата врз стабилноста.
Кај возилото 1 (сина линија) аголот на “тумбање” е мал, односно има низок центар на ротација на масата, и соодветно бочната сила што ќе ја издржи во свиок е значително поголема.
Кај возилото 2 (црвена линија) аголот на “тумбање” е голем, односно има висок центар на ротација на масата, и соодветно бочната сила што ќе ја издржи во свиок е значително помала.
Заклучок: Возилата со поголема висина имаат повисок центар на ротација на масата и се повеќе нестабилни во свиок од возилата што имаат помала висина.
Имајте пријатен ден и уживајте во бочната сила F1 секојпат кога ќе влегувате во свиок. Таа ја прави магијата.
ЕДИТ: Еве и едно видео каде што дечкото ја објаснува истата постапка. Немора да разбирате малезиски ако гледате што изведува од формулата.