И јас сум скоро убеден (иако никој не може да биде 100% сигурен) дека не е до Lane Assist или било кој систем за асистенција. А секако, десно-настроен кликбејтерски профил како LordBebo секако дека ќе твитне дека е такво нешто, знаејќи дека ќе добие многу engagement (и многу пари, секако) од „скептици“ и свезналици.
Што има врска лева/десна политичка настроеност со муабетот за настанот?
И што е со бебо хејтот? Бебо/мебо е медиумот, муабетов како хартијата да ја коментираш а не книгата.
Контроверзното не е заработувањето од објавување разни интересни моменти (крајно затоа се следи каналот), туку моментот кога технологиите од забегување за „водење за раце“ на шоферите - прво продуцираат автомобилски несреќи, второ и поважно - продуцираат цели генерации нови возачи неспособни за нормално возење ако не се „асистирани“ од ВИ. Следно и аутоматско возење ќе стане меинстрим кога таквите генерации ќе станат мнозинство.
Тоа би требало да биде интересна тема за муабет - и посебно како на ваков тип на форум.
Зошто не промовираш малку повеќе вакви интересни муабети. Наместо со хејт кон Х канали на нет.
кога го возам Голфот а претходно подолго сум бил со моката очекувам воланот сам да ми помогне некогаш да ме врати во центар на линија и во тој момент сфаќам...
Ова!
И ова е од нормално едуциран возач потоа разгален со ВИ елементи во возење но сеуште со сите знаења и инстикти на возач. Што со новиве генерации возачи кои никогаш не возеле нормално ауто? Како леминзи ќе бидат, ќе гледаат како аутото ги убива и ќе чекаат аутото (ВИ) да им помогне.
Кај мене има 3 опции, Low, Normal и Aggresive.
Low има мал отпор на воланот, али колата брзо се откажува од само управување и излегува од линија на мали кривини.
Normal има појак отпор на воланот, и колата сама држи правец на релативно прав пат.
Aggresive треба да се тепаш со воланот, а колата може за излезе од лента само при кривина од 90 степени и брзо возење. Ако возиш бавно, нема излегување од лента. Ке оди лево десно, и тешко се стабилизира на средина на пат, али да излезе од лента скоро никогаш. Затоа пишав, во комбинација со адаптивен темпомат и автоматски менувач, можеш слободно пауза да направиш од возење.
Ама па за тоа го има тоа досатното што не можеш да го исклучиш што ти вика да ставиш рака на волан, ако не ке те исклучи од сообракај.
Не е Тесла, јбг
Не е Тесла ама на пола пат е... Замисли колкумина со ваква прва кола ќе станат неспосбни за возење, и што ќе се деси во вожња ако им се поебе нешто банално, како фотосензор/камера во незгодна ситуација?
Она со комбето не е далеку од реална можност да се случи на таков некој.
Пријателка ќе загинеше со нов тусон, Катланово - Велес од нигде никаде системот “и ја зел колата од раце” кога сакала да заобиколи дупка и среќа удрила во камен столб затоа што на тоа место нема браник па не заврши во Вардар. Некаде пред црквичките. Од модерни системи само кочењето го признавам, се друго е глупост.
Класична ситуација, ВИ од аутото не дозволило да се пресече линијата меѓу лентите. Само што не е вистинска Вештачка Интелегенција туку своевидна ретардирана неинтелегенција/алгоритам кој во обзир зема само еден елемент од безброј: дали е пуштен жмигавец кога возачот сака да пресече лента.
Кој ретард сметал дека ова е безбедно (не па корисно), и кои ретарди ги спровеле ваквите ретардации во јебен стандард... Тоа е таа реалност на ова ретардирано време во кое живееме.
Инаку, дај да угаснеме се, и серво волан и абс, и тракшн контрол и аутоматски мењачи и да се вратиме во `63 во времето на милетреченто.
Скроз несоодветна споредба, посебно за сервото - пошто ништо автоматски не прави и не се прави попаметен од тебе.
Старт стоп систем е најголемата глупост.
Тоа со воланот како се викаше да те држи во средина на коловоз истотака, ако не го држиш алармира да го фатиш, ако го држиш па постојано ти "пулсира" под рака.
За лентите да не ги газиш исто кретенска работа, демек јас не знам да возам па асистентот ќе ја оправал, 2 пати досега ќе ме оправеше.
Фактички треба со две раце да го држиш воланот како некое папанче во автошкола за во даден момент да не те изненади доколку ете не си дал жмигавец за банално прегазување лента.
Значи, со еден збор, тоа ЕУ режимот наметнува улави работи...
Точно. И иако си краток (концизен) даваш 100 пати повеќе аргументи против, отколку што поддржувачиве даваат аргументи ЗА.
Истото ми се има случено на Фиат Дукато 2025та, ММЕ. А Форд Транзит 2024та ми остави лузна при нагло кочење со 30 км/ч (немав појас правилно врзан), ми го сврти воланот накај една кола (имаше паркирано коли во двете ленти на улица и јас поминав измеѓу нив) и закочи нагло, при што немав време да реагирам.
Уште еден пример, само на темава ве има доста што значи којзнае колку често се дешава... Значи не ќе да е само до филмањето на Бебо, нели
@zeroSignal ?
Според мене сите овие нови системи и асистенции создаваат се поглупи и поглупи генерации на шофери. На крај ќе дојдеме до ситуација каде луѓето нема да знаат да возат рикверц или да паркираат паралелно ако немаат помош од самата кола. Не велам дека не треба да се користи технологијата за да се подобри и олесни секојдневието, ама се тоа треба да биде со мерка, а не скроз да се потпреш на неа и да не користиш мозок воопшто.
За жал буквално натаму идат работите.
на искачање од паркинг у рикверц удира и паркирана кола. Го прашувам нели ја виде на ретровизори, ми вика ја видов ама чекав сензорите да се вклучат, а сензорите сјебани од претходниот удар. Значи он пошто секојдневно ги користи тие сензори веќе е од зависен од нив и повеќе им верува нив отколку на она што го гледа со свои очи.
Еве добар пример, веќе сега многумина се неспособни за возење без сите тие „асистенции“.
Ако ова не е контроверзна тема за муабет, тогаш навистина не знам што е.