Фино ти беше линкнато од Википедија. Јас на тие бројки се осврнав. Еве, Симо дополнил со значително пострашни бројки.
Колачот на вистината се јаде цел, а не само оние делови кои ти се свиѓаат (=се совпаѓаат со твоите постоечки уверувања).
Имено, последната реченица на истата википедија статија вели:
"...SUV
rollover safety had improved to the extent that on average there were slightly
fewer driver fatalities per million vehicles, due to rollovers,
in SUVs as opposed to cars."
И сеа?
Симо дополнил со значително пострашни бројки.
Толкувањето на тие статистики не ви е добро. Процентот сам по себе не ни кажува ништо за апсолутните бројки. Може сувовите од направиле 100 сообраќајки од кои 40 биле превртување, па процентот е 40. Од друга страна, може колите направиле 500 сообраќајки од кои 50 биле превртување, па процентот е 10. И имаме хипотетска ситуација
повеќе на број превртувања да се
помал процент. Значи, процентот не ни кажува ама баш ништо за тоа колку се сувовите навистина повеќе се превртуваат. Како тоа? Па така, можеби - шознам - заради подобрата прегледност, фенси суспанзијата и типичната накитеност со милион електронски помагала сувовите прават вкупно сообраќајки помалку, па од оние вкупно помалку сообраќајки просто искача процентот на превртувања поголем.
tl;dr Статистиките кои ги презентираше Симо, и покрај тоа што се феноменални, просто ниту го потврдуваат ниту го негираат твоето од ракав истресено тврдење дека сувовите „два и повеќе пати“ се превртувале од обични коли. Incoclusive. Не ми се верува дека треба вакви основни работи да објаснуваме.
И - да - уште еднаш залудно ќе потенцирам дека "criticism of sport utility vehicles" волгавно се однесува на чудовишта од 3 тона. Како знам? Па сигурно за кросоверчињата кои трошат 6 низ град нема да биде criticism дека биле инвајронментали демиџинг гес газлерс дрн дрн...
ај што се SUV возилата повисоки, имаат и помека суспензија,
?! Не е точно дека имаат помека суспензија. Од кај ова? Пак истресено? Напротив, модерните кросовери како по правило имаат прилично тврда суспензија (точно за да се компензира заради благо повишената тежишна точка).
На крајот на краиштата, можам и на сопственото искуство да се повикам - од моето скромно искуство со 177 различни возени автомобили можам без сомневање да кажам дека повисоките, „теренски“ возила се понестабилни.
Абе и на Крел искуството му кажуваше дека USB кабелот му го прави басот по стегнат... До кога ќе се учиме дека личното искуство, колку и да е раскошно, не е критериум за вистинитоста за некој став?
Пошто „сувови се превртуваат два и повеќе пати од обични коли“ е мислење. Не е факт. Факт се поткрепува со релевантна статистика (каква што НЕ видовме), а не со лично искуство.