Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3828532 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34459
  • Таков е животот... јебига
Секако глуп е муабетот дека асистенциите продуцирале глупи шофери.

Ти ако си глуп, ќе бидеш глуп и во Пунто и во Мерцедес.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6286
Продуцираат, ако си здоен со нив од старт и не си фатил друго возило без дур не притребало некаде.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
Секако глуп е муабетот дека асистенциите продуцирале глупи шофери.

Ти ако си глуп, ќе бидеш глуп и во Пунто и во Мерцедес.
Кои способности се влошуваат?

Истражувањата и искуството од инструктори покажуваат пад во:

1. Просторна перцепција

Многу млади возачи:

не знаат да паркираат без камера
не чувствуваат ширина/должина на возилото
немаат „осет“ за растојание

2. Контрола на возило во гранични ситуации

Поради ESP, traction control, ABS:

немаат искуство со пролизгување
не знаат како се чувствува губење на контрола
немаат рефлекс за корекција

3. Читање на пат и сообраќај

Lane assist и адаптивни системи ја намалуваат потребата да:

читаат знаци
предвидуваат однесување на други возачи
носат рани одлуки

4. Реакција кога системот ќе откаже

Ова е најкритично.

Кога:

камерата е валкана
сензорот не чита
системот се исклучи
возат старо возило без асистенции

Возачот одеднаш мора да ја прави целата работа — и често не знае како.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34459
  • Таков е животот... јебига
А замисли имаш глуп возач во старо ауто и глуп возач во ново ауто. Од кого повеќе ќе се плашиш?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
А замисли имаш глуп возач во старо ауто и глуп возач во ново ауто. Од кого повеќе ќе се плашиш?
Ни едно, ни друго.
Од Tischläufer во било какво ауто.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2515
А замисли имаш глуп возач во старо ауто и глуп возач во ново ауто. Од кого повеќе ќе се плашиш?
Ни едно, ни друго.
Од Tischläufer во било какво ауто.

Дај претстави ја Тојотасита да ја видиме. Хибрид ли е?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
А замисли имаш глуп возач во старо ауто и глуп возач во ново ауто. Од кого повеќе ќе се плашиш?
Ни едно, ни друго.
Од Tischläufer во било какво ауто.

Дај претстави ја Тојотасита да ја видиме. Хибрид ли е?
Ифф, денес, утре, не стигнува време.
Не е хибрид, не успеав економска логика да најдам бидејки сепак сум 50/50 дури и 40/60 градска/отворено

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6692
А спокој и мир кога возиш хибрид? Тоа е безпроценливо според мене.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4124
Секако глуп е муабетот дека асистенциите продуцирале глупи шофери.

Ти ако си глуп, ќе бидеш глуп и во Пунто и во Мерцедес.
Кои способности се влошуваат?

Истражувањата и искуството од инструктори покажуваат пад во:

1. Просторна перцепција

Многу млади возачи:

не знаат да паркираат без камера
не чувствуваат ширина/должина на возилото
немаат „осет“ за растојание

2. Контрола на возило во гранични ситуации

Поради ESP, traction control, ABS:

немаат искуство со пролизгување
не знаат како се чувствува губење на контрола
немаат рефлекс за корекција

3. Читање на пат и сообраќај

Lane assist и адаптивни системи ја намалуваат потребата да:

читаат знаци
предвидуваат однесување на други возачи
носат рани одлуки

4. Реакција кога системот ќе откаже

Ова е најкритично.

Кога:

камерата е валкана
сензорот не чита
системот се исклучи
возат старо возило без асистенции

Возачот одеднаш мора да ја прави целата работа — и често не знае како.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk

Кога почнале да се користат пушките, вака викале тие со лакот и стрелата. Какви воини ќе бидат тие што незнаат да користат лак и стрела туку се потпираат на метална убиствена машина... се менува времето, за 20-30 год ќе дојде нешто ново па тие што се научиле да возат со АИ ќе викаат вака за новите.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
А спокој и мир кога возиш хибрид? Тоа е безпроценливо според мене.
Си измешал хибрид со електрик.

Едвај 10.000 км годишно, плус други работи на кантар.
Единствено сериозно ме ставаше во мисла да го купам хибридот беше е-цвт, прекрасна работа.

ПС е-цвт не е за сивоњи во паметот!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
А замисли имаш глуп возач во старо ауто и глуп возач во ново ауто. Од кого повеќе ќе се плашиш?

На озбилен муабет ти со „дали дома те знаат дека си педер и зошто не?“ муабет му враќаш.  :D

Онтопик: Неспособни возачи не треба да возат. Точка. Не да им се овозможува да возат со помагала кои функционираат во поголем дел од можните ситуации.

камерата е валкана
сензорот не чита
системот се исклучи
возат старо возило без асистенции

Возачот одеднаш мора да ја прави целата работа — и често не знае како.

Не мора да објаснуваш очигледни работи, повеќето се возрасни овде. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Кога почнале да се користат пушките, вака викале тие со лакот и стрелата. Какви воини ќе бидат тие што незнаат да користат лак и стрела туку се потпираат на метална убиствена машина... се менува времето, за 20-30 год ќе дојде нешто ново па тие што се научиле да возат со АИ ќе викаат вака за новите.

Многу лоша паралела. Тие со пушките биле многу поуспешни (од тие со лак и стрела), овие зависните од ВИ се само поуспешни возачи само во заглупување на сам себе. Пошто да разграничиме ВИ дури и во оваа фаза на разворј е многу корисна работа, ама само кога се употребува правилно. Јас користам ВИ секојдневно, ама не за возење ауто. Во аутата дури и во Теслите тоа е на ретард ниво развиено, и во многу ситуации закажува.

Еве ти добар опис (што се вели како за 12 годишен да разбере): На едната страна имаш совршено развиена Вештачка Интелегенција, во автомобил кој има совршен систем за припрема/проверка на сензори и камери пред возење, и безбедни failsafe ако нешто закаже. На другата страна имаш некои не-се-ни-почетоци од ВИ туку многу ограничени да/не алгоритми кои не опфаќаат ни 2/3 од можните сценарија, и полошо сето тоа во ауто без failsafe ако било што закаже.

Првата е опција е добра опција, би се согласил со тоа. Втората опција е правење морони од здрави прави луѓе, ете едно рикверц возење не можат да го извозат без сензори камери и аларми/автоматски кочења - замисли утре позади таков морон да биде нечие дете. А ќе се деси некогаш, статистички гледано (скраја да е).

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Не знам што очекуваат инструкторите да видат на 30 часа возење. 2 часа се вози полигон од тие дали 30 минути одат на паркирање. 28 низ град со просек на брзина 5кмч.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
И јас сум скоро убеден (иако никој не може да биде 100% сигурен) дека не е до Lane Assist или било кој систем за асистенција. А секако, десно-настроен кликбејтерски профил како LordBebo секако дека ќе твитне дека е такво нешто, знаејќи дека ќе добие многу engagement (и многу пари, секако) од „скептици“ и свезналици.

Што има врска лева/десна политичка настроеност со муабетот за настанот?
И што е со бебо хејтот? Бебо/мебо е медиумот, муабетов како хартијата да ја коментираш а не книгата.

Контроверзното не е заработувањето од објавување разни интересни моменти (крајно затоа се следи каналот), туку моментот кога технологиите од забегување за „водење за раце“ на шоферите - прво продуцираат автомобилски несреќи, второ и поважно - продуцираат цели генерации нови возачи неспособни за нормално возење ако не се „асистирани“ од ВИ. Следно и аутоматско возење ќе стане меинстрим кога таквите генерации ќе станат мнозинство.

Тоа би требало да биде интересна тема за муабет - и посебно како на ваков тип на форум.
Зошто не промовираш малку повеќе вакви интересни муабети. Наместо со хејт кон Х канали на нет.

Твитер е медиумот. Бебо/мебо е профилот, со човек кој стои позади него и тера многу очигледна агенда.

A зошто хејтот? Затоа што ќе твитне нешто сензационалистчко, конкретно со првите два збора да се TECHNOLOGY KILLS. Ќе привлече внимание (915к прегледи во моментов), ќе наметне став и мислење, ќе рашири многу FUD. И ќе заработи на тоа on top of that. И кога ќе искочи вистината (како што искочи, дека биле дрогрирани и дека комбето не ни имало Lane Keep Assist), мислиш дека Лорд Бебо/Мебо или било кој сличен на него ќе објави повлекување или корекција? Хах.

Во време на AI slop, дезинформации и мисинформации на сите страни и што уште не - таквите профили со милиони следачи кои очигледно пласираат глупости се супер-опасни.

Али океј, он ти е тебе извор на информации. Супер, продолжи да го следиш.

Ме gaslight-aш до максимум. Муабетот е не го пукај гласникот. Скроз небитен е бебо. Тоа со твитот е само повод за нешто што е добра тема за муабет, не е дисертација научен труд/теза.

Тебе не ти е контроверзно ова што се прави со форсирањето на присуство на лејн асист и сличните направи-морони-од-копиљаците, преку факинг законски регулативи за сите нови аута во ЕУ? Не следиш колку негативни искуства се изнапишаа и овде на мал форум? Сите тие се глупи а поддржувачите на направи-глупи-луѓе со ВИ „асистенции“, они се паметните?

Тоа е муабетот. Ако не ти е по мерак, у реду е. Не мора да се напнуваш со морални анализи на твитер акаунти.